СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Monday, August 6, 2018

РАКУН

Ракунот лесно се препознава по црните точки околу очите и прстените на опашката.  Тој е исклучително приспособливи и снаодлив па населува разлкични живеалишта, од прерии до шуми. Се приспособил на животот и во населени подрачја, каде што се храни со залихи на хранаод луѓето или на депонии за отпад. Ракуните се активни и дење и ноќе, воглавно живеат самостојно, а групи можат да се најдат само на места особено богати со храна. Со помош на предните нозе вешто се качуваат, копаат, па дури и отвараат врата за да дојдат до храна на луѓето. Според начинот на исхрана ракунот е сештојад, бидејќи се храни со се, а интересно е дека често ја остранува нечистотијата од хранатаили ја мие во вода пред да ја изеде. Женката и мажјакот кусо се задржуваат поради парење, а потоа женката на некое заштитно место (во јама, шупливо дрво, пукнатина од карпа итн.) гради брлог и во него коти обично три до четири млади.
Распространетост: Северна Америка од јужна Канада до централна Америка

No comments:

Post a Comment