СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Thursday, July 2, 2015

Елбрус

Елбрус е највисокиот врв во Русија , се наоѓа во северниот дел на планинскиот венец Голем Кавказ. Поделено е мислењето дали Елбрус е највисокиот врв во Европа , или пак највисок во западна Азија. Височината на врвот Елбрус достигнува 5.621 м. 
На територијата на Елбрус има национален парк да се заштити природните реткости на Кабардино-Балкарија- Русија.
Денес ова место е многу популарно и како скијачко одморалиште, несомнено целата регија изобилува со фантастички планински пејзажи, специфична флора, фауна тоа е причината што Елбрус привлекува авантуристи љубители на планината , од сите делови на земјата.
Екохотел-на врвот Елбрус
Научниците се убедени дека во историјата на планината имало две големи ерупции, истражувањата го потврдуваат тоа. Анализата на вулканскиот пепел покажува дека првата ерупција се случила околу 45 илјади години ,а авториот пред околу 40 илјади години.
Иако плени со својата убавина и височина искачувањето  на овој врв е релативно лесно, освојувањето не бара исклучителни вештини како на пример при освојувањето на Еверест. До 4.000 м има умерено падини на планините а потоа почнуваат посериозните искачувања






No comments:

Post a Comment