СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Sunday, May 31, 2015

Хидрологија на Р Македонија

Хидрологија на Република Македонија ТУКА

Река Пена

Река Пена некаде позната и под името Шарска река е најголемата река шарпланинска река после Вардар во полошката котлина.
Извориштето на реката започнува кај месноста Чабриолица и Борислаица високо на Шар Планина, на некаде околу 2 500 метри надморска височина, најпрвин течат две рекички, кои се соединуваат кај селата Вешала и Бозовце. Поминувајќи низ самиот центар на Тетово, таа се спушта во полошко поле, и кај селото Сараќино се влева во Вардар. Реката Пена е долга 29, км. Таа во своето корито прима  други реки од кој најпознати се Караниколска река, Пржина, Вејчка, Лешничка, Бродечка и др.  
На оваа река се наоѓаат 4 мали хидроцентрали, од кои едната е прва хидроцентрала во Македонија.  Во 1979 година, по поројните дождови реката има надојдено и поплавено голем дел од градот Тетово, при што нанела големи штети

Saturday, May 30, 2015

На денешен ден 30 мај

На денешен ден 30 Мај 1969 година Гибралтар добива статус на британски доминион со внатрешна самоуправа. Гибралтор преставува прекуморска територија сместена на јужниот дел на пиринејскиот полуостров. Територијата на север се граничи со Шпанија, а останатите делови се граничи со Антартикот или средоземното море.







Friday, May 29, 2015

Нане

Нането е тревесто растение кое расте како диво и питомо кое се одгледува по градините. Стеблото е високо околу 50 cm, разгрането е и четириаголно. Лисните дршки се плавкасто или виолетово-црвени особено во пролет кога расте.Листовите се јајцевидни или долгнавести кои на горната страна се темно зелени а на долната бледи. Главниот нерв на листовите е особено истакнат. Цветовите се виолетово-црвени, ситни и здружени на горниот дел на стеблото и гранчињата. Нането има изразен јак мирис а особено листовите бидејќи содржат големи количини на етерско масло. освен етерското масло кое содржи големи количини на ментол поради што лади и освежува содрзи и големи количини на танини и други корисни материи
.
Станиште: Нането расте по ливадите, градините и бара доста влага.
Лековити делови на растението: За лек се употребува целото растение а особено листовите.
Лековито дејство: Нането има пријатен вкус поради што неговата примена е голема како лек и како зачин.се користи како средство за смирување, против грчеви, гасови и тешко варење, против гадење и повраќање. Влегува и во состав на мешавина чаеви за лекување на жолчката. Етеричното масло од нането во комбинација со алкохол надворечно се користи во лекување на неуралгични болки, реума и настинка. Ментолот ги надразнува нервите во кожата, лесно испарува и поради тоа лади. Нането се користи за смирување на нервите, нервна растроеност,главоболка, зуење во ушите, грозница, слабост, против зноење на нозете. Ги отстранува гасовите, подригнувањето, повраќањето, грчевите во желудникот и матката, непријатниот здив од устата, го регулира крвотокот, лечи настинка и кашлица. Нането е многу корисно кај мачнини и гадење при патување. Исто така доста често се користи како зачин во исхраната кој го подобрува варењето на храната.

Thursday, May 28, 2015

Кључевскаја Сопка


Кључевскаја Сопка 4835 м преставува највисокиот врв и најатрактивниот синџир на вулкани на исочната страна на полуострово Камчатка. Од неговото создавање пред околу 6.000 години, овој синџир често предизвикувал големи експлозивни ерупции и немало подолги периоди на неактивноста. Многубројните конуси и кратери биле создадени во текот на изминатите 3.000 години, во текот на 100 ерупции на вулканските страни. Сепак, најмногу забележани ерупции потекнуваат од кратерот на врвот што е широк 700 м а кој често го менувал својот облик.Многу ерупции на Кључевскаја Сопка се набљудуваат од вселената


Wednesday, May 27, 2015

Соопштение Објавени списоци за екстерно тестирање


Објавени се списоците за екстерно тестирање Од 26.05.2015 се објавени  имињата на учениците и термионот кога ќе полагаат по соодветниот предмет.

