СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, August 1, 2018

Волк

Волкот е најголемиот претставник од семејството кучиња кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Живее во тајги и во планински шумски и отворени подрачја. Волкот е друштвено животно кое обично живее во глутници, а само понекогаш сам или во пар. Ловејќи во чопор, волкот може да лови плен многу поголем од самиот себе, како лос или ирвас. Пленот го наоѓа со острите сетила за мирис и слух, а се храни и со мрша. Волците се активни претежно ноќе, а можат издржливо да трчаат и така да поминат големи оддалечености. Во чопорот се пари доминантниот пар (алфа мажјакот и алфа женката) кои најчесто се спаруваат доживотно. Волците се познати по своето завивање, кое може да се слушне на оддалеченост од 10 километри, а на тој начин ја означуваат и бранат територијата. Некогаш волкот бил најраспространето животно на Земјата, но распространетоста значително му се намалила поради загубата на живеалишта и лов.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Америка, Гренланд, Европа, Азија

No comments:

Post a Comment