Скадарското езеро е најголемото езеро на Балканскиот полуостров. Површината на ова езеро изнесува 369,7 км/2 од тоа на Црна Гора и припаѓа 221,8 км2 , а на Албанија 147,9 км/2.Ова езеро се храна со голем број реки а од него поголема река која се излева е Бојана и се влева во Јадранското море. Должината на езерото достигнува до 40 км, а широчината до 14 км. Длабочината изнесува од 4 до 6 метри а кон запад и таа длабочина се зголемува.
На брегот на езерото се наоѓа малиот град Рјека Црноевича
Езерото е полно со острови и полуострови исполнети со древни свети објекти и археолошки остатоци. Ова езеро има специфична фауна како на пример реткиот бел Пеликан кој во Европа скоро да не може да се забележи.
No comments:
Post a Comment