За викендот дополнително ќе бидат објавено кои предмети ќе ги полагаат учениците

Monday, May 25, 2015

Sunday, May 24, 2015

Соопштение

На 24 мај 2015 година (недела) е Св. Кирил и Методиј, Денот на сесловенските просветители, а 25 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Честит празник 

На денешен ден 24 мај




Ден на сесловенските просветители и учители или Денот на светите солунски браќа Св Кирил  и  Методиј. Се празнува на 24 мај. Празникот е во чест на Св Кирил и Методиј, основачи на правата словенска азбука - глаголицата.  Денот на македонските светители е прогласен за државен празник, во XI век црквата го прогласи 24 мај  мај по стар стил  за ден на светите просветители Кирил и Методиј







На денешен ден  24 мај 1543 година умира Никола Коперник. Полски астроном и творец на хелиоцентричниот систем и основоположник на современата астрономија

Saturday, May 23, 2015

Јелостоун-Национален парк

Јелостоун е најстариот светски национален парк. Се простира на 8.987 квадратни километри  или приближно колку една третина од површината на Република Македонија а најзпонат е по уникатните животински видови, гејзерите, термалните извори, супер вулканот и останатите геотермални карактеристики. Токму поради тоа националниот парк Јелостоун е впишан во списокот на светксото наследоство на Унеско во Америка уште во 1978 година. 



Friday, May 22, 2015

Во близина на Скопје ( на 15 km) сместен е кањонот Матка. Место каде може да релаксирате од градската гужва и да уживате во чистиот воздух.Матка е препознатлива по пештерата Врело. Подводната пештера Врело е лоцирана во кањонот Матка од десната страна на реката Треска. Таа е составена од две пештери една над и една под водата. На таванот е вистински „дожд“ од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови.Во длабочината на пештерата се наоѓаат две езера, Мало и Големо Езеро со своја т.н. руска плажа. Плажата го добила името бидејќи меѓу првите во неа се бањале руски пилоти вработени во македонското воздухопловство. Во пештерата има и т.н. „концертна сала“, од чија лева страна се таканаречените „пишани камења“. Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо, за чие дешифрирање и толкување треба стручна помош.

Длабока река е лева притока на Рибничка река, која пак е десна притока на Радика. Извира под високите врвови на Кораб, формирајќи стрмна долина која претставува единствено место со алпска клима во Македонија . На неа се наоѓа познатиот корабски водопад, највисокиот водопад во Македонија од 136 метри, кој се јавува под врвот Мал Кораб во пролетните месеци со топење на снегот. Реката тече покрај напуштеното село Жужње по клисурата под селата Нистрово и Бибај и потоа се влева во Рибничка река. Кањонот на оваа река влегува во состав на националниот парк Маврово. Во 1952 година проглесено е за струго заштитено подрачје.Изворите на Длабока река се наоѓаат на околу 2500 метри надморска височина, веднаш под врвот Мал кораб.Она што ја прави посебна и привлечна за љубителите  на исконската природна убавина, секако е водопадот кој се формира во горниот тек на реката. Овој водопад со висина од околу 130 метри, е нејвисок  во Македонија.Најдобар период за посета е во текот на месеците јуни и јули, тогаш снегот не претставува голема пречка, а поради неговото топење, водопадот има најмногу вода.Најблиску населено место е с Нистрово, од таму обично се започнува пешачењето кон водопадот. По околу еден час се стигнува до с Жужње, кое е целосно раселено. независно после селото која патека ќе одберете потребни се малку повеќе храброст и авантуристички дух




Предлог литература


Детска енциклопедија за катастрофи се неспоредлива во своите содржини. Оваа енциклопедија за урагани, торнада, поплави, земјотреси и вулканине само што на младите ќе им даде знаења, туку ќе им дадат и сеопфатна слика за целиот свет


Thursday, May 21, 2015

На денешен ден (22 мај)

