СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, May 21, 2010

Геолошките чуда во светот

Геолошките чуда во светот

Планетата на која живееме ни нуди убавини кои не можат да се опишат со зборови. Секоја земја има специфичност која го одзема здивот со својата неверојатна убавина, убавина која сме среќни да можеме да ја видиме макар и на слика. Еве некои од геолошките чуда на планетата земја кои можеби сте знаеле дека постојат, а можеби и не...

Брановидните дини - Аризона

Овој прекрасен пејсаж се наоѓа во САД помеѓу државите Аризона и Јута. Карпите се состојат од 190 години стари песочни дини кои со тек на времето се претвориле во цврсти карпи. За да се стигне до овие карпи треба да се испешачат околу 3 милји, но дефинитивно напорот ќе се исплатува кога ќе се погледне оваа прекрасна формација која го одзема здивот.

Кањонот Антилоп - Аризона

Овој кањон е лоциран во Наваро, Аризона, и е најпосетениот и најфотографиран тесен кањон во југозападна Америка. Кањонот Антилоп е поделен на горен дел т.н. Пукнатина и долен дел наречен Отворач за шишиња. И двата дела зрачат со убавина која ретко може да се види наоколу.

Големата сина дупка - Белизе

Оваа убавица е лоцирана во Белизе и е оддалечена на околу 60 милји од градот Белизе. Оваа дупка има речиси совршена тркалезна форма со што уште еднаш покажува дека мајката природа е совршена. Ова е едно од најневеројатните и најпосакувани места за нуркање во светот. Водата во оваа дупка е длабока 146 метри и токму таа длабочина и ја дава на оваа дупка прекрасната сина боја.

Кристалната пештера - Мексико

Кристалната гигантска пештера се наоѓа во Чивава, Мексико и претставува вистинска реткост од кристални формации. Нив ги создала природата во пештера опкружена со карпесто тло. Некои кристали се високи колку борово дрво, а некои пак и пошироки во обем. Бојата им е проѕирно златна и проѕирно сребрена и неверојатно блескава што речиси заслепува. Ги има во сите форми и големини. Се верува дека овие кристали се создадени од истите хидротермални течности како и варовникот кој го има во среброто, цинкот.

Сината езерска пештера - Бразил

Оваа езерска сина пештера се наоѓа во регионот Мато Гросо до Сул во Бразил и малото гратче Бонито кое изобилува со вакви пештери. Ова е споменик на природата, а неговиот ентериер се состои од сталактити, сталагмити и секако прекрасното езеро. Сината езерска пештера има бројни геолошки формации, но сината боја на водата е она што го прави нејзиниот спектакуларен изглед.

Гигантскиот насип - Ирска

Овој огромен насип се наоѓа во североисточниот дел на Северна Ирска. Тие се последица на старата вулканска ерупција. Повеќето од овие столбови се шестоаголни, но има и такви со седум па и осум страни. Највисокиот столб има висина од 10 метри, а лавата која се наоѓа на гребените достигнува дебелина од 28 метри. Ова се смета за четвртото најголемо чудо во Велика Британија.

Вратата кон пеколот - Узбекистан

Пеколната порта или Вратата кон пеколот се наоѓа во Узбекистан, во близина на градот Дарваз. Но не само природата, туку и човекот ги има вмешано прстите во ова чудо. Кога луѓето дупчеле во потрага по гас пред околу 35 години тие пронашле подземна јама која била толку голема што целата нивната опрема за дупчење и кампот одеднаш пропаднале во неа. Никој не се осмелил да се симне долу бидејќи јамата била преполна со гас. Затоа тие ја запалиле, за да не можат отровните гасови да достигнат до врвот. Таа јама гори со години без било каков знак дека ќе прегори. Јамата изгледа има бесконечни залихи на гас.

Чоколадни ридови - Филипини

Чоколадните ридови се наоѓаат во местото Бохол на Филипините и се состојат од 1.268 совршено обликувани конусовидни ридови. Тие имаат иста величина и се распространети на површина од повеќе од 20 квадратни милји. Оваа формација има мошне необична геолошка структура. Постојат бројни објаснувања како настанале тие ридови, почнувајќи од тоа дека се варовник кој обликот го добил поради ерозија, потоа дека се подокеански вулкани, дека се настанати со подигнување на морското дно, а најновото објаснување е дека настанале како последица од вулканска експлозија по која парчиња се распрснале по тлото и со текот на времето биле покриени од варовник и заоблени. Иако можеби никогаш нема да се дознае вистинската причина за нивното создавање, тие сепак остануваат прекрасна глетка.

No comments: