СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, May 20, 2015


Велигденскиот Остров е Полинезиски остров во југоисточниот Пацифик на најугоисточната точка на Полинезискиот триаголник.  Островот е посебна територија на Чиле. Познат е по своите монументални статуи наречени моаи , создадени од Рапанујците. Тие се дел на Листата на светското културно наследство заедно со Рапанујскиот национален парк.  Името„ Велигденски Остров“ било дадено од страна на првиот регистриран европски посетител холандскиот истражувач Јакоб Рогевен, кој пристигнал на островот на самиот ден Велигден во 1722 година. 
Официјалното име на островот е шпанскиот назив, „Isla de Pascua“,шпански термин за „Велигденски остров“.  Сегашното полинезиско име на островот „Rapa Nui“ или „Големиот Рапа“, било сковано од страна на работничките имигранти од Рапа на Островите Бас, кои биле поврзани со својата земја, но депортирани како перуански робови во 1870те. Како и да е, Тор Хејердал тврди дека името Рапа е оригиналното име на островот, додека Рапа Ити е дадено од страна на бегалците.  Постојат неколку хипотези за „оригиналното" полинезиско име за островот, вклучувајќи го и „Te pito o te henua“, или „Папокот на Светот". Легендата вели дека првото име на островот е „Te pito o te kainga a Hau Maka“, или „Малото парче земја на Хау Мака". Другото име „Mata-ki-Te-rangi“, значи „Очи кои зборуваат со небото“.
 Првите луѓе кои се населиле на Велигденскиот остров се верува дека биле организирани групи емигранти околу 300-400 година п.н.е. 
 Според легендата првиот крал на Рапа Нуи бил Хото Матуа, владетел на една група од Полонезија, чиј брод патувал илијадници милји пред да пристигне на Анакена, една од неколкуте песочни плажи на карпестиот брег на островот.   Најголемиот доказ за богатата култура развиена од првичните доселеници и нивните наследнице е постоењето на 900 џиновски камени статуи кои се пронајдени на различни локации на островот. Во просек тие се високи по 4 метри и тешки 13 тони.  Овие огромни камени бисти, познати како Моаи се издлабени во туф, ( светла карпа формирана од консолидиран вулкански пепел) и поставени на церемонијална камена платформа наречена Ахус. Се уште не се знае точно зошто биле создадени овие статуи во толкав број и со толкава височина, ниту како се пренесувале на островот.  Киповите всушност се потполно торзо, кои клечат на колена и имаат скрстени раце кои лежат на нивните стомаци. Некои исправени Моаи останале закопани до вратор како последица на тектонските движења. 

No comments:

Post a Comment