СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, May 15, 2020

Австрија

Површина: 83 859 км2 
Население: 8.7 милиони жители 
Главен град: Виена 
Официјален јазик: германски 

Географска положба, граници и големина.
Австрија се наоѓа во Средна Европа. Се граничи на северозапад со Германија, на север со Чешка, на исток со Словачка и Унгарија, на југ со Словенија и Италија и на запад со Швајцарија и Лихтенштајн. 

Зафаќа површина од 83 859 км2. 
Релјеф. Австрија е изразито Алпска држава, односно Алпите го даваат основниот белег на нејзиниот релјеф. Лежи во нивниот источен дел и тие зафаќаат 2/3 од нејзината територија. Алпите тука се делат на повеќе масиви: Баварски Алпи, Високи Тури, Ниски Тури, Карински Алпи, Караванки и други. Кон исток Алпите се снижуваат кон крајните западни делови на Панонската Низина. Позначајни котлини се Виенската, Штаерската и Клагенфуртската. Највисока точка е врвот Глосглокнер (3797м) на Високи Тури. 
Клима. Австрија има умерено-континентална клима со топли лета и студени зими и планинска (алпска) на Алпите. Хидрографија.Поголеми реки се: Дунав, Ин, Салкзак, Енс, Раба, Драва и други. 
Население и населби. Австрија има 8.7 милиони жители, просечната густина на населеност е 103 ж/км2. Околу 70% од населението живее во пониските предели на државата. Најгусто населени се котлините, потоа Алпското подгорје и широките речни долини во Алпите. Во Австрија живеат 91% Австријци чиј мајчин јазик е германскиот, а има и Словенци, Хрвати, Унгарци, Италијанци, Германци и др. Според верската припадност 73% се католици, 4% протестанти и 3% муслимани. Главен град е Виена (1.7 милиони), други поголеми градови се: Грац, Линц, Салцбург и други. Државно уредување. Австрија е парламентарна демократска сојузна република. 
Стопанство: Земјоделство. На плодно земјиште отпаѓа 43% од вкупната површина. Најважни земјоделски области се во Виенската Котлина, во Градишката, Штаерската и во Клагенфуртската Котлина. Главни култури се јачменот, пченицата, пченката, шеќерната репа, компирот и крмните растенија. Има и овошни насади главно во алпското подгорје. Сточарството е најзначајна земјоделска гранка, особено говедарството. Рударство. Австрија има големо рудно богатство, пред се железна руда, магнезит, графит, камена сол, а помалку нафта и земјен гас. Индустрија. Австрија е високоразвиена индустриска земја со многу разновидна индустрија, развиени се металургијата, машинската, металската, автомобилската, хемиската, дрвната, текстилната, прехранбената индустрија и др. Трговија. Најмногу извезува железо, челик, машини, хартија, текстил, хемикалии и др., а увезува јаглен, житни култури, зеленчук, овошје и друго. 
Туризам. Секоја година Австрија ја посетуваат околу 18 милиони странски туристи, повеќе од половина се од Германија. Преовладуваат зимскиот туризам, особено во западниот дел од државата, каде што се наоѓаат и голем број светски познати зимски центри: Солден, Кицбул, Лех, Санкт Антон, Мителберг и други. Во лето најпривлечни се алпските езера, селскиот туризам и планинарењето. Значајни туристички дестинации се и старите австриски градови, посебно Виена и Салцбург. 
Сообраќај. Развиени се патниот, железничкиот, бродскиот и воздушниот сообраќај

No comments:

Post a Comment