СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, March 4, 2016

Фрушка Гора

Фрушка Гора е долга 80 км и 15 км широка планина во северен Срем. Најголемиот врв е Црвениот Чот. Најубавиот дел од планината , околу 25000 хектари, во 1960 година е прогласен за национален парк. За староста на планината зборува геолошкиот состав . Некогаш оддамна Фрушка гора била остров во Панонското море. На оваа планина растат околу 1500 врсти растенија, а повеќе од 40 се природна реткост во Србија. Фрушка Гора е богата со животински свет. Од 24 врсти влекачи и водоземци најбислу до истребување се шарениот дождовник и змијата шарка, о од птиците орелот крстач. Оваа планина е позната по една печурка која расте на нејзините падини, Phallus impudicus Или страшак, Често во книгите Фрушка Гора се нарекува српска света Гора. Австрискиот патописец Феликс Каниц, запишал дека лесно можеш да ја замислиш Унгарија пуста без чардаш, отколку српска планина без манастир. На Фрушка гора има 16 манастири. Се претпоставува дека првиот манастире го основал Св Сава. Во 16 век според некои извори се наведува дека на Фрушка Гора имало 35 манастири.



No comments:

Post a Comment