Насловната
Посети
Friday, December 28, 2018
Friday, December 21, 2018
Sunday, December 16, 2018
Квиз прашање 22
Ни сме две реки,
се влеваме во Средоземното море
Јас извирам од езерото Тана а другата река извира од Викториното езеро
Се спојуваме во близина на градот Картум
Успеваме заедно да ја пробиеме најголемата пустина во светот
Значи ние сме ....
се влеваме во Средоземното море
Јас извирам од езерото Тана а другата река извира од Викториното езеро
Се спојуваме во близина на градот Картум
Успеваме заедно да ја пробиеме најголемата пустина во светот
Значи ние сме ....
Saturday, December 15, 2018
Квиз прашање 16

Од престојот тука видов многу интересни нешта бев и во главниот град Антананариво . Посебно внимание ми привлече дрвото баобаб многу интересни животни како што се ламурите и камелеоните.
Квиз прашање 14

На една филмска сцена двајца пловат и го гледаат залезот на сонцето по второто најдлабоко езеро во светот. Езерото е богато со риба и има длабочина од 1470 метри. Езерото територијално се наоѓа во четири држави Танзанија. Демократска Република Конго, Бурунди и ЗамбијаНа кое Африканско езеро пловеле глумците ?
Friday, December 14, 2018
Квиз прашање 13
Стојам покрај брегот на Средоземното море, го гледам во далечина Африканскиот континент Африка од мене преку протокот е оддалечен 14 километри.
Кој проток не разделува
Кој проток не разделува
Wednesday, December 5, 2018
Република Словенија
Словенија го зафаќа северозападниот дел на Балканскиот полуостров. На север се граничи со Асвтрија, на исток со Унгарија, на југ со Хрватска на запад со Италија и Јадранското море. Во овие граници таа зафаќа површина од 20 251 км/2.
Словенија има поволна географска местоположба. Таа е балкански, средоземноморска и средноевропска држава. За поволната географска местоположба на оваа држава придонесува излегувањето на Јадранското море. што има посебно значење на оваа земја. Преку него таа се поврзува по воден пат со многу земји во светот.
Релјефот во Словенија е планински. Во нејзиниот северозападен дел се протегаат источните делови на Алпите. Од нив се одделуваат Караванкитеи Јулискита Алпи. Во источниот дел на Словенија се наоѓаатниските планини Козјак, Похорје, и Славонска Горица, а на запад Трновски Гозд , Нанос и Снежник. Од сите планини најголемо значење имаа Јулиските Алпи. Ти се високи назабени и имаат остри врвови, со стрмни падини и со богата пасишта и шуми. На нив се наожаат и највисокиот врв Триглав ( 2864 м) . Меѓу планините се наоѓаат пространи котлини. Меѓу нив се Љубљанска, Мариборска и Цељска котлина.
Во Словенија се карактеристични четири климатски типови, и тоа средоземноморска, континентална, умерено континентална и планинска. Средоземноморската е клима застапенана Јадранското приморје, планинската на Алпите, умерено континенталната е во котлините и речните долини, а континенталната во источните делови на дравата.
Реките во Словенијаприпаѓаат на две морски сливни подрачја: Црноморско и Јадрански слив. Во Црноморскиот речен слив припаѓаат Сава, Драва и Мура, а во Јадранскиот реката Сочпа. Овие реки имаат значително хидроенергетска моќ и на нив се изградени повеќе хидроцентрали. Во Словенија има повеќе езера. Меѓу нив се и Бледското и Бохинското. Тие со својата убавина и живописна околина привлекуваатголем број туристи.
Население и стопански одлики
Мнозинството од населението во Словенија го сочинуваат Словенци над 90 %,. Од другите народи има Италјанци, Австрици, Хрвати и др. Денесна нејзината територија живеат над 2 милиони жители. Главен град е Љубљана.
Словенија е сиромашна со руди, освен со олово-цинкова има и јаглен. Од земјоделските култури најмногу се одгледуваат пченица, јачмен, хмељ, компири грозеј. Во сточарството, на Алпите е застапено одгледување на високомлечни крави. Од индустриските гранки развиени се металната-Љубљана, автомобилската- во Марибор, електротехничката- во Крањ и Велење, хемиската- во Ново место, текстилната- во Мурска Собата и др. Дрвната Индустрија е развиена во повеќе градови, а индустријата за конзеривирана риба во Изола.
Туризмот завзема важно место во стопанството на оваа земја. Тој е најразвиен во Јадранското приморје (Порторож, Пиран и Копер) потоа на Алпите (Планица и Крањеска Гора), на Бледското и Бохињското езеро итн. Голем број туристи привлекуваат подземните јами и пештера. Меѓу нив најпозната е Постоинската јама која е една од најубавите во Европа.
Словенија извезува индустриски стоки, а увезува земјоделски производи, нафта и руди. Во надворешната трговија најмногу тргува со Република Македонија, Австрија, Хрватска и други земји.
Вежби: Градови во Словенија кликни ТУКА
Friday, November 30, 2018
Најголемите Хималајски езера

