Постојнска јама (пештера) е најголемата пештера во Словенија. Постојнската јама е една од најголемите геолошки атракции во Словенија. Представува 20.570 метри долга системска пештера. Во тој систем спаѓаат уште и Отошка, Магдаленината, Джрна и Пивка пештерата. Овој систем на пештери настанал под влијание делумно од понорницата на реката Пивка, која во својот тек последните 2 милиони години, го образувала неговиот сегашен изглед и форма. Во внатрешноста на пештерата температурата е константна и изнесува од 8 степени Ц до 10 Степени Ц. Најголема длабочина на Постојнската јама изнесува 115 метри. Постојнската пештера е богата со биолошки врсти во подземниот свет. Најпозната е човечка рибица . Тоа е впрочем околу 20 цм долг водоземец, сличен на гуштер со закржлавени нозе и без очи. Името е добиено по бојата на кожата која е многу слична на човечката. Судејќи според натписите во пештерата, првите посетители имало дури од 13 век.. Откриена е далечната 1818 година кога сличајно ја пронашол еден селанец. Веќе следната година Постојнската јама ги примила првите посетители туристи.Во 1872 година во јамата се поставени железнички шини а во 1884 година била осветлена со факаели и керозин светилки а подоцна биле заменети со електрични светилки. Постојнската јама и денес единствената пештера во светот каде при разгледувањето поминувате со воз. За туристите е отворено околу 5300 метри од пештерата. Постојнската јама до сега ја виделе околу 31 милион посетител што ја прави најпосетуваната туристичка пештера во ЕвропаНасловната
Посети
Thursday, March 24, 2016
Постојнска јама
Постојнска јама (пештера) е најголемата пештера во Словенија. Постојнската јама е една од најголемите геолошки атракции во Словенија. Представува 20.570 метри долга системска пештера. Во тој систем спаѓаат уште и Отошка, Магдаленината, Джрна и Пивка пештерата. Овој систем на пештери настанал под влијание делумно од понорницата на реката Пивка, која во својот тек последните 2 милиони години, го образувала неговиот сегашен изглед и форма. Во внатрешноста на пештерата температурата е константна и изнесува од 8 степени Ц до 10 Степени Ц. Најголема длабочина на Постојнската јама изнесува 115 метри. Постојнската пештера е богата со биолошки врсти во подземниот свет. Најпозната е човечка рибица . Тоа е впрочем околу 20 цм долг водоземец, сличен на гуштер со закржлавени нозе и без очи. Името е добиено по бојата на кожата која е многу слична на човечката. Судејќи според натписите во пештерата, првите посетители имало дури од 13 век.. Откриена е далечната 1818 година кога сличајно ја пронашол еден селанец. Веќе следната година Постојнската јама ги примила првите посетители туристи.Во 1872 година во јамата се поставени железнички шини а во 1884 година била осветлена со факаели и керозин светилки а подоцна биле заменети со електрични светилки. Постојнската јама и денес единствената пештера во светот каде при разгледувањето поминувате со воз. За туристите е отворено околу 5300 метри од пештерата. Постојнската јама до сега ја виделе околу 31 милион посетител што ја прави најпосетуваната туристичка пештера во Европа
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment