СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Saturday, June 5, 2010

Водите во рм


Водите во рм

Водата има посебно место во на нашата планета. Таа го дава животот и овозможува негов развиток и создавање на нов. Таа е дел од секое живо суштество. Водата е животна енергија на земјата. Околу 2% од територијата на Македонија се под водена површина.
Има околу 35 реки и 53 природни и вештачки езера. Според количините на водени ресурси Македонија спаѓа во подрачје со задоволителни водни ресурси, но со доста голема нивна нерамномерна распределба. Реките припаѓаат на 6 сливни подрачја: на реката Вардар 20.535км2, на реката Црн Дрим 3.350км2, на реката Струмица 1.535км2, на Дојранското Езеро 120км2, на реката Лебничка 129км2 и на реката Биначка Морава 44км2. За екологијата доста значајно е префрлањето на води од еден во друг слив. Досега вакво префрлање има од сливот на река Радика во сливот на река Вардар (преку Мавровските ХЕЦ) и од сливот на река Брегалница во сливот на река Струмица (од акумулацијата Мантово). А за иднина се планираат и други префрлања како на пример: од сливот на река Вардар во сливот на река Треска, од сливот на река Пчиња во Овчо поле и други). Слив: Се подразбира дел од територијата на која водите од атмосферски врнежи, од подземни води и извори се сливаат во еден водотек преку кој се влеваат во некое море. Во Македонија се: Егејски , Црноморски и Јадрански слив. Само мал дел од територијата на соседните земји (10%) припаѓа на овие сливови. Егејскиот слив опфаќа 87% од водите во република Македонија. Водите во нашата земја се поделени во следните категории: Подземни води од сите нивоа Речни текови Природни и вештачки езера Потреби за корисници на вода: Вода за населението и за комунални потреби Вода за индустријата Вода за земјоделието Реките припаѓаат на три сливни подрачја: Егејски, Јадрански и Црноморски слив. Егејскиот речен слив е најголем и зафаќа 87% од вкупната територија на РМ и позначајни реки од овој слив се реките: Вардар и Струмица. Јадранскиот слив опфаќа околу 13% од територијата на РМ и најзначајна река е Црн Дрим. Црноморското сливно подрачје е доста мало и река во овој слив е Биначка Морава. Тие се доста нерамномерно распространети така што западниот дел има поголеми количини на вода. Просечно вкупната количина на вода во РМ се 6.63 милијарди м3 вода, која се влива во сливовите на следните реки: Вардар (4.77 милијарди м3), Струмица (0.18 милијарди м3) и Црн Дрим (1.68 милијарди м3). Реките имат висок водостој во пролетните и есенските месеци а низок летно време. Во овие сливови има повеќе од 30 извори со проток поголем од 100 л/сек кои претставуваат главен извор на вода за пиење. Распоредот на искористувањето на водените ресурси е следно: за наводнување се користат 34%, за индустријата 11% и на населението 10% а останатиот дел е за биолошки минимум. Но планот за искористување на водите е стар и неефикасен така како проблеми може да се спомнат: не добро определен биолошки минимум кој не обезбедува услови за да преживеат рибите во нив и расправии околу некои корисници во источниот дел на Македонија околу користењето на водите. Хидрометеоролошкиот завод е задолжен за следење на водените ресурси во РМ кое го прави преку повеќе мониторинг станици, чии согледувања од добиените податоци е дека во последните години има намалување на врнежите. Поради тоа се јавува недостаток на вода во одредени делови и низок водостој на реките. Овој низок водостој доведува до сушни периоди и до зголемена загаденост на реките.

No comments:

Post a Comment