СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, May 20, 2020

Полска

ПОЛСКА
Површина: 312 685 км2
Население: 38 милиони жители
Главен град: Варшава
Официјален јазик: полски

Географска положба, граници и големина.Полска се наоѓа на североисточниот крај на Средна Европа. Се граничи со Германија на запад, со Чешка и Словачка на југ, со Украина, Белорусија и Литванија на исток и со Русија (Калинград) и Балтичкото Море на север. Зафаќа површина од 312 685 км2.

Релјеф. Во релјефен поглед, Полска на север е низинска, односно има брановиден релјеф до 30 м.н.в со многу езера и лагуни. Централниот дел на Полска го сочинуваат Среднополските Возвишенија (Шлеско-малополската висорамнина), тука се наоѓаат Шлеската Котлина која е значајна по богатите наоѓалишта на камен јаглен и Судетските Планини на границата со Чешка. Кон југ постепено се издигнува подножјето на Карпатите каде што се наоѓа највисоката точка во Полска, врвот Риси (2499 м).
Клима. Полска има умерено-континентална клима во најголем дел, а кон југоисточните делови и континентална клима.
Хидрографија.Поголеми реки сеВисла, Одра, Сан, Варта, Нотеќ, Буг и други.
Население и населби. Полска има 38милиони жители, просечната густина на населеност е 122 ж/км2. Најгусто населени се подрачјата на југгот, Варшава со околината и Лоѓ со околината, а ретко населени се областите во северниот и источниот дел на земјата. Најголем дел од населението се Полјаци околу 97%, има и Германци, Украинци, Белоруси, Литванци и др. Најголем дел од населението се католици околу 90%. Официјален јазик е полскиот.
Главен град е Варшава (1.7 милиони), други поголеми градови се: Краков, Лоѓ, Вроцлав, Познањ, Гдањск, Будгошч, Катовице и други.
Државно уредување. Полска е парламентарна република.
Стопанство:
Земјоделство. Најплодните површини се наоѓаат во Шлеската област, во централниот дел на земјата и на песокливите почви на север. Од житните култури најзначајни се пченицата, ржта и јачменот, а Полска е голем производител на компир (трето место во светот). Застапени се и индустриските растенија како шеќерната репа и маслодајната репа, тутунот и ленот. Производството на зеленчук е развиено во околината на градовите, а во Полска се одгледуваат и јаболка, круши и сливи. Сточарството е застапено преку говедарство, свињарство, овчарство и живинарство.
Рударство. Полска има големо рудно богатство, најважен е камениот јаглен (седмо место во светот и прво во Европа), производството на нафта и земјен гас се скромни. Од рудите посебно важни се бакарот (9 во светот), оловото, цинкот (3 во светот) и сребро (6 во светот).
Индустрија. Развиени се голем број на индустриски гранки како металургијата, металската, машинската, електротехничката, хемиската индустрија, исто важни се и текстилната и прехранбената, тутунската, стакларската индустрија и други.
Трговија. Најмногу тргува со машини и траспортна опрема, полупроизводи, хемикалии, минерали, горива, прехранбени прозводи и слично.
Туризам. Странските туристи најмногу ги посетуват Варшава и Краков, а центрите за зимски туризам се на југ, пред се Закопане и Високите Татри. Се попосетени се и летувалиштата на Балтичкото Море, но и езерата и околу 30 бањи. Полска во просек ја посетуваат 17 милиони странски туристи годишно, најмногу од Германија.
Сообраќај. Развиени се патниот, железничкиот, бродскиот и воздушниот сообраќај.

Friday, May 15, 2020

Најголемата ледена пештера во светот - Ајсризенвелт

Ајсризенвелт е најголемата ледена пештера со должина од околу 50 km. Нејзиното име во превод означува  Светот на ледените џинови
Откриена  е во 1879 година, претставена е во вид на бројни комори кои се меѓусебно поврзани за да воздухот би поминал низ сите комори . Заледените формации се со различна боја поради содржината на минералите. Пештерата се наоѓа кај селото Верфен во Салцбург 

Швајцарија

ШВАЈЦАРИЈА
Површина: 41 290 км2
Население: 8.6 милиони жители
Главен град: Берн
Официјален јазик: германски, француски, италијански и реторомански

Географска положба, граници и големина. Швајцарија се наоѓа во Средна Европа. Се граничи со Германија на север, со Австрија и Лихтенштајн на исток, со Италија на југ и југоисток и со Франција на запад. Зафаќа површина од 41 290 км2.