На денешен ден (22 мај) во 1819 година парниот брод Савана изграден во Џорџија, Сад пристигна во Ливерпул, во Велика Британија.Ова е првиот параброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот



Wednesday, May 20, 2015


Велигденскиот Остров е Полинезиски остров во југоисточниот Пацифик на најугоисточната точка на Полинезискиот триаголник.  Островот е посебна територија на Чиле. Познат е по своите монументални статуи наречени моаи , создадени од Рапанујците. Тие се дел на Листата на светското културно наследство заедно со Рапанујскиот национален парк.  Името„ Велигденски Остров“ било дадено од страна на првиот регистриран европски посетител холандскиот истражувач Јакоб Рогевен, кој пристигнал на островот на самиот ден Велигден во 1722 година. 
Официјалното име на островот е шпанскиот назив, „Isla de Pascua“,шпански термин за „Велигденски остров“.  Сегашното полинезиско име на островот „Rapa Nui“ или „Големиот Рапа“, било сковано од страна на работничките имигранти од Рапа на Островите Бас, кои биле поврзани со својата земја, но депортирани како перуански робови во 1870те. Како и да е, Тор Хејердал тврди дека името Рапа е оригиналното име на островот, додека Рапа Ити е дадено од страна на бегалците.  Постојат неколку хипотези за „оригиналното" полинезиско име за островот, вклучувајќи го и „Te pito o te henua“, или „Папокот на Светот". Легендата вели дека првото име на островот е „Te pito o te kainga a Hau Maka“, или „Малото парче земја на Хау Мака". Другото име „Mata-ki-Te-rangi“, значи „Очи кои зборуваат со небото“.
 Првите луѓе кои се населиле на Велигденскиот остров се верува дека биле организирани групи емигранти околу 300-400 година п.н.е. 
 Според легендата првиот крал на Рапа Нуи бил Хото Матуа, владетел на една група од Полонезија, чиј брод патувал илијадници милји пред да пристигне на Анакена, една од неколкуте песочни плажи на карпестиот брег на островот.   Најголемиот доказ за богатата култура развиена од првичните доселеници и нивните наследнице е постоењето на 900 џиновски камени статуи кои се пронајдени на различни локации на островот. Во просек тие се високи по 4 метри и тешки 13 тони.  Овие огромни камени бисти, познати како Моаи се издлабени во туф, ( светла карпа формирана од консолидиран вулкански пепел) и поставени на церемонијална камена платформа наречена Ахус. Се уште не се знае точно зошто биле создадени овие статуи во толкав број и со толкава височина, ниту како се пренесувале на островот.  Киповите всушност се потполно торзо, кои клечат на колена и имаат скрстени раце кои лежат на нивните стомаци. Некои исправени Моаи останале закопани до вратор како последица на тектонските движења. 

На денешен ден

1498 - Португалскиот морепловец и истражувач Васко де Гама (Vasco da Gama) пристигнува во Калкута (Индија) - прв Европјанин кој стигнал по воден пат во Индија. 
1501 - Joao d Nova Castell ги открива островите Ascension. 

1570 - Abraham Ortelius го изработува првиот атлас на Светот, Theatrum orbis terrarum (Театар на Светот).
1774 - Британија ги дава Квебек, Лабрадор и територијата северно од Охајо.
1902 - Куба стекнува независност од Шпанија.
1932 - Amelia Earhart е првата жена која сама го прелетала Атланскиот Океан.
1506 - Во Шпанија умира познатиот италијански истражувач и трговец Christopher Columbus.

