СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, December 13, 2011

Светот ги награди бабините игри

Откако проектот “Бабини игри” во април годинава го освои првото место на Европскиот форум на програмата “Партнери во учењето”, сега ја освои втората награда на “Светскиот форум на иновативни наставници” во Вашингтон. Проектот е изработен од наставниците Марина Василева и Добри Јовевски. Наградата е во рамки на Мајкрософт форумот за наставници кој промовира учење преку игра.
Главната идеја на проектот кој се истакна пред сите останати учесници од светот е како џамија, прстенче, мижи-баба и другите т.н бабини игри може да им помогнат на децата за полесно учење.
- Целта ни беше да ги оживееме старите игри кои денес за жал се заборавени. На овој начин им покажавме на учениците дека компјутерите може да ги користат како алатка, но сепак да се направи една поврзаност со некогашните детски игри низ историјата и денешната т.н ИТ генерација, вели Василева.
Авторите се надеваат дека овој проект ќе може да се вметне и во образовниот процес во Македонија.
- Успеавме со иновативно користење на едукативните софтвери на Микрософт технологијата да ги доближиме мултикултурните традиционални вредности пред поширокиот аудиториум. Ја поттикнавме љубопитноста кај останатите учесници да бараат повеќе информации за тоа каква е поврзаноста на старите бабини игри од македонските простори со наставниот процес, вели Јовевски.
Двајцата наставници велат дека задоволство е да се учествува на ваквите престижни настани каде на едно место се собрани најиновативните наставници од земјите од целиот свет. Ваквите форуми на Мајкрософт имаат за цел интегрирање на информатичката технологија во наставните програми и содржини на извонредно креативен начин.
“Бабини игри” е мултикултурно патување низ традиционалните обележја и креативно користење на компјутерите како дополнителна и веќе задолжителна алатка за учење во училиштата. На овој начин учениците се во тек со компјутерските алатки и услуги а истовремено се навраќаат и учат за игрите со кои децата некогаш ги исполнуваа маалските улици.

No comments:

Post a Comment