Friday, December 28, 2018
Friday, December 21, 2018
Sunday, December 16, 2018
Квиз прашање 22
Ни сме две реки,
се влеваме во Средоземното море
Јас извирам од езерото Тана а другата река извира од Викториното езеро
Се спојуваме во близина на градот Картум
Успеваме заедно да ја пробиеме најголемата пустина во светот
Значи ние сме ....
се влеваме во Средоземното море
Јас извирам од езерото Тана а другата река извира од Викториното езеро
Се спојуваме во близина на градот Картум
Успеваме заедно да ја пробиеме најголемата пустина во светот
Значи ние сме ....
Saturday, December 15, 2018
Квиз прашање 16
На својот фејсбук профил еден дечко напишал. Се наоѓам на најголемиот африкански остров лоциран во Индискиот океан. Островот е познат уште и како црвениот остров.
Од престојот тука видов многу интересни нешта бев и во главниот град Антананариво . Посебно внимание ми привлече дрвото баобаб многу интересни животни како што се ламурите и камелеоните.
Квиз прашање 14
На една филмска сцена двајца пловат и го гледаат залезот на сонцето по второто најдлабоко езеро во светот. Езерото е богато со риба и има длабочина од 1470 метри. Езерото територијално се наоѓа во четири држави Танзанија. Демократска Република Конго, Бурунди и ЗамбијаНа кое Африканско езеро пловеле глумците ?
Friday, December 14, 2018
Квиз прашање 13
Стојам покрај брегот на Средоземното море, го гледам во далечина Африканскиот континент Африка од мене преку протокот е оддалечен 14 километри.
Кој проток не разделува
Кој проток не разделува
Wednesday, December 5, 2018
Република Словенија
Словенија го зафаќа северозападниот дел на Балканскиот полуостров. На север се граничи со Асвтрија, на исток со Унгарија, на југ со Хрватска на запад со Италија и Јадранското море. Во овие граници таа зафаќа површина од 20 251 км/2.
Словенија има поволна географска местоположба. Таа е балкански, средоземноморска и средноевропска држава. За поволната географска местоположба на оваа држава придонесува излегувањето на Јадранското море. што има посебно значење на оваа земја. Преку него таа се поврзува по воден пат со многу земји во светот.
Релјефот во Словенија е планински. Во нејзиниот северозападен дел се протегаат источните делови на Алпите. Од нив се одделуваат Караванкитеи Јулискита Алпи. Во источниот дел на Словенија се наоѓаатниските планини Козјак, Похорје, и Славонска Горица, а на запад Трновски Гозд , Нанос и Снежник. Од сите планини најголемо значење имаа Јулиските Алпи. Ти се високи назабени и имаат остри врвови, со стрмни падини и со богата пасишта и шуми. На нив се наожаат и највисокиот врв Триглав ( 2864 м) . Меѓу планините се наоѓаат пространи котлини. Меѓу нив се Љубљанска, Мариборска и Цељска котлина.
Во Словенија се карактеристични четири климатски типови, и тоа средоземноморска, континентална, умерено континентална и планинска. Средоземноморската е клима застапенана Јадранското приморје, планинската на Алпите, умерено континенталната е во котлините и речните долини, а континенталната во источните делови на дравата.
Реките во Словенијаприпаѓаат на две морски сливни подрачја: Црноморско и Јадрански слив. Во Црноморскиот речен слив припаѓаат Сава, Драва и Мура, а во Јадранскиот реката Сочпа. Овие реки имаат значително хидроенергетска моќ и на нив се изградени повеќе хидроцентрали. Во Словенија има повеќе езера. Меѓу нив се и Бледското и Бохинското. Тие со својата убавина и живописна околина привлекуваатголем број туристи.
Население и стопански одлики
Мнозинството од населението во Словенија го сочинуваат Словенци над 90 %,. Од другите народи има Италјанци, Австрици, Хрвати и др. Денесна нејзината територија живеат над 2 милиони жители. Главен град е Љубљана.
Словенија е сиромашна со руди, освен со олово-цинкова има и јаглен. Од земјоделските култури најмногу се одгледуваат пченица, јачмен, хмељ, компири грозеј. Во сточарството, на Алпите е застапено одгледување на високомлечни крави. Од индустриските гранки развиени се металната-Љубљана, автомобилската- во Марибор, електротехничката- во Крањ и Велење, хемиската- во Ново место, текстилната- во Мурска Собата и др. Дрвната Индустрија е развиена во повеќе градови, а индустријата за конзеривирана риба во Изола.
