СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, July 31, 2018

Ватикан

Знамето на Ватикан заедно со знамето на Швајцарија се единствените знамиња кои имаат форма на квадрат. Знамето се состои од две еднакви полиња: жолта и бела.  Во средината на белото поле има два  клуча едниот жолт другиот бел поврзани со црвена врвца. Над клучевите се наоѓа папска Тиара. Клучевите и тиарата го сочинуваат грбот на Ватикан. Знамето било прифатено на 7 јуни 1929 година. Истата година папата Пиј XI го потпишал и договорот со Италија за конечно  решавање на прашањето за папска држава.

КРСТОКЛУНЕЦ

Крстоклунецот лесно може да се препознае по необичниот клун, чиј горен и долен дел се вкрстени. целата година. Меѓутоа, кога на некои подрачје нема доволно храна, иако не се птици преселници, преминуваат прилично големи оддалечености во потрага на поповолни подрачја. Женката снесува три или четири зеленкасти јајца и сама лежи врз нив, додека за младите се грижат и двата родители. Мажјаците и женките на крстоклунецот се разликуваат по бојата: мажјаците се обично со портокалова до црвена боја, а женките се зеленикави или жолтеникави.
Со помош на таквиот клун крстоклунците вешто вадат семки од шишарки на борови, смреки, елки и ариши со кои се хранат. Младите крстоклунци имаат рамен клун, како и останатите птици, па родителите мораат да ги хранат. Крстоклунецот има една од најдолгите сезони на размножување меѓу птиците и доколку има шишарки во изобилие, може да се пари во текот на
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Цела Европа, Северна Азија, Северна Африка, Северна Америка

ЛАКОМЕЦ


Лакомецот е еден од најголемите претставници на семејството куни, со должина на телото и преку 1м, а тежина до 15кг. Неговото тело е силно и набиено, како тело на мечка, а прекриено е со долго, густо крзно. Лакомците се мошне агресивни и храбри борци. Благодарејќи на силните раце и нозе и широките стапала можат брзо да трчаат по снег. Освен тоа, можат да се качуваат по дрвја и извонредно пливаат. Мошне се издржливи и иако не трчаат брзо, одеднаш можат да претрчаат 10-15км, а дневно претрчуваат и по 50км. Нивната исхрана е разновидна, се хранат со елени, зајаци, глодари и птици, но и со јајца и бобинки, како и со мрша. Лакомците не спијат зимски сон, туку се активни преку целата година. Брлози прават меѓу корења, под карпи или ги копаат во снежни наноси. Женките котат млади дури еднаш во две години, а потоа 8-10 недели ги хранат со своето млеко и остро ги бранат.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Канада, северозападниот дел на САД, северниот дел на Европа и Азија

СИБИРСКА РИГЕСТА ВЕРВЕРИЧКА

Ова животинче, кое живее само во тајги, наликува на верверичка. Телото му е долго сѐ на сѐ 12-17 см, а опашката 6-9 см. На прстите има остри канџи со помош на кои извонредно се качува, иако воглавно живее на земја. Се храни со плодови, семки, фиданки на дрвја и грмушки, габи и јајца од птици и бубачки. За зимата собира залихи од храна кои ги закопува во дупка во земјата. На тој начин сибирските ригести верверички шират семиња од разни растенија и спори од габи, поради што играат важна улога во екосистемот на тајгите. Тие се исклучително чисти животни бидејќи редовно си го чистат крзното, а понекогаш и меѓусебно се негуваат. И нивните живеалишта, кои ги копаат под земјата, се мошне чисти и уредни, па отпадоци и измет чуваат во посебни ходници. Во текот на зимата спијат зимски сон. Се будат во април, по што почнува сезоната за парење. Во мај и јуни женките котат 3-7 млади, кои уште неколку недели остануваат во подземното живеалиште.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа и Азија

Monday, July 30, 2018

Сибирски Самур

Ова животно од семејството куни може да биде долго до 45 см и тешко до 2 кг. Крзното му е кафеаво-црно, а на грлото има светлокафеава дамка. На прстите има остри канџи кои може малку да ги увлече. Живее во зимзелени шуми до горни текови на реки. Најчесто е ноќно животно, иако некои се движат исклучиво дење. Освен во периодот на парење, сибирските самури живеат самостојно. Тоа се внимателни животни, кои добро се качуваат и скокаат. Се хранат со верверички, глувци, птици, риби, но и со плодови и шумски семки. За неповолни времиња собираат храна во брлозите создавајќи залихи. Се парат на пролет, а дури следната година во април женката ќе окоти две до пет млади во засолниште помеѓу корења на стебла или пукнатини меѓу камења. Освен главниот брлог, имаат и бројни привремени брлози. Сибирскиот самур бил интензивно ловен поради ценетото крзно, поради што е истребен во Европа.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна и источна Азија

