СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, August 10, 2021

Туристички поглед на Алпите


Зборот Мон Блан (Mont Blanc) е француски збор и означува бела планина,  поради прекрасните снежни полиња и глечери кои се наоѓаат на овој врв.    Мон Блан или на италјански Монте Бјанко е највиоскиот врв на Алпите и во западна Европа. Врвот Мон Блан преставува предизвик за планинарите од Европа и пошироко, но и за љубителите на скијањето и другите зимски спортови. Интересот за посета на Алпите и нивното популаризирање е сврзано со богатството на природни и антропогени вредности. Во  19 век масовно се освојуваат врвовите на Алпите и се откриваат фасцинантни пејзажи. Изградба на пристапни пасишта, железници и уредување на изворните простори овозможува голем развој на здравствено лекувачкиот туризам на Алпите. Од година во година расте бројот на посетители на бањските места, но сепак скијачките спортови имаат најголем интерес во зимската сезона. Алпите ги посетуваат околу 100 милиони туристи годишно со што ја прават една од најпосетуваните планини во светот. Во функција на туризмот се многуте манифестации, фестивали, саеми, натпревари од локален и меѓународен карактер. На Алпите беа организирани неколку олимписки игри и тоа во

Шамони-Франција, Сент Мориц-Швајцарија, Гармиш-Партхенкирхен, Кортина Де Апецо -Италија, Инсбург-Австрија, Гренобал-Франција, Албертвил Франција  итн



Француски Алпи


Француските Алпи го зафаќаат североисточниот дел на Франција. Се протегаат на површина од  350 км/2. Поделени се во два дела Северни (Со врвот Мон Блан) и јужни со Француски Алпи (Провасински и Приморски Алпи) Најзначаен туристички регион е Мон Блан со површина од 150 км/2 со центарот Гренобал. Атрактивности во овој регион се ледникот Бонсон, зимскиот центар Шамони, Сан Жерв, Мажев, Шамбери, Албервил, врвот Егиј де Миди, Мон Блан и др


Италјански Алпи

Најзначаен предел е пределот околу глацијалните езера Исео, Гарда Маѓоре. Во зимскиот период во околу 350 туристички области доаѓаат голем број скијачи, деодека во летната сезона доажаат илјадници планинари од целиот свет. Овој простор располага со голем број жичарници , ски лифтови  и други инфраструктурни објекти. Значајни туристички центри се Сестриере, Цервина, Кортина де Ампецо и др


Германски Алпи

Германските Алпи се претставени преку Баварските Алпи на кои што се лоцирани голем број зимски туристички центри како Гармиш- Партхенкирхен, Оберсдорф, со голем број  инфраструктурни објекти. Баварските Алпи се богати со голем број леднички езера од кои најпознати се  Кимзе,Амерзе и Вирмзе








 

No comments:

Post a Comment