Tuesday, May 19, 2015

На денешен ден (19 Мај)


На денешен ден во 1990 година во Велес е формирано движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година е примено во најпознатите европски и светски асоцијации












Галапагос


Остовите Галапагос се група од 14 големи и бројни мали вулкански острови. Овој архипелаг политички го сочинуваат 12 провинции . Површина на островите изнесува 7.993 км2. Островите се ридести, се издигнуваат до висична од 1.707 м. на нив се наоѓаат неколку активни вулкани


Пет острови се населени
Сан Круз- со околу 15 000 жители
Сан Кристобал со околу 560 жители
Изабела со околу 950 жители
Флореана со околу 100 жители
Балтра на него се наоѓа аеродром

Главен град на Галапагос е Пуерто Бакверизо Морено. Еквадор ги анектирал островите на 12 февруари 1832 година. Првиот гувернер на островот Флореана довел група затвореници подоцна дошле и занаетчии и фармери. Островите се особено познати по Чарл Дарвин кој на нив ја пронашол инспирацијата за својата теорија на еволуцијата. Младиот Дарвин посетил четири острови од 15 септември до 20 октомври 1835година. Бродот Бигл тогаш во текот на своето патување застанал до островите со намера научниците да ја проучат геологијата и биологијата на островите. 
Прва научна мисија на Галапагос се случила во 1790 година ја предводел сицилијанскиот морепловец Александро Маласпина. Галапагос станал национален парк во 1959, на овој национален парк припаѓа 97,5 % површина од островите, развојот на туризмот започнал во 1960 година

УНЕСКО островот Галапагос во 1978 година го приклучил како светско природно наследство

Sunday, May 17, 2015

Откриена е најдалечната галаксија

галаксија
Новата галаксија се наоѓа на 13,1 милијарди светлосни години оддалеченост од планетата Земја.

Научници од американските универзитети Јеил и Санта Круз во Калифорнија со помош на три џиновски телескопи успееја да откријат нова галаксија на 13,1 милијарди светлосни години оддалеченост од планетата Земја.
Галаксијата претставува една од првите генерации на галаксии во вселената.
Галаксијата го доби името ЕГС- зс8-1. Староста на новооткриената галаксија изнесува 100 милиони години и се наоѓа во составот на соѕвездието Бутис.

Карлов мост

Карлов мост во Чешка- светски познат мост поминува над реката Влтава.Градбата на мостот ја започнал карлот Карло IV во 1357 година, а завршен е во 1402 година. Официалното име Карлов мост е добиено во 1870 година а до тогаш бил именуван како камен мост. Мостот е долг 621 м, широк 10 м. Мостот е украсен со околу 30 споменици бароктен стил. Многу легенди се поврзани со карловиот мост. Една наведува дека Карло био дота суеверен, верувал во нумерологијата, и сам ги поставил темелите во 5:31, 9 јули 1357 година.Дали поради кралевската склоност кон нумерологијата, или поради стабилната градба, мостот преживеал многу разрушувања.



Франциско Пизаро  бил шпански конквистадор, освојувач на империјата на Инките и основач на Лима, денешниот главен град на Перу. Роден е во Трухило во Шпанија. Во 1502 година заминува кон новите земји со цел да си ја проба среќата. Некое време живее на островот Hispaniola (денешен Хаити иДоминиканската Република) потоа се приклучува на колонијата Дариен во Панама. Околу 1520 година во Панама пристигнале гласини за некоја земја на југот која била богата со злато и сребро. Во 1522 година била пратена првата експедиција на југ кон инките, а неа ја предводел Паскуал де Андагоља. Оваа земја го заитересирала Пизаро кој формирал своја експедизција и отпловил кој југ.

Saturday, May 16, 2015

Страницата Меридијани е осмислен како подршка во наставата по географија во средните и основните училишта, но секој на сајтот може да пронајде некоја информација која ќе го задржи вниманието и ќе ја задоволи  љубопитноста за стекнување на нови знаења. Страницата Меридијани е креиран според идејната замисла на авторот.


Меридијани, прв училишен географски портал
Уредник  Оносимоски Дарко дипломиран професор по Географија ; допломиран Етнолог
Гостивар, Република Македонија

onosimoski@gmail.com



Friday, May 15, 2015

На денешен ден (16.Мај)

На денешен ден во 1703 година,  на брегот на Балтичкото Море поставени се темелите на рускиот град Санкт Петербург.Овој град е еден од најголемите градови во Русија, основан е од страна на Петар Велики. 