Ирвас

Мажјаците ирваси имаат големи, разгранети рогови, а под вратот долго влакно како брада. За разлика од останатите видови на елени, кај ирвасот и женките имаат помали рогови. На нозете имаат широки чапунки кои спречуваат пропаѓање во снег. Добро трчаат и пливаат. Лете пасат трева, шамок и зелјести растенија, додека во текот на долгите зими се хранат со мовови, лишаи и габи. Имаат добро развиено сетило за мирис со кое бараат храна закопана под снегот. Секој мажјак во есен собира неколку женки со кои се пари, а во пролет тие отелуваат едно или две млади. Ирвасите живеат во големи крда во тајги и тундри до реки и езера. Стадата се составени од женки и млади животни кои ги предводи еден стар мажјак, додека останатите мажјаци до зимата живеат самостојно или во помали групи. Некои ирваси двапати годишно вршат големи преселби, кога поминуваат и до 1200 километри.РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северниот дел на Европа, Азија и Северна Америка

Лос


Лосот е најголем од сите елени, а  може да биде долг и повеќе од 3 м и тежок
до 700 кг. Посебно се големи мажјаците, кои се двојно поголеми од женките. Телото на лосовите е покриено со темнокафеаво крзно, додека нозете им се светли и имаат широки шапунки за газење по кал и снег. Мажјаците на грлото имаат набрана кожа покриена со крзно, а на главата носат големи рогови со лопатеста форма. Роговите жги отфрлаат секоја година, по што има растат нови.  Лосовите живеат во шуми во близина на езера, мочуришта и други водени површини. Можне добро трчаат, а изненадувачки добро пливаат и нуркаат. Лете влегуваат во вода и се хранат со водни растенија а зиме јадат гранчиња од дрвја. Тоа се внимателни животни најчесто активни во самрак а дење во главно се одмараат.
 РАСТПРОСТРАНЕТОСТ: Аљаска, Канада, северна Европа, североисточна Азија

Friday, July 27, 2018

Кафеав Киви

Оваа птица живее исклучиво во листопадните шуми во Нов Зеланд. Не лета па има неразвиени крилја и нема опашка. Нозете и се силни со три прста. Телото и е покриено со долги, кафеави пердуви кои наликуваат на влакна. Ноќна птица е, па видот и е неразвиен. Меѓутоа, за разлика од најголемиот број птици, кивито има исклучиво добро развиено сетило за мирис и ноздри сместени на врвот на долгиот благо свитак клун. Клунот и е мешне чуствителен на допир и со него кивито собирабубачки и нивни ларви, други мали без р'бетници и семки. Киви паровите остануваат заедно цлиот живот. Бидејќи кивото не лета таа е лесен плен на други животни и лушето, поради што е во опасност од изумирање. 

Европски рис

Европскиот рис е најголемата европска мачка и најголем од сите рисови, а може да биде тежок и до 38 кг.  Во Република Македонија  ова е ретко и заштитено животно, и e едeн одсимболите на државата.
Неговото силно тело на долги нозее покриено со кусо крзно. Рисот првично населувал пространи, мешани шуми, но човекот ги потиснал на отворени шумски подрачја, па и на каменести планински падини. Доажа во тајги, но и во планински зимзелени шуми. Дење најмногу мирува на сонце, а станува активен по заоѓањето на сонцето. Добро се качува и скока, но ретко трча, па пленот го лови од заседа. Се храни со птици и цицаќи, а чест плен му се елени.  
Мажјаците живеат самостојно, освен во период на парење. Женките котат најчесто три млади во шуплини на стебла или пукнатини на карпи, а потоа ги водат сосебе.

Saturday, July 7, 2018

Наставни програми

Наставна програма за VII Одделение ОВДЕ
Наставна програма за VIII Oдделение ОВДЕ
Наставна програма за IX Oдделение ОВДЕ