Туризмот завзема важно место во стопанството на оваа земја. Тој е најразвиен во Јадранското приморје (Порторож, Пиран и Копер) потоа на Алпите (Планица и Крањеска Гора), на Бледското и Бохињското езеро итн. Голем број туристи привлекуваат подземните јами и пештера. Меѓу нив најпозната е Постоинската јама која е една од најубавите во Европа.
Словенија извезува индустриски стоки, а увезува земјоделски производи, нафта и руди. Во надворешната трговија најмногу тргува со Република Македонија, Австрија, Хрватска и други земји.
Вежби: Градови во Словенија кликни ТУКА
Friday, November 30, 2018
Најголемите Хималајски езера
На Химелаите има стотици езера повеќето со надморска висина под 5.000 метри. Најголемо езеро на Химелаите е езерото Пангонг Цо
Вкупната површина на езеро изнесува 699.2 км/2. Езерото Пангонг Цо (во превод високо планинско езеро) се наоѓа на 4.350 м надморска височина, долго е 134 км и околу 5 км широко.
Вкупната површина на езеро изнесува 699.2 км/2. Езерото Пангонг Цо (во превод високо планинско езеро) се наоѓа на 4.350 м надморска височина, долго е 134 км и околу 5 км широко.
Ова езерот се наоѓа помеѓу Индија и Кина. Преку зимата езерото во целост замрзнува, и покрај соленaта вода. Ова е прво прекугранично езеро во Јужна Азија заштитено со конвенција. За дел од езерото имаат спор Индија и Кина на која држава припаѓа. Езерото е богато со голем број животински врсти . И покрај тешкиот терен езерото е предмет на интерес на голем број туристи.
Второт најголемо езеро на Хинмеалите е Јамдрок . Ова езеро е слатководно и се наоѓа на Тибетската висорамнина. Должината на ова езеро изнесува над 72 км . Езерото е опколено со снежни планини, со вода се снабдува преку голем број потоци. Јамдорк (Јамџо , Јацо) Околу 90 км западно од езерото се наоѓа тибетскиот град Гијанс, а Ласа е 100 км североисточно. Според локалната митологија Yamdok е трансформација на божица. Хидроцентралата Јамдрок била завршена 1996 година во близина на малото село Баиди на западниот крај на езереото. Оваа централа е најголема во Тибет
Мапам Јумцо е езеро лоцирано на Тибетанската висорамнина. Езерото се наоѓа во автономниот регион на Кина Тибет. Езерото се наоѓа на 950 км северозападно од Ласа. Во близината на самото езеро има топли извори .Мапам Јамо се наоѓа на надморска висина од 4557 м и е едно од највисоките езера во светот. Езерото зафаќа површина од 520 км/2. далбочината достигнува до 82 метри. Во зима езерото е во целост замрзнато. Западно од ова езеро се наоѓа уште едно езеро Ланго Тцо. Овие езера се поврзани со природен канал
Езерото Рара е најдлабокото и најголемото Непалско слатководно езеро на Химелаите. Езерото лежи на надморска висина од 2.990 метри. Рара езерото има површина од 10,8 км/2, максимална длабочина од 167 м.
Езерото е опкружено со бор и смерка во националниот парк Рара. Погледот од езерото кон врвовите на Химелаите ги привлекува големиот број туристи .
Моксундо е едно од планинските езера на Химеалите. Езерото се наоѓа во рамките на националниот парк Ши-Поксундо на надморска висина од 3612 м. Површина 320 км/2
Езеро Тилихо се наоѓа во областа Манонг во Непал. Ова мало езеро зафаќа површина од 4.8 км/2 . Планинско езеро Талихо на надморсдка висина 4.919 метри. Во езерото не е регистриран воден организам.Мапам Јумцо е езеро лоцирано на Тибетанската висорамнина. Езерото се наоѓа во автономниот регион на Кина Тибет. Езерото се наоѓа на 950 км северозападно од Ласа. Во близината на самото езеро има топли извори .Мапам Јамо се наоѓа на надморска висина од 4557 м и е едно од највисоките езера во светот. Езерото зафаќа површина од 520 км/2. далбочината достигнува до 82 метри. Во зима езерото е во целост замрзнато. Западно од ова езеро се наоѓа уште едно езеро Ланго Тцо. Овие езера се поврзани со природен канал
Езерото Рара е најдлабокото и најголемото Непалско слатководно езеро на Химелаите. Езерото лежи на надморска висина од 2.990 метри. Рара езерото има површина од 10,8 км/2, максимална длабочина од 167 м.
