Целта на новата мисија не е само да се спушти до најголемите длабочини, туку и подобро да се запознат и разберат овие речиси сосема непознати подводни предели. Инаку, Маријанскиот ров е околу 2500 км долг, 60-70 км широк и 8-10 км длабок, лачно издолжен ров сместен на дното од Тихиот океан помеѓу Јапонија и Нова Гвинеја. Во јужниот дел на ровот е измерена најголемата досега позната длабочина на Земјата, која (според различни мерења) достигнува околу 10,9-11,03 км (2).
Сега скоро да нема снимки на длабочини поголеми од
6-7 км, со мисијата Deepsea Challenger и останатите предвидени
експедиции се очекуваат многу интересни и нови сознанија за најдлабоките
предели на Земјата и тајните што ги кријат. Од досегашните истражувања,
во длабоките води (над 1 км) се откриени многу чудни, па дури и бизарни
суштества со впечатлив изглед, прилагодени за живот во средини со малку
кислород, големи притисоци и недостаток на светлина.
No comments:
Post a Comment