Насловната
Посети
Showing posts with label Знамиња. Show all posts
Showing posts with label Знамиња. Show all posts
Sunday, March 22, 2020
Monday, August 26, 2019
Канада
Kанадските лидери воделе жестока дебата во 1965 година, пред да го усвојат црвено-белото знаме со црвен јаворов лист како симбол на државата. Црвената боја е преземена од крстот на сети Ѓорѓи, кој се смета за заштитник на државата, а белата боја е преземена од францускиот кралски грб. Јаворовиот лист ја симболизира убавата канадска природа. Барем во лето. Tuesday, July 31, 2018
Ватикан
Знамето на Ватикан заедно со знамето на Швајцарија се единствените знамиња кои имаат форма на квадрат. Знамето се состои од две еднакви полиња: жолта и бела. Во средината на белото поле има два клуча едниот жолт другиот бел поврзани со црвена врвца. Над клучевите се наоѓа папска Тиара. Клучевите и тиарата го сочинуваат грбот на Ватикан. Знамето било прифатено на 7 јуни 1929 година. Истата година папата Пиј XI го потпишал и договорот со Италија за конечно решавање на прашањето за папска држава.Friday, June 15, 2018
Знамето на Малезија

Секоја држава е горда на својот симбол. Малезија има свое знаме симбол составено од 14 ленти, од кои седум се во бела боја и седум се во црвена боја. Во горниот лев агол има син квадрат на кои има приказ на златна полумесечина и златна sвезда со 14 краци позната како "федерална sвезда". 14 ленти ги означуваат 13 федаерални држави на Малезија и федералната влада, додека 14 краци ја преставуваат обединетоста на федералните единици. Полумесечината го претставува исламот додека сината боја ја пресатвува обединетоста на Малајците
Sunday, May 13, 2018
Непал
Непал е единствената земја во светот која нема стандардно правоаголно знаме, а тоа е, исто така, најстарото офизцијално знаме во светот. Сината рамка на знамето преставува мир и хармонија и потсетува на буда-кој е роден таму.
Гримизната (јако црвена) е национална боја. Иако некои веруваат дека триаголниците ги преставуваат високите планински врвови на Химелаите тоа не е точно. Тие се хиндуистички симбол. Месечината и сонцето се наоѓаат на знамето како надеж дека Непал ќе постои колку и месечината и сонцето.
Босна и Херцеговина
Дали знаето како Босна и Херцеговина го доби своето национално знаме ?
После завршувањето на војната во Босна и Херцеговина со потпишувањето на Дејтонскиот договор не било прецизирао како да изгледа знамето на Босна и Херцеговина, почнала агонијата на неуспешни преговори за ново знаме. Секоја од трите страни Срби Хрвати и Бошњаци имале свој предлог кои не одговарал на останатите. После три години неуспешни преговори предлогот го наметнал преставник за Бих Карлос Вестерндорп. Тој предложил нова неутрално знаме. Босанското знаме се состои од сина боја и sвизди тие ја преставуваат Европа, триаголникот ја преставува Босна и Херцеговина, а нејините три агли ги преставува трите народи Срби Бошњаци и Хрвати
Friday, May 4, 2018
Subscribe to:
Posts (Atom)

