Јадранското море се простира помеѓу Балканскиот и Апенинскиот плуостров. Ова море преставува просторен залив на Средоземното море е поврзано преку Отранската врата и Јонското море. Неговата вкупна површина изнесува 138 000 км/2. Според длабочината, басенот на Јадранското море е поделен на два дела северозападен поплиток и југоисточен многу подлабок дел. Гарницата помеѓу овие два дела ја преставува подводен гребен кој се протега од полуостровот Пелашец до италјанскиот полуостров Монте Гаргано. Длабочината на морето во северозападниот дел во просек изнесува околу 50 метри. Во југоисточниот дел, кој има олика на длабока котлина, длабочината е значително поголема. Во тој дел се наоѓа и најголемата длабочина на Јадранското море од 1 330 метри. Јадранското море спаѓа во редот на топлите мориња во Европа. Соленоста на Јадранското море зависи од температурата на морската вода, од испарувањето, од врнежите и од дотокот на водите од реките со слатка вода. Тој се движи од 31 промил во северозапдниот дел до 38 промили во југоисточниот дел. Провидноста на водата на Јадранот достигнува до 56 метри длабочина. Таа е поголема на отворено море, а помала покрај брегот, пред речните утоки и покрај пристаништата и големите градови. Во Јадранот постојат три вида движења на морската вода- Морски бранови, морска струја и плимаи осека. Бојата на Јадранскот море е модро сина затоа ова море уште се вика и Син Јадран
No comments:
Post a Comment