СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Thursday, October 22, 2015

Балтичко море

Балтичко море се наоѓа  во северна и североисточна Европа и со Северното море е поврзано со теснеците Кагарак и Категат кои се наоѓаат помеѓу Данска од една и Скандинавскиот попуостров од друга страна. Поради неговата голема географска ширина, малите протоци со Северното море кои не дозволуваат голема размена на вода, големиот прилив на слатка вода и ладна клима, ова море е едно од најслатките мориња во светот. Поедини негови делови во текот во годината се замрзнати, поради затвреноста со Северното море  слабото влијание на голфската струја. Вкупната површина на ова море изнесува  422.300 км/2. Најголема длабочина достигнува 459 м.
 На неговите брегови излегуваат Данска, Шведска. Финска, Русија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија. Според важноста на земјите кои овде се наоѓаат, како и според обемот на сообраќајот кој овде се одвива, Балтичкото море може да се нарече "Северно" Средоземно море.
Тука се наоѓаат заливите Висмарски залив Грајфсвалдски залив, Висмарски залив, Гдањски залив Либечки залив Екеренфердски залив, Невски залив, Померански залив Мекленбуршки залив, Ришки залив, Фински залив и Ботниски залив и Шчеќински залив
Острови во Балтичкото море Готланд, Сарема, Еланд, Лоланд, Оланд, Хиума,Риген, Борнхолм, Кимитоен, Фалстер, Узедом, Волин, Мен, Хајлуото, Муху, Фемарн, Вермде

No comments:

Post a Comment