СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Thursday, April 19, 2012

Одбележа денот на холандската кралица во училиштето Единство

Улениците од ОУ “Единство“ – Гостивар, 18.04.2012 со разни активности и со богата културна програма, го одбележаа Денот на холандската кралица. 

Годнава, Гостивар беше еден од одбраните градови од страна на Холандската амбасада во кој се одбележа овој значаен ден за холандскиот народ, а Општина Гостивар одлучи активностите да се одвиваат во Основното училиште “Единство“.

Денот на кралицата се одбележа во работна и празнична атмосфера. Неколку уленици со своите наставни по ликовно разубавија простории во и околу училиштето, а урамија и 30 одбрани цртежи од учениците. Други уленици со наставниците по музичко и физчко имаа подготвено богата културно-забавна програма со песни и ора на македонски, ,турски , ромски  и албански јазик  како и ритмички точки со странска музика.

Некои облечени во маички со официјалното лого на манифестацијата и со натписот “I love Gostivar” а некои со народни носии на заедниците кои живеат во Гостивар, учениците од ова училиште “Направија потег, го обоија светот“ што всушност беше слоганот на манифестацијата.

“Не случајно го одбравме ова училиште, бидејќи тука наставата се одвива на три јазика, а учат ученици од сите четири позастапени заедници во Гостивар. Со активностите кои денес сложно ги изведуваат учениците од училиштето “Единство“, ние праќаме позитивна порака не само во нашиот град, туку и во целата земја, токму во овие денови кога имаме појава на незавидни случувања“, истакна претседателот на Советот на Општина Гостивар, Фадил Зендели.

No comments:

Post a Comment