Вкупната површина на езеро изнесува 699.2 км/2. Езерото Пангонг Цо (во превод високо планинско езеро) се наоѓа на 4.350 м надморска височина, долго е 134 км и околу 5 км широко.
Ова езерот се наоѓа помеѓу Индија и Кина. Преку зимата езерото во целост замрзнува, и покрај соленaта вода. Ова е прво прекугранично езеро во Јужна Азија заштитено со конвенција. За дел од езерото имаат спор Индија и Кина на која држава припаѓа. Езерото е богато со голем број животински врсти . И покрај тешкиот терен езерото е предмет на интерес на голем број туристи.
Второт најголемо езеро на Хинмеалите е Јамдрок . Ова езеро е слатководно и се наоѓа на Тибетската висорамнина. Должината на ова езеро изнесува над 72 км . Езерото е опколено со снежни планини, со вода се снабдува преку голем број потоци. Јамдорк (Јамџо , Јацо) Околу 90 км западно од езерото се наоѓа тибетскиот град Гијанс, а Ласа е 100 км североисточно. Според локалната митологија Yamdok е трансформација на божица. Хидроцентралата Јамдрок била завршена 1996 година во близина на малото село Баиди на западниот крај на езереото. Оваа централа е најголема во Тибет
Мапам Јумцо е езеро лоцирано на Тибетанската висорамнина. Езерото се наоѓа во автономниот регион на Кина Тибет. Езерото се наоѓа на 950 км северозападно од Ласа. Во близината на самото езеро има топли извори .Мапам Јамо се наоѓа на надморска висина од 4557 м и е едно од највисоките езера во светот. Езерото зафаќа површина од 520 км/2. далбочината достигнува до 82 метри. Во зима езерото е во целост замрзнато. Западно од ова езеро се наоѓа уште едно езеро Ланго Тцо. Овие езера се поврзани со природен канал
Езерото Рара е најдлабокото и најголемото Непалско слатководно езеро на Химелаите. Езерото лежи на надморска висина од 2.990 метри. Рара езерото има површина од 10,8 км/2, максимална длабочина од 167 м.
Езерото е опкружено со бор и смерка во националниот парк Рара. Погледот од езерото кон врвовите на Химелаите ги привлекува големиот број туристи .
Моксундо е едно од планинските езера на Химеалите. Езерото се наоѓа во рамките на националниот парк Ши-Поксундо на надморска висина од 3612 м. Површина 320 км/2
Езеро Тилихо се наоѓа во областа Манонг во Непал. Ова мало езеро зафаќа површина од 4.8 км/2 . Планинско езеро Талихо на надморсдка висина 4.919 метри. Во езерото не е регистриран воден организам.Мапам Јумцо е езеро лоцирано на Тибетанската висорамнина. Езерото се наоѓа во автономниот регион на Кина Тибет. Езерото се наоѓа на 950 км северозападно од Ласа. Во близината на самото езеро има топли извори .Мапам Јамо се наоѓа на надморска висина од 4557 м и е едно од највисоките езера во светот. Езерото зафаќа површина од 520 км/2. далбочината достигнува до 82 метри. Во зима езерото е во целост замрзнато. Западно од ова езеро се наоѓа уште едно езеро Ланго Тцо. Овие езера се поврзани со природен канал
Езерото Рара е најдлабокото и најголемото Непалско слатководно езеро на Химелаите. Езерото лежи на надморска висина од 2.990 метри. Рара езерото има површина од 10,8 км/2, максимална длабочина од 167 м.
Езерото е опкружено со бор и смерка во националниот парк Рара. Погледот од езерото кон врвовите на Химелаите ги привлекува големиот број туристи .
Моксундо е едно од планинските езера на Химеалите. Езерото се наоѓа во рамките на националниот парк Ши-Поксундо на надморска висина од 3612 м. Површина 320 км/2
Манасаровар езеро
Госајкунда
Маори

