СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Sunday, May 27, 2012

Екскурзии

Крушево, Прилеп и пештерата Пешн
  
Споменикот Илинден познат и како Македониум е комплекс што се наоѓа во Крушево. Споменикот бил откриен уште во 2 август 1974. Споменикот е откриен ос Грабулоски Јордан  и Искра Грабулоска
  
Споменикот Мечкин Камен се наоѓа во близина на Крушево, Македонија Споменикот претставува востаник со високо подигната камен карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република . Легендарниот “Мечкин Камен” претставува епопеја сам за себе.

 


Спомен Дом на Тодор Проески

Галеријата на икони во прилеп меѓу најбогатите во Македонија
  
Во поставката на прилепската галерија има 66 икони со извонредна вредност и значење, сите оригинални репрезенти на богатото иконописно творештво на овие простори.
Со галеријата на икони и археолошките артефакти сврзани со христијанството и религијата, имаат голема врденост и значење за нашиот народ. 
 Во Галеријата на икони "Баба-Неделино училиште" изложени се најзначајните примероци, сите оригинални репрезенти на богатото иконописно творештво на овие простори. Овие ретки икони кои се доста стари имаат извонредна вредност и значење, а е збогатена и со археолошки, етнолошки и со библиографски експонати. 
 Секоја икана има своја интересна приказна каде е најдена од кој период датира и слична една од многуте кои мене ми го привлекуа вниманиетое  единствената реконструирана фреска на архангел Гаврил, од манастирот „Св. Арахангел Михаил“.
 Необичен уметнички квалитет и врвно дело на византиското сликарство од 12 в. претставена во Њујорк, Лондон, Стокхолм во седумдесеттите години на 20 век.
Музеј на тутун

Сегашната форма на музејот за тутун е од отварањето на изложбата по повод 60 годишнината од постоењето на Институтот за тутун.
  Музејот за тутун располога со голем број на експонати  (лулиња, чибуци,табакери и бурмутници) како и уметничка збирка која брои 150 ликовни и скулптурни дела и две макети на стари куќи. Експонатите се откупени од разни институции и поединци  од цела  Европа, мал дел од Азија и Африка, мал дел се подарени. Местата од кои поотекнуваат експонатите се многубројни, но највредните потекнуваат од Европа, Азија и Северна Африка. Експонатите се истакнуваат со својата уметничка вредност и нивни експресивни особи




Пештерата Пешна,  се наоѓа на околу 6 километри од Македонски Брод таа е една од најатрактивните природни убавини на Македонија. Пештерата е прогласена за споменик на природата во неа има голем број ендемични видови на флора и фауна :  за жал оваа убавина не е до крај истражувана и  не е многу промовирана па затоа не е многу позната не само пред граѓаните на светот туку и помеѓу населението во Македонија.  До неа се доаѓа по живописна уредена патека загрната во дрјва и грмушки која ве води до неверојатно големиот пештерски влез. Велат дека Пешна е пештера со најголем отвор (над 30 метри висина и 52 метри ширина) . Освен што преставува рај за спелеозите,  со оваа пештера се поврзани безброј интересни легенди анегдоти и  митски приказни. За тоа дека тука постоел живот уште од доцната антика го потврдуваат големиот број артефакти и откриената тврдина во внатрешноста.

Средновековна тврдина - Во внатрешноста има остатоци од камена градба и остатоци од воденички камења.и тука некогаш се вртеле колцата на дури 23 воденици! Една легенда вели дека  Крале Марко имал пет ќерки. На две од нив Марко им изградил живеалишта-тврдини. На постарата, Пешна, и изградил дом во самата пештера, а на помалата, Дева, на ридот спроти пештерата, оддалечен неколку стотини метри кон запад. И од нејзиниот дом има остатоци на врвот од ридот. Според нивните имиња се и сегашните топоними на околните села. Оваа пештера е идентична на замислената пештера во господар на прстените според New York time и е карактеристична по тоа што има најголем отвро на балканот.

Thursday, April 19, 2012

Одбележа денот на холандската кралица во училиштето Единство

Улениците од ОУ “Единство“ – Гостивар, 18.04.2012 со разни активности и со богата културна програма, го одбележаа Денот на холандската кралица. 

Годнава, Гостивар беше еден од одбраните градови од страна на Холандската амбасада во кој се одбележа овој значаен ден за холандскиот народ, а Општина Гостивар одлучи активностите да се одвиваат во Основното училиште “Единство“.

Денот на кралицата се одбележа во работна и празнична атмосфера. Неколку уленици со своите наставни по ликовно разубавија простории во и околу училиштето, а урамија и 30 одбрани цртежи од учениците. Други уленици со наставниците по музичко и физчко имаа подготвено богата културно-забавна програма со песни и ора на македонски, ,турски , ромски  и албански јазик  како и ритмички точки со странска музика.

Некои облечени во маички со официјалното лого на манифестацијата и со натписот “I love Gostivar” а некои со народни носии на заедниците кои живеат во Гостивар, учениците од ова училиште “Направија потег, го обоија светот“ што всушност беше слоганот на манифестацијата.

“Не случајно го одбравме ова училиште, бидејќи тука наставата се одвива на три јазика, а учат ученици од сите четири позастапени заедници во Гостивар. Со активностите кои денес сложно ги изведуваат учениците од училиштето “Единство“, ние праќаме позитивна порака не само во нашиот град, туку и во целата земја, токму во овие денови кога имаме појава на незавидни случувања“, истакна претседателот на Советот на Општина Гостивар, Фадил Зендели.

