Река Пена некаде позната и под името Шарска река е најголемата река шарпланинска река после Вардар во полошката котлина.
Извориштето на реката започнува кај месноста Чабриолица и Борислаица високо на Шар Планина, на некаде околу 2 500 метри надморска височина, најпрвин течат две рекички, кои се соединуваат кај селата Вешала и Бозовце. Поминувајќи низ самиот центар на Тетово, таа се спушта во полошко поле, и кај селото Сараќино се влева во Вардар. Реката Пена е долга 29, км. Таа во своето корито прима други реки од кој најпознати се Караниколска река, Пржина, Вејчка, Лешничка, Бродечка и др.
На оваа река се наоѓаат 4 мали хидроцентрали, од кои едната е прва хидроцентрала во Македонија. Во 1979 година, по поројните дождови реката има надојдено и поплавено голем дел од градот Тетово, при што нанела големи штети
No comments:
Post a Comment