СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Monday, July 30, 2018

Сибирски Самур

Ова животно од семејството куни може да биде долго до 45 см и тешко до 2 кг. Крзното му е кафеаво-црно, а на грлото има светлокафеава дамка. На прстите има остри канџи кои може малку да ги увлече. Живее во зимзелени шуми до горни текови на реки. Најчесто е ноќно животно, иако некои се движат исклучиво дење. Освен во периодот на парење, сибирските самури живеат самостојно. Тоа се внимателни животни, кои добро се качуваат и скокаат. Се хранат со верверички, глувци, птици, риби, но и со плодови и шумски семки. За неповолни времиња собираат храна во брлозите создавајќи залихи. Се парат на пролет, а дури следната година во април женката ќе окоти две до пет млади во засолниште помеѓу корења на стебла или пукнатини меѓу камења. Освен главниот брлог, имаат и бројни привремени брлози. Сибирскиот самур бил интензивно ловен поради ценетото крзно, поради што е истребен во Европа.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна и источна Азија

No comments:

Post a Comment