Релјеф. Во поглед на релјефот, најголем дел од државата - 60% им припаѓаат на Западните Алпи (Бернски Алпи, Пенински Алпи, Лепонтиски Алпи, Гларински Алпи, Ретиски Алпи). Меѓу Женевското и Боденското Езеро се наоѓа алпски претпланински простор со голем број на ниски ридови на височина од 300-700м наречен Митленд. На крајниот северозападен дел од Швајцарија се наоѓа висорамнината Јура. Највисока точка во државата е Дуфоршпиц (4634 м).Швајцарија има просечна надморска височина од 1370 м и е највисока држава во Европа.

Клима. Владее умерено-континентална клима во Митленд и висорамнината Јура и планинско-алпска клима на Алпите.

Хидрографија.Поголеми реки се: Рајна, Рона, Ара, Реус, Ин и други, а од езерата позначајни сеЖеневското, Боденското, Циришкото, Маџоре, Нешателското, Тунското Езеро и други.


Население и населби. Швајцарија има 8.6 милиони жители, просечната густина на населеност е 208 ж/км2.  Најгусто е населен просторот во Митленд, меѓу Јура, Женевското и Боденското Езеро. Автохтоното швајцарско население припаѓа на четири јазични подрачја. Најбројни се оние кои зборуваат германски јазик -65% и се застапени долж границата со Германија. Следува француското јазично подрачје – 18% и кое се применува во Јура, Западен Митленд, и по долината на реката Рона, додека италијанскиот јазик кој зафаќа 10% од населението се зборува во јужните делови на Алпите. Во горното течение на Ин живеат Ретороманите кои сочинуваат 1% од вкупното население и зборуваат реторомански јазик (дијалект на романскиот). Во поглед на верата, 42% се католици, додека 35% се протестанти.
Главен град е Берн (120 000), но најголем град во државата е Цирих (340 000), потоа Женева, Базел, Лозана, Лугано, Луцерен и други.
Државно уредување. Швајцарија е парламентарна сојузна република (конфедерација).

Стопанство:
Земјоделство. И покрај релативно лошите услови за развој на земјоделство, Швајцарија, како резултат на употребата на најсовремени методи во производството, речиси во целост ги задоволува потребите на домашниот пазар. Најголемиот број полјоделски површини се во Митленд. Од житните култури се произведуваат пченица, силажна пченка, рж и јачмен. А од другите култури компир, шеќерна репа, тутун и различни видови на зеленчук. Сепак најважна земјоделска гранка е сточарството, а пред се говедарството и свињарството. Секако дека е развиено и овоштарството и лозарството.
Рударство. Швајцарија не располага руди и фосилни горива.
Индустрија. Швајцарија е високоразвиена индустриска земја која е определена за производство само на висококвалитетни и врвни производи. Најважни индустриски гранки се бродоградбата, металната и електротехничката индустрија.  
Трговија. Најмногу извезува часовници, најразлични видови машини, фармацевски производи, прехранбени производи (чоколади) и сл., а увезува суровини за металната и хемиската индустрија, автомобили и прехранбени производи.
Туризам. Швајцарија е вистинска туристичка земја каде што најмногу е развиен зимско-спортскиот туризам, а потоа и летниот, бањскиот, планинскиот туризам, алпинизмот, езерскиот, здравствениот туризам и др. Ја посетуваат околу 14 милиони странски туристи годишно. Најпосетени зимско-спортски центри се:Давос, Сент Мориц, Гринделвалд, Силс, Венген, Цермат и други. Во летниот период најпосетени се одмаралиштата околу езерата Лугано, Аскона и други.  
Сообраќај. Развиени се патниот, железничкиот, бродскиот и воздушниот сообраќај.

Австрија

Површина: 83 859 км2 
Население: 8.7 милиони жители 
Главен град: Виена 
Официјален јазик: германски 

Географска положба, граници и големина.
Австрија се наоѓа во Средна Европа. Се граничи на северозапад со Германија, на север со Чешка, на исток со Словачка и Унгарија, на југ со Словенија и Италија и на запад со Швајцарија и Лихтенштајн. 

