СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Monday, July 30, 2018

Ирвас

Мажјаците ирваси имаат големи, разгранети рогови, а под вратот долго влакно како брада. За разлика од останатите видови на елени, кај ирвасот и женките имаат помали рогови. На нозете имаат широки чапунки кои спречуваат пропаѓање во снег. Добро трчаат и пливаат. Лете пасат трева, шамок и зелјести растенија, додека во текот на долгите зими се хранат со мовови, лишаи и габи. Имаат добро развиено сетило за мирис со кое бараат храна закопана под снегот. Секој мажјак во есен собира неколку женки со кои се пари, а во пролет тие отелуваат едно или две млади. Ирвасите живеат во големи крда во тајги и тундри до реки и езера. Стадата се составени од женки и млади животни кои ги предводи еден стар мажјак, додека останатите мажјаци до зимата живеат самостојно или во помали групи. Некои ирваси двапати годишно вршат големи преселби, кога поминуваат и до 1200 километри.РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северниот дел на Европа, Азија и Северна Америка

No comments:

Post a Comment