Езерото е опкружено со бор и смерка во националниот парк Рара. Погледот од езерото кон врвовите на Химелаите ги привлекува големиот број туристи .
Моксундо е едно од планинските езера на Химеалите. Езерото се наоѓа во рамките на националниот парк Ши-Поксундо на надморска висина од 3612 м. Површина 320 км/2
Манасаровар езеро
Госајкунда
Маори
Маори (маор. Māori) е име на едно полинежанско домородно население на Нов Зеланд. Зборот "Маори" на маорски јазик значи "нормален" или " човек кој се разликува од боговите". Се смета дека Маорите на Нов Зеланд се стигнати од Источна Полинезија на крајот на првиот милениум.
Се верува дека Нов Зеланд е едно од последните места на која згазнала човечката нога пред доаѓањето на модерната цивилизаиција. Маорите живееле во изолација се до 18 век кога запознмаче и контактите со Европјаните. Во 1840 година Велика Британија ја анактрирала Нов зеланд, со тоа дека е направена спогодба во Ваитангију каде на Маорите им е гарантирана автономија. Но, дел поради болести на кои немале имунитет, дел поради вооружените судири, бројот на Маорите во 19 век почнал брзо да се намалува. Дури во 1960 година дошло до култуѕрна ренесанса помеѓу Маорите, кои денес учествуваа со 14,7% од вкупното население во Нов Зеланд
Saturday, November 10, 2018
Friday, November 2, 2018
Вулкан корјакски
Вулканот Корјакски е активен вулкан на полуостровот Камчатка, Русија. Се наоѓа во близина на главниот центар во камчатскиот крај Петропавловски камчатски. Заедно со соседниот вулкан Авачински, тој е прогласен за декаден вулкан.
Корјакски се наоѓа на Тихиот океан во точката каде Тихоокеанската плоча доаѓа во допир со Евроазиската плоча. Вуклканот веројатно бил активен дестеици илјади години.
Monday, October 1, 2018
Астероиди
На 01.01.1801 година Џузепе Пиаци открил објект за кој тој прво мислел дека е комета. Но откако точно му била одредена патеката било јасно дека тоа не е комета, туку повеќе како мала планета. Пиаци ја нарекол Церес, според Римската божица на житото. Во следните неколку години биле откриени уште три такви ( Палас, Веста и Јуно). До крајот на деветнаесетиот век биле откирени неколку стотици. До овој момент има неколку стотици илјади, а секоја годинасе откриваат по илјада нови. Астероидите објекти составени од карпи и метали кои кружат ( орбитираат) околу Сонцето, но се поремногу мали за да се сметаат за планети. Тие имаат големина од неколку сантиметри до над 1000 км во дијаметар. Некои се откриени внатре во орбитата на Земјата, а некои и зад орбитата на Плутон. Сепак воглавно се концетрирани во еден регион помеѓу орбитити на Марс и Јупитер, наречен астероиден појас.Некои имаат орбиоти кои се сечат со патеката на Земјата, поради што во минатото некои од нив имаат и паднато врз неа. За тоа сеуште сведошат бројните кратери на површината на земјата, но сепак поголемиот дел од нив ерозијата ги избришала
Friday, September 28, 2018
Малајски тапир
Малајскиот тапир е најголем од четорите вида тапири. Долг е до 2,5 а може да биде тежок повече од 300 кг. Тоа е набиено животно со издолжено тело. Горната усна и носот се продолжени во подвижно рамо. Младите тапири имаат црвено кафеаво крзно со водорамни линии и дамки, а по шест месеци почнува да се појавува обоеност како ка возрасните. Имаат многу тврда кожа. Малајскиот тапир живее во тропски шуми, често во вода. Можне е внимателно и плашливо животно, кое има добро развиени сетила за слух и мирис, а слаб вид. Најчесто живее во самотија. Се храни ноќе, со меки гранчиња, млади лисја и паднати плодови, а дење се крие и мирува. Околу 400 дена по парењето се раѓа едно младо. Малајскиот тапир припаѓа на стара група животни, која многу малку се изменила за милиони години, поради што се наречени "живи фосили" Поради уништувањето на живеалиштата и лов, тој е загрозен вид.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ Југоисточна Азија
Saturday, September 22, 2018
Марабу Штрк
Марабу штрк е голема птица со мошне необиечн изглед и е близок на сродникот штрк. Може да биде долг до 1,2 м и да има распон на крилјата до 3 м, па се смета за едно од најголемите копнени птици на светот.. Има долги нозе и големи, црни крилја. На главата и вратот нема пердуви, бидејќи често се храни со мрша, па пердувите на тие делови од телото би се извалкале за време на хранењето. Освен мрша јаде се што може да фати: бубачки, влекачи, жаби, риби и мали цицачи. . На земја делува несмасно, внимателен е и оди полека. Затоа лета многу елегантно и често едри на воздушни струи.Марабу штрковите живеат во савани, до реки и езера, а често и до човечки населби. Друштвени се и се гнездат во колонии. Можат да живеат и до 25 години. При додворување, мажјаците произведуваат разни звуци со помош на на кожените вреќички на вратот и клопотање со клунот. Гнездата ги градат од гранки на стебла и во нив женките снесуваат 2-3 јајца.
