СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Monday, August 31, 2015

Најголемата пустина во Азија

Гоби е најголемата пустина во Азија, а името го добила од монголскиот збор за пустина. Пустина зафаќа делови од северна Кина и јужна Монголија. Вкупна површина на пустината изнесува 1.295.000км/2  Од северната страна преминува во степа западно се шири до Алтај, а на југ се граничи со планините Килијан-Шан, кој го образуваат северниот раб на Тибетската висорамнина. Релјефот е разновиден од карпести масиви до широки долини и рамнини, мал дел од Гоби е покриен со песок за разлика од Такла Макан со која се спојува на запад. 

Најдолгата река во Франција

Лоара е најдолгата река во Франција,со вкупна должина од 1.020 км извира помеѓу вулканските врвови на планината Севен, југоисточен раб на Централниот масив. Нејзиниот извор е само 160 км оддалечен од средоземното море и утоката на Рона. Под градот Нант Лоара се проширува во естуар и кај Сен Назар се влева во Бискајскиот залив. Текот на оваа река е многу неправилен. Вкупната површина на басенот изнесува 117.000 км/2. Најголеми притоки на реката Лоара се Алије,Мајен и Вијена.

Saturday, August 29, 2015

Кралица на сите реки

Амазон преставува најголемата река во светот,  според големината на нејзиниот басен и според количината на водата што протекува низ неа. Амазон излева во море 20% од вкупната вода на сите реки во светот. Реката Амазон е долга 5.500 км. Во Амазон живее најкрволочната риба пирања и најдолгата река змија анаконда.Поради количеството на вода Амазон е наречена "Кралица на сите реки".
Нејзини најголеми сопернички се Конго и Жолтата река, кои одделно излеваат околу 4 % од вкупното количество на вода. Оддалечен 1600 км од својата утока, Амазон кај Манаус е широк околу 16 км, што веќе му дава особености на река со џиновски размери.Амазон тече од перуанските Анди, низ територијата на Бразил до Атланскиот океан.

Откриени нови пештери на Галичица

На Галичица се откриени новите пешетри едната се наоѓа во близина на с. Елшани а другата во близина на с. Трпејца, истражувањата покажале дека има уште многу непознати и интересни пештерски шуплини на планината.  Галичица со својата раскошна убавина претсавува магнет за љубителите на природата а големиот број пештери   ќе ја зголемат туристичката понуда на Галичица и целиот регион.

Куќата на мртвите

Во Мири древниот град во Турција над рушевините на театарот и црквата Свети Никола, се наоѓа античка некропола која ги фасцинира археолозите. Гробницата датира од 4 век пред нашата ера "куќата на мртвите" како честопати ја нарекуваат оваа гробница, претставува единстевното чудо на архитектурата и парче историја со кој градот Мири се гордее. 

Thursday, August 27, 2015

Одржана70-тата најголемата битка со храна во светот - Ла Томатина

Само неколку километри од Валенсија се одржува фестивал со меѓународно значење. На крајот на летото во малото шпанско градче Буњол се собираат илјадници туристи кои учествуваат во борбата со домати. Оваа традиција започнала од една обична кавга на продавачи во Бунола.  Оваа традиција започнува од 1945 година на 26 август последнов фестивал го одбележа 70 годишното успешно постоење на фестивалот.



На деншен ден 27 Август

На денешен ден 27 Август во 1991 година  Молдавија прогласув невисност

Wednesday, August 26, 2015

Сокотра

Сокотра е мал архипелаг составен од 4 острови во Индискиот океан. Се наоѓа на 240 км источно од рогот на Африка и 380 км од Арапскиот полуостров. Сокотра  е многу изолиран една третина од животинскиот ирастителниот свет кој ги има тука се ендемични. Многупати е опишан како највонземјанското место на земјата.Сократ припаѓа на Република Јемен.Климата е тропска пустинска и полупустинска. Просечна годишна температура е над 18 степени. Островот се одликува со најбогат биодиверзитет на арапското море.Долгата геолошка изолација и неподносливата жештина и суша се усогласиле создавајќи единствена спектакуларна ендемска форма. Една од највпечатливите растенија на Сокотра е змејското крваво дрво Dracaena Cinnabri има чудесен облик и изглед како отворен чадор. Лачи темно црвена боја што потсетува на крвта на змејовите од приказните.Други ендемични видови се гиганското дрво Dorstenia Gigas и ретката калина punika protopunika. Островот е признат како светко природно наследство од УНЕСКО во
2008 година

Повеќе

Дали сте знаеле



Дали сте знаеле како често ја именуваат  Финска? 
Оваа Нордиска земја не ретко е именувана  со името 
 Земја на илјада езера 

Најпосетуваната туристичка дестинација во Сирија

Палмира е антички град во централниот дел на денешна Сирија. Неговото оргинално име потекнува од ерменскиот јазик и гласи Тадмор што значи Палма. Локалното население го користи името Тадмор. Палмир се наоѓа во Сириската пустина околу 200 км североисточно од Дамск. Овој град некогаш бил најважен центар во регионот и важна раскрсаница на трговските патишта.Оазата во кој Палмир е лоциран со изворите топлите води допринесло овој град да биде еден од најзначајните на Патот на свилата од Кина до Медитеранот.Познат е како град со богата историја и многу сочувани антички градби од различни историски епохи.Поради тоа е една од најважните туристички дестинации во Сирија и регионот


Tuesday, August 25, 2015

Дали сте знаеле

Дали сте го знеле ова  Шпанија Spain  во буквале превод значи земјата на зајаците.



