СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Monday, August 6, 2018

РАКУН

Ракунот лесно се препознава по црните точки околу очите и прстените на опашката.  Тој е исклучително приспособливи и снаодлив па населува разлкични живеалишта, од прерии до шуми. Се приспособил на животот и во населени подрачја, каде што се храни со залихи на хранаод луѓето или на депонии за отпад. Ракуните се активни и дење и ноќе, воглавно живеат самостојно, а групи можат да се најдат само на места особено богати со храна. Со помош на предните нозе вешто се качуваат, копаат, па дури и отвараат врата за да дојдат до храна на луѓето. Според начинот на исхрана ракунот е сештојад, бидејќи се храни со се, а интересно е дека често ја остранува нечистотијата од хранатаили ја мие во вода пред да ја изеде. Женката и мажјакот кусо се задржуваат поради парење, а потоа женката на некое заштитно место (во јама, шупливо дрво, пукнатина од карпа итн.) гради брлог и во него коти обично три до четири млади.
Распространетост: Северна Америка од јужна Канада до централна Америка

Суур Мунамаги

Суур Мунамаги преставува највисокиот врв во Естонија. Достигнува 318 метри над нивото на морето.  Врвот се наоѓа во југоисточниот дел на Естонија, блиску до границата со Латвија, односно Русија. Името Суур Мунамаги означува  планина големо јајце. Суур Мунамјаги преставува и највисок врв помеѓу балттичките земји.

Sunday, August 5, 2018

ШУМСКИ ТЕТРЕБ

Ова е голема птица со должина до 115 cm и тежина до 4,5 кг.  Мажјаците се со убави бои, имаат широки, лепезести опашки и накострешени перудви на грлото, додека женките се многу помали и понеугледни. Шумскиот тетреб живее во густи зимзелени и мешани, планински шуми. Омилени му се подрачјата во кои пространи  пространи шуми се изменуваат со рамници. Целосно зависи од зимзелените иглички, кои му се единствената храна во зима, додеко на лето се храни со лисја, пупки и плодови.  Храната ја бара на земја, но и на дрвјата.  Машјаците треби во сезона на парење се собираат во традиционални ''собиралишта за парење" каде што се натреваруваат за шенките. Притоа се прчат во круг, ја држат главата високо во воздухот ширејќи ги  крилјата и опашката и испуштаат необични звуци. Гнездата ги градат на земја, во  висока трева или папрати во нив женките снесуваат до 10 пегави јајца. Поради лов, шумскиот татраб е многу проретчен, па станал загрозен вид.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ : Северна, западна и јужна Европа до средна Азија

Wednesday, August 1, 2018

Волк

Волкот е најголемиот претставник од семејството кучиња кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Живее во тајги и во планински шумски и отворени подрачја. Волкот е друштвено животно кое обично живее во глутници, а само понекогаш сам или во пар. Ловејќи во чопор, волкот може да лови плен многу поголем од самиот себе, како лос или ирвас. Пленот го наоѓа со острите сетила за мирис и слух, а се храни и со мрша. Волците се активни претежно ноќе, а можат издржливо да трчаат и така да поминат големи оддалечености. Во чопорот се пари доминантниот пар (алфа мажјакот и алфа женката) кои најчесто се спаруваат доживотно. Волците се познати по своето завивање, кое може да се слушне на оддалеченост од 10 километри, а на тој начин ја означуваат и бранат територијата. Некогаш волкот бил најраспространето животно на Земјата, но распространетоста значително му се намалила поради загубата на живеалишта и лов.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Америка, Гренланд, Европа, Азија

Смреков поткорник

Поткорниците се бубачки, кои во возрасен стадиум имаат цилиндрична форма на телото и заоблени гради кои го прекриваат најголемиот дел од главата. Под тврдата крилна покривка е сместен заден пар кожести крилја за летање. Женките на смрековиот поткорник градат тунели под кората на смреката и во нив полагаат јајца. Кога ларвите ќе се развијат, тие ја гризат кората создавајќи бројни тунели. Секој тунел завршува со излезно дупче од кое излегува развиена бубаќка. Кога ги напаѓаат дрвјата, смрековите поткорници во нив внесуваат габички, поради кои дрвото не може да лачи материи за одбрана од поткорниците и на крајот умира. Меѓутоа, за да им успее тоа, треба да има многу поткорници кои напаѓаат едно стебло, па затоа тие лачат посебни хемиски материи наречени феромони кои ги чувствуваат други поткорници и дури и ако се многу далеку доаѓаат до тоа стебло. Освен тоа, со феромоните меѓусебно се привлекуваат мажјаци и женки.

РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа и Азија

СВИЛООПАШКА

Оваа птица е чест жител на зимзелени шуми, како на планински, така и на тајги, каде што се гнезди. Зимува во јужните предели, па е честа во паркови и градини. Таа е со атрактивен изглед и лесно може да се препознае по кусиот клун, црната маска, перчето на главата и свиленкастите пердуви. Изразито е друштвена и се здржува во јата, а гнездата ги гради високо на гранки, од трева и гранчиња. Женката снесува 4-6 синкасти јајца од кои по две недели се изведуваат мали птички. Тие поминуваат уште две недели во гнездото, а потоа полетуваат. Воглавно се хранат со разни бобинки и семиња, иако понекогаш јадат и бубачки. Доколку зиме се намали количеството на храна, свилоопашките често во голем број вршат непредвидливи, номадски миграции во јужни краишта. Поради карактеристичниот изглед и однесување, понекогаш ги викаат “маскирани разбојници”.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа, Азија и Северна Америка