Распространетост: Африка јужно од Сахара
Распространетост: Африка јужно од Сахара
Џиновски мравојед
Џиновскиот мравојед има тенко тело покриено со долго крзо. Главата му е исто така мала, а носот и горната уста му се продолжени во долго рило. На предните нозе има големи, српесто свиени канџи,со кои отвара мравјалниции термитници. Ги наоѓа со помош на изострено сетило за мирис, додека слухот и видот му се послабо развиени. Заби воопшто нема, но јазикот му е исклучително долг ( повеќе од 60 цм) , мускулест и покриен со боцкичкии леплива лига. Со таквиот рапав и леплив јазикизвлекува мраквки и термити со кои се храни. Мравоједите се активни и дење и ноќе, а спијат вошупливи дрвја или грмушки при тоа околу телото јас обвиткуваат бушавата опаѓка. Одат полека и притоагазат на горната страна на предното стапало за да не ги оштетат канџите, додека со задните нозе газат со целото стапало. Со канџите можат да се бранат од предатори., иако најчесто бегаат во случај на опасност. Женките котат по едно младо, кое најдолго го носат на грб.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ:
Јужна АмерикаThursday, September 13, 2018
Голема Панда
Големата панда се вбројува меѓу мечките, а живее во мал простор во источна Азија. Живее во различни типови на шуми во кои растат бамбуси, нејзината единствена храна. Одлично се качува а и добро плива. На шепите под палецот има уште еден, т.н лажен палец и служи за држење на стебленцата и листовите бамбуси. За разлика од најголемиот број мечки, големата панда не спие зимски сон, туку зиме се спушта во пониските надморски висини.. Иако пандата насекаде претставува симбол за заштита на природата, нејзиниот опстанок е загрозен поради уништување на живеалиштата и криволов
Распространетост: Источна Азија
Распространетост: Источна Азија
Monday, September 3, 2018
ХОАЦИН
Оваа необична птица живее во прашумите на јужна Америка. Се задржува на дрвјата и во главном се храни со лисја, а нешто помалку и со овошје. Најголемиот број птици не можат да се хранат исклучиво со растителни материи, но хоацините тоа го можат затоа што во грлото имаат бактерии кои разградуваат целулоза, главна состојка на растенијата. Хоацините се гнездат во мали колонии-нив ги сочинуваат до 8 птици кои заеднички ја бранат територијатаи заедно се грижат за младите. Малите птички хоацин се особено интересни. Тие можат вешто да се качуваат по грмушки и дрвја со помош на две нанџички кои ги имаат на секое крило. Младите исто така добро пливаат, па во случај на опасност скокаат во вода, потоа со помош на канџите повторно се качуваат во гнездото.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ : северниот дел на Јужна Америка
РАСПРОСТРАНЕТОСТ : северниот дел на Јужна Америка
КАПИБАРА
Капибара или водното прасе е најголемиот глодар на светот и може да биде тека и до 65 кг. Живее во џунгли и во други шумски подрачја со реки и езера. Помеѓу прстите има делумно развиени пливачки кожички и изворедно плива и нурка, а нејчесто се одмара ислежувајќи се во вода. Ноздрите и ушите и се сместени на врвот на глават, што е исто така приспособување на водниот начин на живот. Се харни со водни растенија пупки, мека кора од дрвја а понекогаш и со посеви. Капибарите се активни во самрак и зора,а во текот на денот и околу полноѓ се одмараат. Живеат или во парови, или во семејни групи а, понекогаш и во поголеми стада предводени од доминантен мажјак кој се пари со сите женки од групата.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ ЈУЖНА АМЕРИКА
Monday, August 6, 2018
РАКУН
Ракунот лесно се препознава по црните точки околу очите и прстените на опашката. Тој е исклучително приспособливи и снаодлив па населува разлкични живеалишта, од прерии до шуми. Се приспособил на животот и во населени подрачја, каде што се храни со залихи на хранаод луѓето или на депонии за отпад. Ракуните се активни и дење и ноќе, воглавно живеат самостојно, а групи можат да се најдат само на места особено богати со храна. Со помош на предните нозе вешто се качуваат, копаат, па дури и отвараат врата за да дојдат до храна на луѓето. Според начинот на исхрана ракунот е сештојад, бидејќи се храни со се, а интересно е дека често ја остранува нечистотијата од хранатаили ја мие во вода пред да ја изеде. Женката и мажјакот кусо се задржуваат поради парење, а потоа женката на некое заштитно место (во јама, шупливо дрво, пукнатина од карпа итн.) гради брлог и во него коти обично три до четири млади.
