Вкупната должина на езерскиот брег изнесува 785,25 m, а во овие рамки тоа зафаќа површина од 42.000 m2. Најголемата длабочина при највисокиот водостој изнесува 17,2 m, додека при најнизок водостој таа е 13,8 m, односно просечната длабочина при среден водостој е 15,5 m според што тоа е трето по длабочина природно езеро, а најдлабоко планинско езеро во Македонија Во базенот на ова езеро се акумулираат вкупно 185.374 m3 вода.. До езерото води добро обележана планинарска патека со почеток од С. Нижеполе кај месноста Лак Поток и ски-лифтот, преку пределот Дебел Рид, а исто така може да се стигне пеш или со теренско возило од хотелот „Молика“ преку месноста Јоргов Камен и Малото Пелистерско Езеро. Од планинарскиот дом крај Големото Пелистерско Езеро започнува и води директна добро обележана планинарска патека кон селото Брајчино во Преспа
Насловната
Посети
Thursday, June 4, 2015
Големо пелистерско езеро
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment