СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, November 30, 2018

Најголемите Хималајски езера

На Химелаите има стотици езера повеќето со надморска висина под 5.000 метри. Најголемо езеро на Химелаите е езерото Пангонг Цо
Вкупната површина на езеро изнесува 699.2 км/2. Езерото Пангонг Цо (во превод високо планинско езеро) се наоѓа на 4.350 м надморска височина, долго е 134 км  и околу 5 км широко. 
Ова езерот се наоѓа помеѓу Индија и Кина. Преку зимата езерото во целост замрзнува, и покрај соленaта вода. Ова е прво прекугранично езеро во Јужна Азија заштитено со конвенција.  За дел од езерото имаат спор Индија и Кина на која држава припаѓа. Езерото е богато со голем број животински врсти . И покрај тешкиот терен езерото е предмет на интерес на голем број туристи.

Второт најголемо езеро на Хинмеалите е Јамдрок . Ова езеро е слатководно и се наоѓа на Тибетската висорамнина. Должината на ова езеро изнесува над 72 км . Езерото е опколено со снежни планини, со вода се снабдува преку голем број потоци. Јамдорк (Јамџо , Јацо) Околу 90 км западно од езерото се наоѓа тибетскиот град  Гијанс, а Ласа е 100 км североисточно. Според локалната митологија  Yamdok е трансформација на божица. Хидроцентралата Јамдрок била завршена 1996 година во близина на малото село Баиди на западниот крај на езереото. Оваа централа е најголема во Тибет

Мапам Јумцо е езеро лоцирано на Тибетанската висорамнина. Езерото се наоѓа во автономниот регион на Кина Тибет. Езерото се наоѓа на 950 км северозападно од Ласа. Во близината на самото езеро има топли извори .Мапам Јамо  се наоѓа на надморска висина од  4557 м и е едно од највисоките езера во светот. Езерото зафаќа површина од 520 км/2. далбочината достигнува до 82 метри. Во зима езерото е во целост замрзнато. Западно од ова езеро се наоѓа уште едно езеро  Ланго Тцо. Овие езера се поврзани со природен канал

Езерото Рара е најдлабокото и најголемото Непалско слатководно езеро на Химелаите. Езерото лежи на надморска висина од 2.990 метри. Рара езерото има површина од  10,8 км/2, максимална длабочина од  167 м.
 Езерото е опкружено со бор и смерка  во националниот парк Рара. Погледот од езерото кон врвовите на Химелаите ги привлекува големиот број туристи .

Моксундо е едно од планинските езера на Химеалите. Езерото се наоѓа во рамките на националниот парк Ши-Поксундо на надморска висина од 3612 м. Површина 320 км/2

Езеро Тилихо се наоѓа во областа Манонг во Непал. Ова мало езеро зафаќа површина од 4.8 км/2 . Планинско езеро Талихо  на надморсдка висина 4.919 метри. Во езерото не е регистриран воден организам.

Манасаровар езеро



Госајкунда


No comments:

Post a Comment