Распространетост: Северна Америка од јужна Канада до централна Америка
Суур Мунамаги
Суур Мунамаги преставува највисокиот врв во Естонија. Достигнува 318 метри над нивото на морето. Врвот се наоѓа во југоисточниот дел на Естонија, блиску до границата со Латвија, односно Русија. Името Суур Мунамаги означува планина големо јајце. Суур Мунамјаги преставува и највисок врв помеѓу балттичките земји.
Sunday, August 5, 2018
ШУМСКИ ТЕТРЕБ
Ова е голема птица со должина до 115 cm и тежина до 4,5 кг. Мажјаците се со убави бои, имаат широки, лепезести опашки и накострешени перудви на грлото, додека женките се многу помали и понеугледни. Шумскиот тетреб живее во густи зимзелени и мешани, планински шуми. Омилени му се подрачјата во кои пространи пространи шуми се изменуваат со рамници. Целосно зависи од зимзелените иглички, кои му се единствената храна во зима, додеко на лето се храни со лисја, пупки и плодови. Храната ја бара на земја, но и на дрвјата. Машјаците треби во сезона на парење се собираат во традиционални ''собиралишта за парење" каде што се натреваруваат за шенките. Притоа се прчат во круг, ја држат главата високо во воздухот ширејќи ги крилјата и опашката и испуштаат необични звуци. Гнездата ги градат на земја, во висока трева или папрати во нив женките снесуваат до 10 пегави јајца. Поради лов, шумскиот татраб е многу проретчен, па станал загрозен вид.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ : Северна, западна и јужна Европа до средна Азија
Wednesday, August 1, 2018
Волк
Волкот е најголемиот претставник од семејството кучиња кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Живее во тајги и во планински шумски и отворени подрачја. Волкот е друштвено животно кое обично живее во глутници, а само понекогаш сам или во пар. Ловејќи во чопор, волкот може да лови плен многу поголем од самиот себе, како лос или ирвас. Пленот го наоѓа со острите сетила за мирис и слух, а се храни и со мрша. Волците се активни претежно ноќе, а можат издржливо да трчаат и така да поминат големи оддалечености. Во чопорот се пари доминантниот пар (алфа мажјакот и алфа женката) кои најчесто се спаруваат доживотно. Волците се познати по своето завивање, кое може да се слушне на оддалеченост од 10 километри, а на тој начин ја означуваат и бранат територијата. Некогаш волкот бил најраспространето животно на Земјата, но распространетоста значително му се намалила поради загубата на живеалишта и лов.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Америка, Гренланд, Европа, Азија
Смреков поткорник
Поткорниците се бубачки, кои во возрасен стадиум имаат цилиндрична форма на телото и заоблени гради кои го прекриваат најголемиот дел од главата. Под тврдата крилна покривка е сместен заден пар кожести крилја за летање. Женките на смрековиот поткорник градат тунели под кората на смреката и во нив полагаат јајца. Кога ларвите ќе се развијат, тие ја гризат кората создавајќи бројни тунели. Секој тунел завршува со излезно дупче од кое излегува развиена бубаќка. Кога ги напаѓаат дрвјата, смрековите поткорници во нив внесуваат габички, поради кои дрвото не може да лачи материи за одбрана од поткорниците и на крајот умира. Меѓутоа, за да им успее тоа, треба да има многу поткорници кои напаѓаат едно стебло, па затоа тие лачат посебни хемиски материи наречени феромони кои ги чувствуваат други поткорници и дури и ако се многу далеку доаѓаат до тоа стебло. Освен тоа, со феромоните меѓусебно се привлекуваат мажјаци и женки.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа и Азија
СВИЛООПАШКА
Оваа птица е чест жител на зимзелени шуми, како на планински, така и на тајги, каде што се гнезди. Зимува во јужните предели, па е честа во паркови и градини. Таа е со атрактивен изглед и лесно може да се препознае по кусиот клун, црната маска, перчето на главата и свиленкастите пердуви. Изразито е друштвена и се здржува во јата, а гнездата ги гради високо на гранки, од трева и гранчиња. Женката снесува 4-6 синкасти јајца од кои по две недели се изведуваат мали птички. Тие поминуваат уште две недели во гнездото, а потоа полетуваат. Воглавно се хранат со разни бобинки и семиња, иако понекогаш јадат и бубачки. Доколку зиме се намали количеството на храна, свилоопашките често во голем број вршат непредвидливи, номадски миграции во јужни краишта. Поради карактеристичниот изглед и однесување, понекогаш ги викаат “маскирани разбојници”.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа, Азија и Северна Америка
