Апалачки планини се планински венец во источнио дел на северна Америка. Овие планини се едни од најстарите планини во целиот свет. Поголемиот дел од овие планини се наоѓа во САД, но има и дел во југоисточна Канада. Вака распространета формира ланец долг 2400 километри од островот Њуфаундленд до централниот дел на Алабама.Планинскиот систем е поделен во серии со поединечни планини со просечна висина од 900 метри.Највисок врв во овие планини е Планината Мичел кој е висок 2037 метри. Апалачките планини се прилично ниски и неистакнати..Во 1528 година додека го испитувале северниот брег на Флорида членовите од Narváez експедицијата нашле стар индијански град преведен како Apalachen. Целиот систем е преставен со 3 гео-целини: Северен дел, Централен и Јужен дел.
No comments:
Post a Comment