СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, July 31, 2015

Мароко

Мароко е земја со долга историја, мешавина од култури, религии и стилови. Земја која мора да се види и доживее. Мароко е држава на северозападна Африка во регијата позната како Магреб. На север се граничи со шпанските есклави Сеута и Мелиља, на исток и југоисток со Алжир, а на југ со територијата Западна Сахара. Никаде во светот не постои таква комбинација на бои, мириси и вкусови како во Мароко. Единствена земја каде во еден ден може да се замине  на плажа и да се бањате, одмнарате во пустина и да скијате на планини.
Кралството Мароко е најзападната  од североисточните држава познати како Ал Магреб, што во предвод значи запад.Целосното арапско име може да се преведе како Западно кралство.Името Мароко потекнува од името на поранешната престолнина Маракеш, што значи Божја земја на берберски јазик.Мароко според многумина е идеална стартна позиција за патување по Африка. Казабланка,Рабат,Тангер, Фес и Маракеш се само од неколкуте дестинации кој  раскажуваат иделани бајки.

No comments:

Post a Comment