Зафаќа површина од 83 859 км2. 
Релјеф. Австрија е изразито Алпска држава, односно Алпите го даваат основниот белег на нејзиниот релјеф. Лежи во нивниот источен дел и тие зафаќаат 2/3 од нејзината територија. Алпите тука се делат на повеќе масиви: Баварски Алпи, Високи Тури, Ниски Тури, Карински Алпи, Караванки и други. Кон исток Алпите се снижуваат кон крајните западни делови на Панонската Низина. Позначајни котлини се Виенската, Штаерската и Клагенфуртската. Највисока точка е врвот Глосглокнер (3797м) на Високи Тури. 
Клима. Австрија има умерено-континентална клима со топли лета и студени зими и планинска (алпска) на Алпите. Хидрографија.Поголеми реки се: Дунав, Ин, Салкзак, Енс, Раба, Драва и други. 
Население и населби. Австрија има 8.7 милиони жители, просечната густина на населеност е 103 ж/км2. Околу 70% од населението живее во пониските предели на државата. Најгусто населени се котлините, потоа Алпското подгорје и широките речни долини во Алпите. Во Австрија живеат 91% Австријци чиј мајчин јазик е германскиот, а има и Словенци, Хрвати, Унгарци, Италијанци, Германци и др. Според верската припадност 73% се католици, 4% протестанти и 3% муслимани. Главен град е Виена (1.7 милиони), други поголеми градови се: Грац, Линц, Салцбург и други. Државно уредување. Австрија е парламентарна демократска сојузна република. 
Стопанство: Земјоделство. На плодно земјиште отпаѓа 43% од вкупната површина. Најважни земјоделски области се во Виенската Котлина, во Градишката, Штаерската и во Клагенфуртската Котлина. Главни култури се јачменот, пченицата, пченката, шеќерната репа, компирот и крмните растенија. Има и овошни насади главно во алпското подгорје. Сточарството е најзначајна земјоделска гранка, особено говедарството. Рударство. Австрија има големо рудно богатство, пред се железна руда, магнезит, графит, камена сол, а помалку нафта и земјен гас. Индустрија. Австрија е високоразвиена индустриска земја со многу разновидна индустрија, развиени се металургијата, машинската, металската, автомобилската, хемиската, дрвната, текстилната, прехранбената индустрија и др. Трговија. Најмногу извезува железо, челик, машини, хартија, текстил, хемикалии и др., а увезува јаглен, житни култури, зеленчук, овошје и друго. 
Туризам. Секоја година Австрија ја посетуваат околу 18 милиони странски туристи, повеќе од половина се од Германија. Преовладуваат зимскиот туризам, особено во западниот дел од државата, каде што се наоѓаат и голем број светски познати зимски центри: Солден, Кицбул, Лех, Санкт Антон, Мителберг и други. Во лето најпривлечни се алпските езера, селскиот туризам и планинарењето. Значајни туристички дестинации се и старите австриски градови, посебно Виена и Салцбург. 
Сообраќај. Развиени се патниот, железничкиот, бродскиот и воздушниот сообраќај

Monday, April 27, 2020

Јужна Америка провери колку знаеш

Австралија Провери колку знаеш

Северна Америка провери колку знаеш

Африка провери колку знаеш

Азија Провери колку знаеш

Friday, April 24, 2020

Сегрото најголемото подземно езеро

Сегроте, најголемото подземно езеро во Европа, настанато како последица на експлозијата која во 1912 година се случи во рудникот за гипс во близина на Хинтерброл, Австрија. Езерото привлекува голем број туристи од целиот свет. По експлозијата, долниот дел на рудникот, составен од голем број комори и тунели, во целост е потопен и на тој начин е создадено најголемото подземно езеро во Европа, со вкупна површина од 6.200 квадратни метри. Длабочината на езерото се движи од 1,5 до 12 метри. ( Omar Marques - Агенција Анадолија )

Ѓаволска кула

Ѓаволска кула ( Devils  Tower) претставува голем столб кои излегува од рамничарските предели на државата Вајоминг. Таа претставува идеална сценографија за некоја филмска сцена од областа на научната фантастика.
Ѓаволската кула претставува монолитно магматско чудо. Се наоѓа на црниот рид во близина на Хулатт североисточно од реката Белле Фоур
цхе. Височината на оваа кула изнесува 386 m. Ѓаволската кула  претставува првиот прогласен национален споменик во Америка, на 24 Септември 1906 год. Од страна на претседателот Теодор Рузвелт.
Споменикот зафаќа површина од 5,42 квадратни километри. Ѓаволската кула г ја посетуваат околу 400000 туристи годишно.

Thursday, April 23, 2020

Најголемата пештера по површина.