Предлог Литература

Предлог детска енциклопедија од Топер



Ако сакате да патувате низ сите континенти и различните земји во нив, тогаш овие енциклопедии се за вас. Преполни со разнобојни фотографии и интересни факти, секоја енциклопедија претставува право задоволство за читателот.
Дејвид Ливингстон, бил шкотски доктор, мисионар и истражувач на Африка. Ги испитал пространи области на јужна, источна и централна Африка и најмногу придо
нел за нејзиното истражување.
Прв ја истражил, од 1849,  пустината Калахари и басенот на реката Замбези и ги открил Викториините водопади, а потоа езерото Њаса (Малав). Во 18677 го открил и извориштето на реката Конго. Според него се именувани и Ливингстоновите водопади во долниот тек на реката Конго, помеѓу градовите Матади и Киншасе  во источен Конго
Во последните години од неговиот живот, додека ја истражувал источна Африка, долго му се изгубил секој траг од неговите експедиции, па така во  1871 експедицијата на Хенри Мортон Стенли, го пронашла на источниот брег на езерото Тангањика, на пат кон извориштето на рекат а Нил .  Починал на 1 мај, 1873 како најголем британски истражувач погребан е во Всетмерската    катедрала  во Лондон.Тој бил познат како најпознат истражувач на Африка,и затоа близу Викториините водопади има споменик во негова чест

Thursday, May 14, 2015

На денешен ден

На денешен ден 14 мај во 1811 година независност прогласи Парагвај




Wednesday, May 13, 2015

На денешен ден (13 мај)

На денешен ден (13 мај) во 1607 година Капетан Џон Смит со група војници пристигна во Верџинија и тоа место го нарече Џејмстаун, каде што е основнана првата постојана британска населба во Новиот свет

Tuesday, May 12, 2015

Лејф Ериксон

Лејф Ериксон  (9701020) бил скандинавски истражувач, прв Европеец прв  кој ја населил Северна Америка (Њуфаунленд и Лабрадор во Канада ). Се верува дека се родил 970 год  во Ислад како син на Ерик Црвениот, норвешки прогнаник кој бил син на другиот норвешки прогнаник Бордвалд Асвалдсон . Неговата мајка се викала Тјодхилд. Неговиот татко основал две норвешки колонии, Западна населба и Источна населба на Гренланд.
За време на престојот во Норвешка, Лејф е преобразен во христијанство (како и многу норвежани во тоа време). Кога се вратил во Гренланд тој го купил бродот Бјарни Херлофсон и одлучил да го истражува островот откриен од самиот Бјарни.
Гренландската сага зборува дека Лејф околу 1.000 . година одлучил да го следи Бјарниевиот пат во спротивна насока. Првото копно кој го открил било покриено со рамни карпи. По тоа го нарекол Хелуланд (земја на рамните карпи), тоа се веројатно денешните Бафинови Острови. Потоа дошол до копно кое било рамно и шумовито, со бели песочни плажи, кој ги нарекол Маркланд (земја на шумите), тоа е веројатно денешен Лабрадор. Кога Лејф и неговите луѓе пак наишле на копно се истовариле и направиле населби. Откриле дека земјата е многу пријатна со полно риби во реките и блага клима. Лејф земјата ја нарекол Виланд.
На враќање Лејф спасил норвешки прогнаник кој му го дал прекарот Лејф Среќниот
Постојат дилеми тоа каде се наоѓна Винланд и до денес не е разјаснето за кој остров се работи.
Втората сага, Сага за Ерик Црвениот, зборува дека заправо Лејф го открил американското копно, но денес Гренландската сага се смета за веродостојна.

Monday, May 11, 2015

на денешен ден (11 мај)


На денешен ден (11 мај ) во 1972 Капетанот Robert Gray ја открива и истражува реката Колумбија, која  е именувана по неговиот брод Columbia Rediviv


Friday, May 8, 2015

Пустини

Пустини општи одлики (ПРЕВЗЕМИ ТУКА)

На денешен ден ( 8 мај)


  • На денешен ден (8 мај) 1541 година Ернандо де Сото ја истражува реката Мисисипи. Ернандо бил шпански морепловец, истражувач и конкистадор. Имал значајна улога во освојувањето на Панама, Никарагва.