Памуккале Труција

Памуккале "Памучно кале" e комплекс на единствени минерални извори во југозападна Турција, во близина на градот Денизја. Локалитетот има топли извори и тревертини-тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода. Памуккале се наоѓа во внатрепниот дел на Турција на Егејското море, покрај долината на реката Мендрес, која има умерена клима во поголемиот дел од годината . Памуккале има 17 извори во кој водата има температура од 35 степени Ц до 100 степени Ц.  Туризмот бил и сеуште е главна индустрија. Луѓето тука се капеле во овие терасести базени илјадници години. Ова подрачје е под заштита на Унеско

Полошка котлина

Горен Полог 
Полошка котлина е лоцирана во севрозападниот дел на Р Македонија, со површина од 400 км/2. Полог е поделен на два дела и тоа Горен Полог - Гостиварски крај и Долен полог- Тетовски крај и се протега во меридијански правец  север-југ. Во полог живеат околу 304.125 жители - 2002 год. Гостивар и Тетово се најголемите места во Полог. Од западна страна и делумно од северна страна Полог е ограден со Шар Планина, од источна страна е ограден со планините Сува Гора и Жеден, а на југ е ограден со падините на Бистра- Влаиница и Челоица.Во полог извира најголемата наша река Вардар, која протекува вдолж целата котлина со должина од 68 км. Просечната надморска височина се движи од 360 до 430 м во Долен Полог -Тетовски дел и од 430-580 м во Горен Полог - Гостиварски дел




Monday, August 24, 2015

Манастирот "Гнездо на тигарот"

Некаде на Химелајските карпи на Бутан се наоѓа овој преубав манастир што го одзема здивот. Овој манстир е изграден на работа на една висока карпа со преубав поглед на зеленилото во долината Паро. Целиот комплекс е подигнат во 1962, карпата била гнездо на демонски тигар , па на тоа место е изграден манастри за да го скроти демонот.

Демиркаписка клисура

Демиркаписка клисура- една од најубавите клисури во Република Македонија. Демиркаписката клисура се наоѓа на Р Вардар, таа е именувана според градот Демнир Капија. Должината на клисурата изнесува 31,5 км сместена од утоката на Бошава до селото Удово. Со оваа должината таа е најмала во споредба со другите клисури на Вардар. Оваа клисура е планинска, од источната страна е заградена со Серта и Градишка планина,  а од запад со Краставец и Кожуф. Во ова клисура се чуствува влијанието на средоземноморска клима. Како резултат на влијанието на климата, клисурата е всушност еден од орнитолошки резервати во Европа според бројот на ретките птици грабливки- белоглавиот мршојадец, египетскиот мршојадец, златниот орел, орелот змијар, лисестиот глувчар, како и разни  видови на соколи, ретки видови на лилјаци и уште 148 други видови на птици. Тука се среќаваат и многу видови на диви животни како што се лисица, волк, круна, зајак и јазовец а, во Вардар живее најголемата риба сом. Во оваа клисури има 13 пештери од кој најпознати се Бела Вода и Змејовец

Кањонот Антилопа -Аризона

Кањонот Антилопа несомнено е еден од најатрактивните, најпосетуваните и најфотографираните кањони во светот.
Овој  кањон се наоѓа во близина на градот Пејџ во Аризона-САД. Сместен е на територијата на населението Навахи-Староседелско индијанско население.
Овој кањон е формиран како последица од ерозијата на меките камени карпи, поројните дождови и поплави и секундарно како резултат на некој воздушни промени.

Биг Бен

Биг Бен е најголема саат кула во светот со sвоно. Се наоѓа во Лондон. Сместен е во севроисточниот крај Вестминистерската палата. Името Биг Бен е називот на sвоното кое се наѓа внатре во оваа кула. Оваа саат кула е подигната како дел од новата вестминистерската палата, поради тоа што старата изгорела во пожар во ноќта на 22 октомви 1834 година. Градбата ја дизајнирал Аугустус Пугин. Биг Бен е изграден во неготски стил, неговата височина изнесува 96,3 метри



Дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека границата помеѓу Канада и САД е долга 6.416 км и дека е најдолгата граница помеѓу две држави во светот.

Sunday, August 23, 2015

Дали сте знаеле

Колку држави во Европа се граничат со една држава ? ? ?

 Одговорот е 6 држави во Европа се граничат со една дсржава а тоа се Португалија, Ирска, Сан Марино, Ватикан, Монако и Данска


Скандинавски планини Галдхепинген

Скандинавските планини претставувват планински венец што се протегаат вдолж скандинавскиот полусотров. Западните планини нагло се спуштаат кон севрното  и норвешкото море, образувајќи ги познатите норвешки фјордови додека во североисточниот дел благо се спуштаат кон Финска. Планините не се многу високи, но на места се многу стрмни. Највисока е Галдхепинген 2469 м во јужна Норвешка.На Шведска страна највисок врв е Кебнекајсе со  2104  а во Финска највисока е Халти 1238 м. Во подрачјето има многу ледени полиња и глечери благодарение на северната географска положба и влагата од  а океанот. Скандинавските планини го сочинува геолошка целина со планини од Шкотска, Ирска и преку атлантикот со Апалачките планини  со Северна Америка. Стручните лице сметаат дека тие образувале еден венец пред разделувањето на суперконтинентот Пангеја. Сегашните планини се остаток од т.н Каледонски планини, тие се еден од најстарите планински веннци во светот