СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Monday, September 3, 2018

ХОАЦИН



Оваа необична птица живее во прашумите на јужна Америка. Се задржува на дрвјата и во главном се храни со лисја, а нешто помалку и со овошје. Најголемиот број птици не можат да се хранат исклучиво со растителни материи, но хоацините тоа го можат затоа што во грлото имаат бактерии кои разградуваат целулоза, главна состојка на растенијата. Хоацините се гнездат во мали колонии-нив ги сочинуваат до 8 птици кои заеднички ја бранат територијатаи заедно се грижат за младите. Малите птички хоацин се особено интересни. Тие можат вешто да се качуваат по грмушки и дрвја со помош на две нанџички кои ги имаат на секое крило. Младите исто така добро пливаат, па во случај на опасност скокаат во вода, потоа со помош на канџите повторно се качуваат во гнездото.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ : северниот дел на Јужна Америка

No comments:

Post a Comment