СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, September 1, 2015

Градот музеј, град на илјада прозорци

Градот Музеј Берат и најубавиот град во Албанија, се наоѓа во јужниот дел од државата, по многумина најубавиот град во оваа наша соседна држава. Овој добро сочуван  некогашен отомански град некој го сметаат дури за еден од најубавите на Балканот.Причината за тоа не лежи само во архитектурата на градот, туку и во неговата историја која таа архитектура тука ја "нацрта" Од 6 век п.н.е кога овде престојувало племето Десарет, преку Римјаните во 2 век и византија после поделбата на римското царство, ова место имало важно  стратешко значење. Во византискиот период градот бил познат како Пулхериополис. Градот е испреплетен со муслимански и христијански градби. Во него се наоѓа Џамија која датира од 15 век, како и бројни цркви кои припаѓаат на Албанската православна црква

No comments:

Post a Comment