СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Thursday, March 3, 2016

Најстариот национален парк во Македонија

Национален парк Пелистер преставува најстариот национален парк во Р Македонија. Тој се наоѓа помеќу Преспанската котлина и котлината Пелагонија.  Пелистер е прогласен за национален парк во  1948 година.
Тој зафаќа површина од 10400 ха со висинска разлика од 600 до 2600 м. Под шуми се наоѓаат 
5377 ха,. Шумата од Молика (вид на ендемичен и реликтен бор за првпат откриен од страна на Гризебах во 1829 година ), е посебна вредност на паркот. Се простира на површина од 1300 ха (чисти состојки) и претставува резерват. Во паркот се застапени повеќе видови на дрвја, така што во неговата дендофлора се јавуваат 29 % од вкупната македонска дендофлора. Паркот се карактеризира и со тоа што на релативно мало подрачје се сконцентрирани голем број специфични природни реткости. Пелистер како висока планина за време на плеистоценот била под лед и од тогаш се останати циркови, валови и морени како специфични глацијални форми во релјефот. Во два цирка се сочувани леднички езера - Големото езеро кое се наоѓа на 2218 м надморска височина и зафаќа површина од 4,2 ха и Малото езеро кое е на надморска височина од 2180 м. Потоа во паркот се сретнуваат камените реки како специфични морфолошки форми и редок природен феномен. Националниот парк Пелистер е поделен во три зони: строго заштитена зона со површина од 1600 ха, рекреативна зона со повеќе туристички и спортски објекти и стопанска зона.

Национален парк               Град                     Површина во Ха    Надморска височина      

Пелистер  (1948 г.)         Битола                              10400                  600 - 2600
Маврово  (1949 г.)          Гостивар                          73088                  400 - 2200
Галичица  (1958 г.)        Охрид - Ресен                   23000                  700 - 2255
Јасен (резерват)              Скопје - Кисела Вода      10000                  376 - 2180

No comments:

Post a Comment