СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Sunday, March 26, 2023

Успех на учениците по Географија

Успех на општинскиот натпревар по Географија кој се одржа на 04.03.2023 година организиран од страна на универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје .

Учениците Филип Матески и Андреј Грујоски од основното училиште Единство се стекнаа со две дипломи за освоено второ и трето место под менторство на Проф Дарко Оносимоски 


Честитики и успех на учениците на претстојниот регионалениот натпревар

Sunday, February 26, 2023

Патеки

Никифорово-Сандакташ

Известување за општинскиот натпревар по Географија


Почитувани ученици ве известуваме дека општинскиот натпpевар по Географија ќе се одржи на 04.03.2023 во 13:00 h . Оваа година реализацијата на општинскиот натпревар ќе се одвива онлине сите потребни информации, ученици кои се пријавија за учество на натпреварот ќе ги добијат на својот мејл


Thursday, February 23, 2023

Село Гари иСтогово идилична убавана на Македонија

Колку повеќе се движите низ територијата на Македонија толку повеќе се вљубувате во нејзината раскошна убавина. Потребата за посета непознати места може да биде добар мотив да се запознаете со многу делови на Р. Македонија.

Во нашата земја постојат многу убави места, но има места, каде постојано сакаме да се навраќам секогаш кога имаме време, едно од тие места е селото Гари и планината Стогово.

Македонија е надарена со многу убавина, но малореканскиот крај навистина е уникатен предел во нашата земја. Во подножјето на планината Стогово на надморска височина од 1.100 метри  под шумата Канеш е распослано планинското село Гари. До него се стигнува возејќи по патот од Маврово за Дебар, каде кај месноста Бошков мост се  скршнува и се вози само право. На влезот селото ќе ви ја покаже целата идилична убавата и старите куќите кои се симетрично амфитеатрално распоредени. Низ селото жубори планинската дива Гараска река, чија вода е лек за душата во летниот период. Гарска река тече низ Стогово и со себе ги собира планинските реки Валовница, Лазарополска, Sвончица и Белешница. Заедно со Тресочанка ја сочинуваат Мала река која е најголемата притока на реката Радика.


Селото Гари е честа дестинција за многу туристи кој сакаат да ги откриваат недопрени убавини, каде природата не била скржава, каде архитектурата го задоволува апетитот и на најприбрливите љубопитни посетители,  планинската клима со шумските подови се мелем за душата. Гари е особено прочуено по иконостасите и резбата во црквата успение на пресвета Богородица која била изработена од далеку познатиот мајстор Петре Гарката. Селото Гати има своја селска слава таа е посветена на Голема Богородица, за време на славата се практикуваат многу архаични и уникатни обичаи специфични за овој крај од Македонија. Доколку сакате да ја истражувате архитектиурата, фолклорот, обичаите и историјата селото навистина има што да понуди во поглед на верски и многу архаични обичаи од минатото. Доколку сте љубител на природните убавини тука неизбежна планианската убавица е Стогово, која е една од најубавите во овој дел од Македонија Стогово преставува млада верижна планина која настанала за време на алпската орогенеза. За време на плеистоценот планината Стогово била зафатена со  глацијација и денес на неа се јавуваат леднички релјефни форми како што се валовите цирковите и морените. Во цирковите се јавуваат три леднички езера  Горно и Долни езеро и езерото Маруша. Освен планинските езера на оваа планина се забележуваи присуство на голем број вртачи што се јасно се лгледа дека има присуство на различни генетски типови релјефни формации. Планината е честа викенд дестинација за голем број планинари, моторџии и собирачи на шумски плодови. Стогово има должина околу 22 км, а ширина околу 16 км

Од селото Гари има повеќе патеки кои се атрактивни и привлечни за искачување на неколку импозантни врвови, кои мамат и привлекуваат со својата  височина.

По долината на Гарска река се стигнува на платото на Стогово од каде се пружа прекрасен поглед кон повеќе врвови. Иако постојат повеќе рути до највисокиот врв на планината Стогово сепак често се стартува од селото Гари да да се освои врвот Голем Рид  (или Бик Дорук) за кондиционо по спремните не е далеку и врвот Канеш или врвот Стогово во зависност од желбите и можностите. Исто така од селото Гари има обележана патека до врвот Бабин Срт. Која патека да биде избрана, нема да згрешите, затоа што пејзажите кои ги нуди планината Стогово се уникатни и незаманливи. Попатно ќе видите голем број на бачила каде се напасуваат голем број висококвалитени овци. После долгите пешачења околу селото Гари и планината Стогово неизбежно е да вкусите некој локален еколошки специјалитет, тоа задоволство може да го задоволите во етно ресторанот Топила, Покрај  вкусната храна и одличниот етно амбиент од ресторанот нудат услога прошетка со коњи. Несомнено дека Гари,  Стогово и целиот малорекански крај е уште еден бисер под нашето поднебје кои вреди да се посети.

Препораката на авторот на овој текст професор Дарко Оносимоски е што повеќе да го потикнувате љубопитниот дух во себе и да ги истражувате природните уникатни убавини на Македонија, зошто нашата земја е уникатна држава на европскиот континент.