Се верува дека Нов Зеланд е едно од последните места на која згазнала човечката нога пред доаѓањето на модерната цивилизаиција. Маорите живееле во изолација се до 18 век кога запознмаче и контактите со Европјаните. Во 1840 година Велика Британија ја анактрирала Нов зеланд, со тоа дека е направена спогодба во Ваитангију каде на Маорите им е гарантирана автономија. Но, дел поради болести на кои немале имунитет, дел поради вооружените судири, бројот на Маорите во 19 век почнал брзо да се намалува. Дури во 1960 година дошло до култуѕрна ренесанса помеѓу Маорите, кои денес учествуваа со 14,7% од вкупното население во Нов Зеланд
Saturday, November 10, 2018
Friday, November 2, 2018
Вулкан корјакски

Корјакски се наоѓа на Тихиот океан во точката каде Тихоокеанската плоча доаѓа во допир со Евроазиската плоча. Вуклканот веројатно бил активен дестеици илјади години.
Monday, October 1, 2018
Астероиди

Friday, September 28, 2018
Малајски тапир
Малајскиот тапир е најголем од четорите вида тапири. Долг е до 2,5 а може да биде тежок повече од 300 кг. Тоа е набиено животно со издолжено тело. Горната усна и носот се продолжени во подвижно рамо. Младите тапири имаат црвено кафеаво крзно со водорамни линии и дамки, а по шест месеци почнува да се појавува обоеност како ка возрасните. Имаат многу тврда кожа. Малајскиот тапир живее во тропски шуми, често во вода. Можне е внимателно и плашливо животно, кое има добро развиени сетила за слух и мирис, а слаб вид. Најчесто живее во самотија. Се храни ноќе, со меки гранчиња, млади лисја и паднати плодови, а дење се крие и мирува. Околу 400 дена по парењето се раѓа едно младо. Малајскиот тапир припаѓа на стара група животни, која многу малку се изменила за милиони години, поради што се наречени "живи фосили" Поради уништувањето на живеалиштата и лов, тој е загрозен вид.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ Југоисточна Азија
Saturday, September 22, 2018
Марабу Штрк

Распространетост: Африка јужно од Сахара
Џиновски мравојед

РАСПРОСТРАНЕТОСТ:
Јужна АмерикаThursday, September 13, 2018
Голема Панда
Големата панда се вбројува меѓу мечките, а живее во мал простор во источна Азија. Живее во различни типови на шуми во кои растат бамбуси, нејзината единствена храна. Одлично се качува а и добро плива. На шепите под палецот има уште еден, т.н лажен палец и служи за држење на стебленцата и листовите бамбуси. За разлика од најголемиот број мечки, големата панда не спие зимски сон, туку зиме се спушта во пониските надморски висини.. Иако пандата насекаде претставува симбол за заштита на природата, нејзиниот опстанок е загрозен поради уништување на живеалиштата и криволов
Распространетост: Источна Азија
Распространетост: Источна Азија
Monday, September 3, 2018
ХОАЦИН

РАСПРОСТРАНЕТОСТ : северниот дел на Јужна Америка
КАПИБАРА

Капибара или водното прасе е најголемиот глодар на светот и може да биде тека и до 65 кг. Живее во џунгли и во други шумски подрачја со реки и езера. Помеѓу прстите има делумно развиени пливачки кожички и изворедно плива и нурка, а нејчесто се одмара ислежувајќи се во вода. Ноздрите и ушите и се сместени на врвот на глават, што е исто така приспособување на водниот начин на живот. Се харни со водни растенија пупки, мека кора од дрвја а понекогаш и со посеви. Капибарите се активни во самрак и зора,а во текот на денот и околу полноѓ се одмараат. Живеат или во парови, или во семејни групи а, понекогаш и во поголеми стада предводени од доминантен мажјак кој се пари со сите женки од групата.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ ЈУЖНА АМЕРИКА
Monday, August 6, 2018
РАКУН

Распространетост: Северна Америка од јужна Канада до централна Америка
Суур Мунамаги

Sunday, August 5, 2018
ШУМСКИ ТЕТРЕБ

РАСПРОСТРАНЕТОСТ : Северна, западна и јужна Европа до средна Азија
Wednesday, August 1, 2018
Волк

РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Америка, Гренланд, Европа, Азија
Смреков поткорник
Поткорниците се бубачки, кои во возрасен стадиум имаат цилиндрична форма на телото и заоблени гради кои го прекриваат најголемиот дел од главата. Под тврдата крилна покривка е сместен заден пар кожести крилја за летање. Женките на смрековиот поткорник градат тунели под кората на смреката и во нив полагаат јајца. Кога ларвите ќе се развијат, тие ја гризат кората создавајќи бројни тунели. Секој тунел завршува со излезно дупче од кое излегува развиена бубаќка. Кога ги напаѓаат дрвјата, смрековите поткорници во нив внесуваат габички, поради кои дрвото не може да лачи материи за одбрана од поткорниците и на крајот умира. Меѓутоа, за да им успее тоа, треба да има многу поткорници кои напаѓаат едно стебло, па затоа тие лачат посебни хемиски материи наречени феромони кои ги чувствуваат други поткорници и дури и ако се многу далеку доаѓаат до тоа стебло. Освен тоа, со феромоните меѓусебно се привлекуваат мажјаци и женки.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа и Азија
СВИЛООПАШКА

РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа, Азија и Северна Америка
Tuesday, July 31, 2018
Ватикан

КРСТОКЛУНЕЦ
Крстоклунецот лесно може да се препознае по необичниот клун, чиј горен и долен дел се вкрстени. целата година. Меѓутоа, кога на некои подрачје нема доволно храна, иако не се птици преселници, преминуваат прилично големи оддалечености во потрага на поповолни подрачја. Женката снесува три или четири зеленкасти јајца и сама лежи врз нив, додека за младите се грижат и двата родители. Мажјаците и женките на крстоклунецот се разликуваат по бојата: мажјаците се обично со портокалова до црвена боја, а женките се зеленикави или жолтеникави.
Со помош на таквиот клун крстоклунците вешто вадат семки од шишарки на борови, смреки, елки и ариши со кои се хранат. Младите крстоклунци имаат рамен клун, како и останатите птици, па родителите мораат да ги хранат. Крстоклунецот има една од најдолгите сезони на размножување меѓу птиците и доколку има шишарки во изобилие, може да се пари во текот на
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Цела Европа, Северна Азија, Северна Африка, Северна Америка
ЛАКОМЕЦ
Лакомецот е еден од најголемите претставници на семејството куни, со должина на телото и преку 1м, а тежина до 15кг. Неговото тело е силно и набиено, како тело на мечка, а прекриено е со долго, густо крзно. Лакомците се мошне агресивни и храбри борци. Благодарејќи на силните раце и нозе и широките стапала можат брзо да трчаат по снег. Освен тоа, можат да се качуваат по дрвја и извонредно пливаат. Мошне се издржливи и иако не трчаат брзо, одеднаш можат да претрчаат 10-15км, а дневно претрчуваат и по 50км. Нивната исхрана е разновидна, се хранат со елени, зајаци, глодари и птици, но и со јајца и бобинки, како и со мрша. Лакомците не спијат зимски сон, туку се активни преку целата година. Брлози прават меѓу корења, под карпи или ги копаат во снежни наноси. Женките котат млади дури еднаш во две години, а потоа 8-10 недели ги хранат со своето млеко и остро ги бранат.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Канада, северозападниот дел на САД, северниот дел на Европа и Азија
СИБИРСКА РИГЕСТА ВЕРВЕРИЧКА
Ова животинче, кое живее само во тајги, наликува на верверичка. Телото му е долго сѐ на сѐ 12-17 см, а опашката 6-9 см. На прстите има остри канџи со помош на кои извонредно се качува, иако воглавно живее на земја. Се храни со плодови, семки, фиданки на дрвја и грмушки, габи и јајца од птици и бубачки. За зимата собира залихи од храна кои ги закопува во дупка во земјата. На тој начин сибирските ригести верверички шират семиња од разни растенија и спори од габи, поради што играат важна улога во екосистемот на тајгите. Тие се исклучително чисти животни бидејќи редовно си го чистат крзното, а понекогаш и меѓусебно се негуваат. И нивните живеалишта, кои ги копаат под земјата, се мошне чисти и уредни, па отпадоци и измет чуваат во посебни ходници. Во текот на зимата спијат зимски сон. Се будат во април, по што почнува сезоната за парење. Во мај и јуни женките котат 3-7 млади, кои уште неколку недели остануваат во подземното живеалиште.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа и Азија
Monday, July 30, 2018
Сибирски Самур

РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна и источна Азија
Ирвас

Лос
Лосот е најголем од сите елени, а може да биде долг и повеќе од 3 м и тежок
до 700 кг. Посебно се големи мажјаците, кои се двојно поголеми од женките. Телото на лосовите е покриено со темнокафеаво крзно, додека нозете им се светли и имаат широки шапунки за газење по кал и снег. Мажјаците на грлото имаат набрана кожа покриена со крзно, а на главата носат големи рогови со лопатеста форма. Роговите жги отфрлаат секоја година, по што има растат нови. Лосовите живеат во шуми во близина на езера, мочуришта и други водени површини. Можне добро трчаат, а изненадувачки добро пливаат и нуркаат. Лете влегуваат во вода и се хранат со водни растенија а зиме јадат гранчиња од дрвја. Тоа се внимателни животни најчесто активни во самрак а дење во главно се одмараат.
до 700 кг. Посебно се големи мажјаците, кои се двојно поголеми од женките. Телото на лосовите е покриено со темнокафеаво крзно, додека нозете им се светли и имаат широки шапунки за газење по кал и снег. Мажјаците на грлото имаат набрана кожа покриена со крзно, а на главата носат големи рогови со лопатеста форма. Роговите жги отфрлаат секоја година, по што има растат нови. Лосовите живеат во шуми во близина на езера, мочуришта и други водени површини. Можне добро трчаат, а изненадувачки добро пливаат и нуркаат. Лете влегуваат во вода и се хранат со водни растенија а зиме јадат гранчиња од дрвја. Тоа се внимателни животни најчесто активни во самрак а дење во главно се одмараат.
РАСТПРОСТРАНЕТОСТ: Аљаска, Канада, северна Европа, североисточна Азија
Friday, July 27, 2018
Кафеав Киви

Европски рис

Неговото силно тело на долги нозее покриено со кусо крзно. Рисот првично населувал пространи, мешани шуми, но човекот ги потиснал на отворени шумски подрачја, па и на каменести планински падини. Доажа во тајги, но и во планински зимзелени шуми. Дење најмногу мирува на сонце, а станува активен по заоѓањето на сонцето. Добро се качува и скока, но ретко трча, па пленот го лови од заседа. Се храни со птици и цицаќи, а чест плен му се елени.
Мажјаците живеат самостојно, освен во период на парење. Женките котат најчесто три млади во шуплини на стебла или пукнатини на карпи, а потоа ги водат сосебе.
Saturday, July 7, 2018
Monday, June 18, 2018
Индијанско перо -Змиско цвеќе

Friday, June 15, 2018
Знамето на Малезија

Секоја држава е горда на својот симбол. Малезија има свое знаме симбол составено од 14 ленти, од кои седум се во бела боја и седум се во црвена боја. Во горниот лев агол има син квадрат на кои има приказ на златна полумесечина и златна sвезда со 14 краци позната како "федерална sвезда". 14 ленти ги означуваат 13 федаерални држави на Малезија и федералната влада, додека 14 краци ја преставуваат обединетоста на федералните единици. Полумесечината го претставува исламот додека сината боја ја пресатвува обединетоста на Малајците
Friday, June 8, 2018
Учениците од денес на летен распуст
Денес е датумот кога и официјално е крај на учебната година. Околу 10.500 ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општина Гостивар денес завршуваат со училишни обврски. Летниот распуст ќе трае до трети септермври, кога ќе започне новата учебна година поради тоа што први септември годинава се паѓа на ден сабота. Полуматурантите своето образование ќе го продолжат со уписот во средните училишта кои ќе се спроведат на 18 и 19 јуни.
Sunday, May 27, 2018
Thursday, May 24, 2018
Wednesday, May 23, 2018
За 9 одделение работен лист
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
|
A
|
Бајкалско езеро
|
Планина
|
Нафта
|
Панда
|
Низина
|
Држава
|
B
|
Летни и зимски
|
Мртво море
|
Суецки
|
Будизам
|
Азија
|
Континент
|
C
|
Пекинг
|
Црно злато
|
Филипински
|
Тајфун
|
Река
|
Животно
|
D
|
Земјотреси
|
Русија
|
Премин
|
Берингов
|
Пустина
|
Полуостров
|
E
|
Депресија
|
Клучевскаја сопка
|
Токио
|
Монсуни
|
Кина
|
Бенгалски
|
F
|
Ганг
|
Камчатка
|
Цунами
|
Најдлабоко
|
Памир
|
Езеро
|
G
|
Острови
|
Ветер
|
Тибет
|
Вулкан
|
Град
|
Аралско
|
H
|
Месопотамија
|
Религија
|
Гоби
|
Висорамнина
|
Канал
|
Залив
|
Subscribe to:
Posts (Atom)