  • .На денешен ден во 1992 година Филипини ја призна Република Македонија.




Thursday, May 7, 2015

Екстерно оценување- Географија



Превземи ги прашањата и одговорите по Географија од VIII одделение (ТУКА)

Превземи ги прашањата и одговорите по Географија од IX Одделение ( Т У К А)

Превземи ги прашањата и одговорите по Географија од II година ( ТУКА)

Превземи ги прашањата по Природни науки и Техника VI одделение (Т У К А)



На денешен ден 7 мај


На денешен ден (7 мај) во 1902 година при ерупција на вулканот Суфријер на Свети Винцент и генадини загинаа 1680 луѓе.  Се случиле само неколку саати пред него што еруптирал Мон Пеле на францускиот остров Мартиник кои се наоѓа во карипското море.  Облакот ја покрил скоро цела Кариби, Последен пат еруптирал во 1979 , ама без човечки жртви.





Wednesday, May 6, 2015

Сремуш (Див Лук, мечкин лук,Allium ursinum)


Во периодов, секој што обожава пролетна прошетка низ шумските разеленети предели, може да налета на еден од најпотентните антиоксидансни подароци од природата. Дивиот лук уште се нарекува и мечкин лук бидејќи мечките по разбудувањето од зимскиот сон, прво го бараат токму ова растение, полно со антиоксиданси за прочистување крвта, а исто така е деликатес и за дивиот вепар.
Припаѓа на иста фамилија како и питомиот лук, но најчесто се консумираат листовите кои ја имаат истата арома. Се консумираат и главиците и цветовите, но во пролетниот период пред да процвета, листовите се фаворити. Најчесто ќе го најдете во шумски предели, особено на места каде во почвата има многу влага.
Освен што ги има сите полезности за организмот како и обичниот лук , кај дивиот истите се далеку понагласени, па така малку диво лукче може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, поседува силни антибактериски и антивоспалителни ефекти. Едно испитување спроведено во Германија покажало дека дивиот лук содржи 4.5 пати повеќе сулфурни соединенија (алицин) од култивираниот лук. Освен тоа има далеку повисок минерален и витамински контент.
Во природата постојат неколку растенија кои наликуваат на дивиот лук, но содржат отровни компоненти. Такви се мразовецот, момината солза, змиското грозје. Верувајте му прво на сетилото за мирис, ако почувствувате арома на лук кога ќе го протриете листот меѓу прстите, тогаш е див лук, во спротивно можеби држите потенцијално летално растение.
Значи сремуш, див лук, мечкин лук (Allium ursinum) е самоникната јадлива билка со исклучителна лековитост и широк спектар на дејствување. Спаѓа во 4 планетарни билки, а во 1996 год. е прогласена за медицинска билка на годината во Европа. Познатиот природонаучник д-р Кунцл вели дека ниту една билка на светот не е така делотворна во чистењето на цревата, желудникот и крвта како што тоа е дивиот лук. Дивиот лук содржи есенцијални масла богати со алин, изоалин и други сулфидни соединенија. Младите листови имаат 20-50 mg витамин Ц и околу 7% каротен.
Содржи алицин, еден од најмоќните антимикробни елементи во природата, па го нарекуваат и природен антибиотик. Поради високото количество на аденозин, дури 20 пати е полековит од обичниот лук.

Најдобар за берење е токму во април и мај, па кога ќе поминете низ патека со дискретна арома на лук отворете очи, активирајте раце и полнете кеси.

