СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Thursday, August 6, 2015

Највисоката висорамнина во Азија

Тибет се наоѓа на просечна надморска височина од 4.900 м, затоа често се нарекува "кров на светот". Тибетанската висорамнина го опфаќа најголемиот дел од автономниот регион  Тибет како и покраината Ќангхај во Западна Кина како и делови од Индија. Висорамнината е опколена со големи планински венци, годишно бројот на врнежи изнесува 100 до 300 мм и тоа претежно во облик на град. Условите за живот се доста тешки температурата во зима се спушта дури и под - 40 степени, поради тие причини ова е најретко населено места во Азија и трето во светот после Антартик и Северен Грендланд.

Доминантна религија во Тибет е тибетанскиот будизам , но и има и малценство кој припаѓаат на исламската и христијанската религија.

No comments:

Post a Comment