Tuesday, July 31, 2018
Ватикан
Знамето на Ватикан заедно со знамето на Швајцарија се единствените знамиња кои имаат форма на квадрат. Знамето се состои од две еднакви полиња: жолта и бела. Во средината на белото поле има два клуча едниот жолт другиот бел поврзани со црвена врвца. Над клучевите се наоѓа папска Тиара. Клучевите и тиарата го сочинуваат грбот на Ватикан. Знамето било прифатено на 7 јуни 1929 година. Истата година папата Пиј XI го потпишал и договорот со Италија за конечно решавање на прашањето за папска држава.
КРСТОКЛУНЕЦ
Крстоклунецот лесно може да се препознае по необичниот клун, чиј горен и долен дел се вкрстени. целата година. Меѓутоа, кога на некои подрачје нема доволно храна, иако не се птици преселници, преминуваат прилично големи оддалечености во потрага на поповолни подрачја. Женката снесува три или четири зеленкасти јајца и сама лежи врз нив, додека за младите се грижат и двата родители. Мажјаците и женките на крстоклунецот се разликуваат по бојата: мажјаците се обично со портокалова до црвена боја, а женките се зеленикави или жолтеникави.
Со помош на таквиот клун крстоклунците вешто вадат семки од шишарки на борови, смреки, елки и ариши со кои се хранат. Младите крстоклунци имаат рамен клун, како и останатите птици, па родителите мораат да ги хранат. Крстоклунецот има една од најдолгите сезони на размножување меѓу птиците и доколку има шишарки во изобилие, може да се пари во текот на
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Цела Европа, Северна Азија, Северна Африка, Северна Америка
ЛАКОМЕЦ
Лакомецот е еден од најголемите претставници на семејството куни, со должина на телото и преку 1м, а тежина до 15кг. Неговото тело е силно и набиено, како тело на мечка, а прекриено е со долго, густо крзно. Лакомците се мошне агресивни и храбри борци. Благодарејќи на силните раце и нозе и широките стапала можат брзо да трчаат по снег. Освен тоа, можат да се качуваат по дрвја и извонредно пливаат. Мошне се издржливи и иако не трчаат брзо, одеднаш можат да претрчаат 10-15км, а дневно претрчуваат и по 50км. Нивната исхрана е разновидна, се хранат со елени, зајаци, глодари и птици, но и со јајца и бобинки, како и со мрша. Лакомците не спијат зимски сон, туку се активни преку целата година. Брлози прават меѓу корења, под карпи или ги копаат во снежни наноси. Женките котат млади дури еднаш во две години, а потоа 8-10 недели ги хранат со своето млеко и остро ги бранат.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Канада, северозападниот дел на САД, северниот дел на Европа и Азија
СИБИРСКА РИГЕСТА ВЕРВЕРИЧКА
Ова животинче, кое живее само во тајги, наликува на верверичка. Телото му е долго сѐ на сѐ 12-17 см, а опашката 6-9 см. На прстите има остри канџи со помош на кои извонредно се качува, иако воглавно живее на земја. Се храни со плодови, семки, фиданки на дрвја и грмушки, габи и јајца од птици и бубачки. За зимата собира залихи од храна кои ги закопува во дупка во земјата. На тој начин сибирските ригести верверички шират семиња од разни растенија и спори од габи, поради што играат важна улога во екосистемот на тајгите. Тие се исклучително чисти животни бидејќи редовно си го чистат крзното, а понекогаш и меѓусебно се негуваат. И нивните живеалишта, кои ги копаат под земјата, се мошне чисти и уредни, па отпадоци и измет чуваат во посебни ходници. Во текот на зимата спијат зимски сон. Се будат во април, по што почнува сезоната за парење. Во мај и јуни женките котат 3-7 млади, кои уште неколку недели остануваат во подземното живеалиште.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа и Азија
Monday, July 30, 2018
Сибирски Самур
