Ова животинче, кое живее само во тајги, наликува на верверичка. Телото му е долго сѐ на сѐ 12-17 см, а опашката 6-9 см. На прстите има остри канџи со помош на кои извонредно се качува, иако воглавно живее на земја. Се храни со плодови, семки, фиданки на дрвја и грмушки, габи и јајца од птици и бубачки. За зимата собира залихи од храна кои ги закопува во дупка во земјата. На тој начин сибирските ригести верверички шират семиња од разни растенија и спори од габи, поради што играат важна улога во екосистемот на тајгите. Тие се исклучително чисти животни бидејќи редовно си го чистат крзното, а понекогаш и меѓусебно се негуваат. И нивните живеалишта, кои ги копаат под земјата, се мошне чисти и уредни, па отпадоци и измет чуваат во посебни ходници. Во текот на зимата спијат зимски сон. Се будат во април, по што почнува сезоната за парење. Во мај и јуни женките котат 3-7 млади, кои уште неколку недели остануваат во подземното живеалиште.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа и Азија
No comments:
Post a Comment