Лековити својства на дивиот лук

Дивиот лук го намалува високиот крвен притисок, ја намалува количината на липиди, триглицериди и холестерол и дејствува како антиоксиданс. Исто така, помага при настинки бидејќи има антибактериско дејство, штити од атеросклероза, не дозволува соединување на тромбоцитите и помага кај проблемите при чир на желудник. Дивиот лук помага во подобрување на циркулацијата, благотворно дејствува на срцето, има антимикробно дејство (спречува инфекции и го забрзува зараснувањето на раните), антиоксиданс (ги врзува слободните радикали и ги отстранува од ќелиите), го чисти организмот од штетни материи (пушење, алкохол и др.), покажува добро дејство кај респираторните заболувања (бронхитис, астма и др.) и зацелување на рани (дерматитис итн).
Ефикасен е против цревни паразити кај деца, а ја стимулира работата на желудникот и цревата. Исто така, помага и во елиминација на вишокот на слуз во белите дробови и така овозможува полесно дишење и искашлување. Oваа чудесна билка, која природата ѝ ја подарила и на Македонија во изобилство треба да се искористи на вистински начин.
Најдобро што можете да направите за својот организам е да отидете во чиста, незагадена природа и да го јадете дивиот лук веднаш, на лице место, 10-15 листови, и правете го тоа додека не процвета.

Начин на употреба

Можете да го додадете во чорба или супа за убава арома или да си ја потенцирате зелената салата, одлично оди во зелник или тавче со ориз, во секое јадење каде можете да замислите спанаќ или блитва или исушете го, па користете го како зачин. Останува само да поитате по нашите прекрасни планински предели, да се надишете воздух и да си наберете од овој пролетен дар.
На денешен ден (6 април) во 1944 година под Ламанш е ископан железнички тунел долг 50 километри, што претставува вториот по должина железнички тунел во светот. Овој тунел, наречен „Евротунел “, ги спојува Черитон во Англија и Кале во Франција, а возовите кои минуваат низ него најчесто се на релација Лондон-Париз-Брисел .
Каналот е релативно плиток, со просечна длабочина од околу 120 м на најширокиот дел па сè до 45 m во делот меѓу Довер и Кале. Каналските острови  се наоѓаат во теснецот, поблиску до францускиот брег.

Tuesday, May 5, 2015

5 најубави водопади во светот



Водопад


Хуангуошу водопади


Гулфос водопади


Хавасу вопопади

Викториини водопади


Нијагарини водопади

Monday, May 4, 2015

Дали сте знаеле


  • Најтоплото место на земјината топка е Долината на смртта во Калифорнија. Есента, 1922 година таму се измерени 57.8 целзиусови степени
  • Најладно место на земјата е Восток на Антартикот каде се измерени-89,2 степени во јули,1983
  • Најголем гребен на светот е Големиот корален гребен во североисточниот дел на Австралија. Гребенот е долг околу 2023 километри и се гледа од вселената
  • Истанбул во Турција е единствениот град на светот кој лежи на два континенти.
  • Звукот што го предизвикуваат Викториините водопадите во Зимбабве е толку силен што се слуша на далечина од 60 км.
  • Бајкалското езерое најстарото природно езерона Земјата, кое се формирало пред 20 до 25 милиони години
  • Австралија е единстевениот континент без ниеден активен вулкан
  • Највисокиот мост на светот се наоѓа на Химелаите. Бил изграден од индијаската армија во 1982 година и се наоѓа на 5600 метри надморска височина. 
  • Во 1819 година, САД ја купиле Флорида од Шпанија, како порамнување на долг од 5 милиони долари.
  • Финска е позната и како ’’земјата на илјада езера’’ поради 188 000 езера кои се наоѓаат во оваа земја

На денешен ден (4 Мај)

На денешен ден во 1904 –Сад започна изградб ана Панамскиот канал.   За изградбата на каналот се потрошени вкупно 390 милиони долари, кои денес имаат вредност на 400 милијарди долари. Во текот на градењето на каналот вкупно 5609 работници го загубиле својот живот .Каналот претставува голем успех, и продолжува да биде главен фактор во меѓународнио бродски транспорт. Секоја година низ каналот поминуваат околу 14.000 брода, носејќи повеќе од 205 милиони тони товар. 

.Панамски Канал — вештачки канал  што се наоѓа во најјужниот дел на Панама и ги поврзува Тихион  и Атлански океан , а ги разделува Севрна и Јужна Америка