Ова животно од семејството куни може да биде долго до 45 см и тешко до 2 кг. Крзното му е кафеаво-црно, а на грлото има светлокафеава дамка. На прстите има остри канџи кои може малку да ги увлече. Живее во зимзелени шуми до горни текови на реки. Најчесто е ноќно животно, иако некои се движат исклучиво дење. Освен во периодот на парење, сибирските самури живеат самостојно. Тоа се внимателни животни, кои добро се качуваат и скокаат. Се хранат со верверички, глувци, птици, риби, но и со плодови и шумски семки. За неповолни времиња собираат храна во брлозите создавајќи залихи. Се парат на пролет, а дури следната година во април женката ќе окоти две до пет млади во засолниште помеѓу корења на стебла или пукнатини меѓу камења. Освен главниот брлог, имаат и бројни привремени брлози. Сибирскиот самур бил интензивно ловен поради ценетото крзно, поради што е истребен во Европа.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна и источна Азија
Ирвас
Мажјаците ирваси имаат големи, разгранети рогови, а под вратот долго влакно како брада. За разлика од останатите видови на елени, кај ирвасот и женките имаат помали рогови. На нозете имаат широки чапунки кои спречуваат пропаѓање во снег. Добро трчаат и пливаат. Лете пасат трева, шамок и зелјести растенија, додека во текот на долгите зими се хранат со мовови, лишаи и габи. Имаат добро развиено сетило за мирис со кое бараат храна закопана под снегот. Секој мажјак во есен собира неколку женки со кои се пари, а во пролет тие отелуваат едно или две млади. Ирвасите живеат во големи крда во тајги и тундри до реки и езера. Стадата се составени од женки и млади животни кои ги предводи еден стар мажјак, додека останатите мажјаци до зимата живеат самостојно или во помали групи. Некои ирваси двапати годишно вршат големи преселби, кога поминуваат и до 1200 километри.РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северниот дел на Европа, Азија и Северна Америка
Лос
Лосот е најголем од сите елени, а може да биде долг и повеќе од 3 м и тежок
до 700 кг. Посебно се големи мажјаците, кои се двојно поголеми од женките. Телото на лосовите е покриено со темнокафеаво крзно, додека нозете им се светли и имаат широки шапунки за газење по кал и снег. Мажјаците на грлото имаат набрана кожа покриена со крзно, а на главата носат големи рогови со лопатеста форма. Роговите жги отфрлаат секоја година, по што има растат нови. Лосовите живеат во шуми во близина на езера, мочуришта и други водени површини. Можне добро трчаат, а изненадувачки добро пливаат и нуркаат. Лете влегуваат во вода и се хранат со водни растенија а зиме јадат гранчиња од дрвја. Тоа се внимателни животни најчесто активни во самрак а дење во главно се одмараат.
до 700 кг. Посебно се големи мажјаците, кои се двојно поголеми од женките. Телото на лосовите е покриено со темнокафеаво крзно, додека нозете им се светли и имаат широки шапунки за газење по кал и снег. Мажјаците на грлото имаат набрана кожа покриена со крзно, а на главата носат големи рогови со лопатеста форма. Роговите жги отфрлаат секоја година, по што има растат нови. Лосовите живеат во шуми во близина на езера, мочуришта и други водени површини. Можне добро трчаат, а изненадувачки добро пливаат и нуркаат. Лете влегуваат во вода и се хранат со водни растенија а зиме јадат гранчиња од дрвја. Тоа се внимателни животни најчесто активни во самрак а дење во главно се одмараат.
РАСТПРОСТРАНЕТОСТ: Аљаска, Канада, северна Европа, североисточна Азија
Friday, July 27, 2018
Кафеав Киви
Оваа птица живее исклучиво во листопадните шуми во Нов Зеланд. Не лета па има неразвиени крилја и нема опашка. Нозете и се силни со три прста. Телото и е покриено со долги, кафеави пердуви кои наликуваат на влакна. Ноќна птица е, па видот и е неразвиен. Меѓутоа, за разлика од најголемиот број птици, кивито има исклучиво добро развиено сетило за мирис и ноздри сместени на врвот на долгиот благо свитак клун. Клунот и е мешне чуствителен на допир и со него кивито собирабубачки и нивни ларви, други мали без р'бетници и семки. Киви паровите остануваат заедно цлиот живот. Бидејќи кивото не лета таа е лесен плен на други животни и лушето, поради што е во опасност од изумирање.