Tuesday, March 13, 2012

Подготовка за достигање на најдлабоката точка на земјата

Целта на новата мисија не е само да се спушти до најголемите длабочини, туку и подобро да се запознат и разберат овие речиси сосема непознати подводни предели. Инаку, Маријанскиот ров е околу 2500 км долг, 60-70 км широк и 8-10 км длабок, лачно издолжен ров сместен на дното од Тихиот океан помеѓу Јапонија и Нова Гвинеја. Во јужниот дел на ровот е измерена најголемата досега позната длабочина на Земјата, која (според различни мерења) достигнува околу 10,9-11,03 км (2).



Сега скоро да нема снимки на длабочини поголеми од 6-7 км, со мисијата Deepsea Challenger и останатите предвидени експедиции се очекуваат многу интересни и нови сознанија за најдлабоките предели на Земјата и тајните што ги кријат. Од досегашните истражувања, во длабоките води (над 1 км) се откриени многу чудни, па дури и бизарни суштества со впечатлив изглед, прилагодени за живот во средини со малку кислород, големи притисоци и недостаток на светлина.

Македонците во Австралија

Thursday, March 8, 2012

Земјата на чоколадата

Швајцарија или официјално Швајцарската Конфедерација е федерална република која се состои од 26 кантони, со Берн како главен град.

Земјата се наоѓа во централна Европа, каде што се граничи со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток.

Tuesday, March 6, 2012

Улуру како свето место за Абориџините

Улуру или Ајер Рок, е песочна карпа која се наоѓа на Северната територија, токму во средината на Австралија . Оваа карпа која нагло се возвишува во сува рамница настанала како причина на песочните наноси кои ветрот ги носел со векови.


Улуру преставува свето место за Абориџините Неговата црвена боја, се менува под дејство на сонцето, во текот на целиот ден и токму поради ова таа е наречена Црвена Планина.

Улуру како свето место за Абориџините


Денес Улуру представува еден од многубројните национални симболи на Австралија и е ставена под заштита од светската организација за чување на природните и културните наследства.
Име


Локалните жители Pitjantjatjara овој белег го нарекле Улуру. Зборот улуру нема никакво значење во нивниот јазик, но е користен како фамилијарно име на старешините на локалните жители.
На 19 Јули во 1873 година, геолошкиот истражувач Вилијам Гос ја посетил планината Улуру и ја нарекол Ајер Рок во чест на тогашниот  на секретарјатот на северна Австралија

Friday, March 2, 2012

Натпревар по Географија за учениците од VIII-ОДД.


Теми за натпревари за основно образование
Содржините од учебникот за осмо одделение кои се однесуваат на Африка, Северна и Јужна Америка

Регионалните натпревари по географија се предвидува да се одржат на 7 Април 2012 година.
Државниот натпревар по географија ќе се одржи на 4- 5 Мај 2012 година

Sunday, February 26, 2012

Отворен „Снежниот Град - 2012“ во Бунец

Започна годинешниот снежен карван, кој е дел од манифестацијата „Снежен Град 2012
На отворањето во месноста Бунец, на брегот на Мавровското езеро, покрај ученици од повеќе училишта, присуствуваше и градоначалникот на општина Маврово Ростуше,  кој ја отвори манифестацијата.
На забавата, по повод отврањето на Снежниот град, настапи и пеачот и Драган Мијалковски.
 Во правањето на фигурите од снег, годинава учествува голем број ученици од повеќе основни училишта. Тие изминатава недела беа сместени во одмаралиштето Бунец и како што велат организаторите поминале преубави мигови во дружење.

Thursday, January 5, 2012


Образовен софтвер Seterra

Seterra е забавна програма која ќе ви помогне да ги подобрите вашите знаења од геогрфафија. Програмата содржи повеќе од 100 различни вежби од типот на квизови кои од вас барат да ги погодите државите, главните градови, државните знамиња и сл. Со еден збор Seterra претставува забавен начин како да ја совладате географијата


 Download Seterra

Monday, January 2, 2012

Интересни географски факти

Секој дел од светот крие свои интересни податоци. Ова се најинтересните факти од сите краеви на светот

geography-240


Амазон: Дождовната шума во Амазон произведува повеќе од 20 отсто од светскиот кислород.
Канада: Канада има повеќе езера од целиот останат свет заедно. Канада на индијански значи „Големо Село“.
Истанбул, Турција: Истанбул е единствениот град во светот кој што лежи на два континента.
Лос Ангелес: Целосното име на градот на Лејкерсите гласи: El Pueblo de Nuestra Senora la Reina de los Angeles de Porciuncula. Американците скратено го викаат L.A.
Охајо: Во Охајо не постојат природни езера, сите се вештачки направени.
Рим: Пвиот град кој достигнал до населеност од 1 милион луѓе е Рим, Италија во 133 година п.н.е. Постои град кој се вика Рим на секој континент.
Сибериа: Во Сиберија се наоѓаат повеќе од 25% од сите шуми во светот.
Пустината Сахара: Во пустината Сахара постои град Тидикелт во кој не заврнало ни капка дожд последните десет години.
Шпанија: SPAIN буквално значи „земјата на зајаците“.