Езерото Сајма се наоѓа во југоисточниот дел на Финска. Ова езеро зафаќа површина од 4.400 км/2 и преставува најголемото езеро во Финска каде се регистрирани околу 60 000 езера.
Сајма е четврто природно езеро по големина во Европа. Настанало со топењето на ледник во леденото време. Поважни населени места на бреговите се Лаперанта, Иматра, Савонлина, Микели, Јоенсу. Од езерото истекува реката Вуокса и се влева во езерото Ладога. Покрај големиот број острови и тесни канали, езерото е расцепкано на многу делови секој со свое име. Сајма има најдолга брегова линија по единица површина во светот-цели 15.000 км, а подрачјето има околу 14.000 островчиња. Езерото е поврзано со Финскиот залив преку Сајменскиот канал, кој се протега од Лапенранта до Виборг. Има и канали до други помали езера во источна Финска, образувајќи мрежа од водни патишта. По нив сообраќаат претежно товарни пловила што носат дрво, минерална, метална руда, дрвна маса за хартија и други стоки, но ставени се и во туристички цели. Во Сајма живее загрозената сајменска фока која е ендемски подвид на прстенестата фока. Друг загрозен вид што живее само во ова езеро е зајманскиот лосос
No comments:
Post a Comment