Европски рис
Европскиот рис е најголемата европска мачка и најголем од сите рисови, а може да биде тежок и до 38 кг. Во Република Македонија ова е ретко и заштитено животно, и e едeн одсимболите на државата.
Неговото силно тело на долги нозее покриено со кусо крзно. Рисот првично населувал пространи, мешани шуми, но човекот ги потиснал на отворени шумски подрачја, па и на каменести планински падини. Доажа во тајги, но и во планински зимзелени шуми. Дење најмногу мирува на сонце, а станува активен по заоѓањето на сонцето. Добро се качува и скока, но ретко трча, па пленот го лови од заседа. Се храни со птици и цицаќи, а чест плен му се елени.
Мажјаците живеат самостојно, освен во период на парење. Женките котат најчесто три млади во шуплини на стебла или пукнатини на карпи, а потоа ги водат сосебе.
Saturday, July 7, 2018
Monday, June 18, 2018
Индијанско перо -Змиско цвеќе
Сансеверија (латинско име) или често нарекуван индијанско перо или свекарвин јазик е многу отпорно декоративно собно растение. Потеклото на ова егзотично растение е од тропските предели на западна Африка и Индија. Идеално за одгледување за луѓе кои имаат премногу работни обврски, бидејќи не бара премногу нега. Ова цвеќе е карактеристично по нејзините исправени листови кои достигнуваат и до 80 cm во висина. Доколку се чува на сенка губи на убавина и нејзините шарити стануваат помалку видливи. Ова цвеќе поднесува и нередовно залевање. Премногу изложеност на влага може да предизвика нејзино трулење. Во текот на зимата доколку растението е на постудено место (но не под 10 степени) може да се залева еднаш месечно, додека на лето се залева еднаш на 7-10 дена. Оваа билка ја задржува влагата во домот одлично го прочистува воздухот од токсини и ги неутрализира штетните гасови но сепак треба да се биде пажлив поради тоа што листовите се отровни. Не се препорачува чување во спалната соба или во близина на деца
Friday, June 15, 2018
Знамето на Малезија
Секоја држава е горда на својот симбол. Малезија има свое знаме симбол составено од 14 ленти, од кои седум се во бела боја и седум се во црвена боја. Во горниот лев агол има син квадрат на кои има приказ на златна полумесечина и златна sвезда со 14 краци позната како "федерална sвезда". 14 ленти ги означуваат 13 федаерални држави на Малезија и федералната влада, додека 14 краци ја преставуваат обединетоста на федералните единици. Полумесечината го претставува исламот додека сината боја ја пресатвува обединетоста на Малајците
Friday, June 8, 2018
Учениците од денес на летен распуст
Денес е датумот кога и официјално е крај на учебната година. Околу 10.500 ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општина Гостивар денес завршуваат со училишни обврски. Летниот распуст ќе трае до трети септермври, кога ќе започне новата учебна година поради тоа што први септември годинава се паѓа на ден сабота. Полуматурантите своето образование ќе го продолжат со уписот во средните училишта кои ќе се спроведат на 18 и 19 јуни.
Sunday, May 27, 2018
Thursday, May 24, 2018
Wednesday, May 23, 2018
За 9 одделение работен лист
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
|
A
|
Бајкалско езеро
|
Планина
|
Нафта
|
Панда
|
Низина
|
Држава
|
B
|
Летни и зимски
|
Мртво море
|
Суецки
|
Будизам
|
Азија
|
Континент
|
C
|
Пекинг
|
Црно злато
|
Филипински
|
Тајфун
|
Река
|
Животно
|
D
|
Земјотреси
|
Русија
|
Премин
|
Берингов
|
Пустина
|
Полуостров
|
E
|
Депресија
|
Клучевскаја сопка
|
Токио
|
Монсуни
|
Кина
|
Бенгалски
|
F
|
Ганг
|
Камчатка
|
Цунами
|
Најдлабоко
|
Памир
|
Езеро
|
G
|
Острови
|
Ветер
|
Тибет
|
Вулкан
|
Град
|
Аралско
|
H
|
Месопотамија
|
Религија
|
Гоби
|
Висорамнина
|
Канал
|
Залив
|