Крушево, Прилеп и пештерата Пешн
Споменикот Илинден познат и како Македониум е комплекс што се
наоѓа во Крушево. Споменикот бил откриен уште во 2 август 1974.
Споменикот е откриен ос Грабулоски Јордан и Искра Грабулоска
|
Споменикот Мечкин Камен се наоѓа во близина на Крушево, Македонија
Споменикот претставува востаник со високо подигната камен карпа над
главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на
востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република . Легендарниот “Мечкин Камен” претставува епопеја сам за себе. | | |
| | |
|
| |
|
| |
Спомен Дом на Тодор Проески
Галеријата на икони во прилеп меѓу најбогатите во Македонија
Во поставката на прилепската галерија има
66 икони со извонредна вредност и значење, сите оригинални репрезенти
на богатото иконописно творештво на овие простори.
Со галеријата на икони и археолошките
артефакти сврзани со христијанството и религијата, имаат голема врденост и значење за нашиот народ.
Во Галеријата на икони "Баба-Неделино
училиште" изложени се
најзначајните примероци, сите оригинални репрезенти на богатото
иконописно творештво на овие простори. Овие ретки икони кои се доста
стари имаат извонредна вредност и значење, а е збогатена и со
археолошки,
етнолошки и со библиографски експонати.
Секоја икана
има своја интересна приказна каде е најдена од кој период датира и
слична една од многуте кои мене ми го привлекуа вниманиетое
единствената реконструирана фреска на архангел
Гаврил, од манастирот „Св. Арахангел Михаил“.
Необичен уметнички
квалитет и врвно дело на византиското сликарство од 12 в. претставена во
Њујорк, Лондон, Стокхолм во седумдесеттите години на 20 век.
Музеј на тутун
Сегашната форма на музејот за тутун е од отварањето на изложбата по повод 60 годишнината од постоењето на Институтот за тутун.
Музејот за тутун располога со голем
број на експонати (лулиња, чибуци,табакери и
бурмутници) како и уметничка збирка која брои 150
ликовни и скулптурни дела и две макети на стари куќи.
Експонатите се
откупени од разни институции и поединци од цела
Европа, мал дел од Азија и Африка, мал дел се подарени. Местата
од кои поотекнуваат експонатите
се
многубројни, но највредните потекнуваат од Европа, Азија
и Северна Африка.
Експонатите
се истакнуваат со својата уметничка вредност
и
нивни експресивни особи
Пештерата Пешна, се наоѓа на околу 6
километри од Македонски Брод таа е една од најатрактивните природни убавини
на Македонија. Пештерата е прогласена за споменик на природата во неа има голем број ендемични видови на флора и фауна :
за жал оваа убавина не е до крај истражувана и не е многу промовирана
па затоа не е многу позната не само пред граѓаните на светот туку и
помеѓу населението во Македонија. До неа се доаѓа по живописна уредена
патека загрната во дрјва и
грмушки која ве води до неверојатно големиот пештерски влез. Велат дека
Пешна е пештера со најголем отвор (над 30 метри висина и
52 метри ширина) . Освен што преставува рај за спелеозите, со оваа
пештера се поврзани безброј интересни легенди анегдоти и митски
приказни. За тоа дека тука постоел живот уште од доцната антика го
потврдуваат големиот број артефакти и откриената тврдина во внатрешноста.
Средновековна тврдина - Во внатрешноста има остатоци од камена
градба и остатоци од воденички камења.и тука некогаш се
вртеле колцата на дури 23 воденици! Една легенда вели дека Крале Марко имал
пет ќерки. На две од нив Марко им изградил живеалишта-тврдини. На
постарата, Пешна, и изградил дом во самата пештера, а на помалата, Дева,
на ридот спроти пештерата, оддалечен неколку стотини метри кон запад. И
од нејзиниот дом има остатоци на врвот од ридот. Според нивните имиња
се и сегашните топоними на околните села. Оваа пештера е идентична на замислената пештера во
господар на прстените според New York time и е карактеристична по тоа
што има најголем отвро на балканот.
|
|
No comments:
Post a Comment