Сон Донг претставува најголемата пештера на светот.  Оваа пештера се наоѓа во покраината Куангбин - Виетнам , 450 km јужно од Ханој, а 44 km северно од Аеродромот Донгхој. Пештерата за наоѓа во националниот парк Фонг Ња Ке Банг која од 2003 година е под заштита на унеско како светско природно богатство. Во април 2009 година, британските истражувачи открие нова пештера тука, ја нарекле СОН Донго, високо околу 250,а широко 150 метри, Сталагмитите во обаа пештера  достигнуваат височина и до 70 m. Во подземната сала расте шума, постојат прекрасни водопади.  Во истѕражувањето на чиновската пештера  во Виетнам  спелеозите користеле ласеркса технологија. Тие ја прогласиле оваа пештера за најголемата пештера по површина во светот . Фонг Ња Ке Банг има и голема биолшка разноликост. Влезот во пештерата го открил Хо Ханг во 1991 година , жител од најблиското село. Локалното население се плашело да навлезе во пештерата затоа што од нејзе се слушало шумот на понорниците.  На светската јавност оваа пештера му станала позната од 2009 година кога група Британски научници на чело со Хауардом Лимбетом за прв навлегла длабоко во пештерата

ВИДЕО 

Sunday, April 12, 2020

Препорачана литература ( 9-то одд.)

Прочитај ја книгата:
Колибата на Чичо Том или Корени од Алекс Хејли и дознај повеќе за минатото на Црнците како робови.

Поврзано со лекцијата Карактеристики на населението на Америка

Прашања


Ученички изработки

Анди Марина Јовческа

Monday, March 23, 2020

СООПШТЕНИЕ !

Поради моменталната состојба со ширење на вирусот Корона ( КОВИД19) јас како предметен наставник во услови на кризна состојба ви го испраќам следново  соопштение. 
Со цел да се ублажат штетите од вирусот кои веќе се чувствуваат во наставниот процес, јас сум целосно посветен на својата професија, за таа цел изготвувам соодветен матријал со презентации , планови и домашни работи наменето за учениците од ООУ Единство" Гостивар

Веќе од  16.03.2020  сите учениците од VI одд. , VII одд. и IX одд.  во посебни групи во messenger, viber, e-mail и classroom добиваат соодветен матријал .


Страницата meridijani.blogspot.mk нуди можност за вежби и проверка на знаењето од областа на Географијата. На задоволство на авторот, страницата веќе е доста проширена на webстраниците и социјалните мрежи, каде ја користат голем број мои колеги професори и наставници за реализирање на наствата по Географија ширум нашата  држава. 

Благодарам за вниманието.

СЕДИ ДОМА И ОБРАЗУВАЈ СЕ


Friday, March 13, 2020

Видови водопади

Според генетската класификација водопадите се делат на  тектонски, ерозивни и акумулативни.
Тектонските водопади се јавуваат на одсеци со раседно потекло. Во зависност од износот на раседниот скок ваквите водопади може да имаат и голема височина. Таков е водопадот Тугела во Јужна Африка висок 933 m, Викториините водопади на реката Замбези се високи 120 m.
Ерозивни водопади настануваат со поткопување на помеките карпи што се наоѓаат во подината, а преку кои лежат поотпорни карпи. Со селективна ерозија побргу се однесуваатпомеките карпи.
Со тоа доаѓа до создавање на ерозивни карпесто отсек на речното корито, односно до појава на водопад. Такви се водопадите на реката Нијагара високи 51 m.
Ерозивните водопади може да се создадат и со интензивно вертикално всекување на главната река. На местото на вливот на нејзините притоки , кои поспоро се всекуваат настануваат водопади. Ерозивните водопади се јавуваат и меѓу страничните ( висечки) и главната глечерска долина валов, а чести се и на страните на фјордовите. Таков е Јесемитскиот Водопад висок 739 m,  водопадите во Норвешка и др.
 Акумулативни водопади се создаваат на карстните терени каде во коритата на реките се акумулираат  бигрени наслаги. Со нивното нараснување на речното корито  се создаваат бигрени прегради преку кои водениот трк паѓа во вид на водопад. Такви се водопадите на Плитвичките езера. На сличен начин настануваат и травертинските  каскади и басенчиња кај термалните извори и водните текови. Во подножјето на водопадите се создаваат џиновски лонци, т.е бунарести вдлабнатини во карпестото речно корито.

Карта ВОДОПАДИ