СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, July 29, 2015

Кајмански острови


Кајмански острови се сместени во западните делови на Карипското море, јужно од Куба и северозападно од Јамајка. Составени се од три дела Голем Кајман,, Кајман Брак и Мал Кајман. Освен белите песочни плажи и кристално чистите води, островите ги краси и бујна мангрова и зимзелена шума.Желките раскошните папагали и сината игуана се само од некои од егзотичните животни што можат да се сретнат на Кајманските острови.

Една од поголемите атракции на Голем Кајман е плажата Севн Мајл Бич, каде се сместени разни хотели и одморалишта. Голем број туристи привлекува замокот Педро Сент Џејмс во Савана, други поголеми туристички атракции на Голем Кајман е плажата Хел -Пекол солен песок, поморскиот тематски парк Боутсвејн Бич со 9,3 ха и планирањето по шумите со водич. Сите три острови нудат нуркање со раи и разгледување на потонати бродови

No comments:

Post a Comment