СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, May 19, 2015

Галапагос


Остовите Галапагос се група од 14 големи и бројни мали вулкански острови. Овој архипелаг политички го сочинуваат 12 провинции . Површина на островите изнесува 7.993 км2. Островите се ридести, се издигнуваат до висична од 1.707 м. на нив се наоѓаат неколку активни вулкани


Пет острови се населени
Сан Круз- со околу 15 000 жители
Сан Кристобал со околу 560 жители
Изабела со околу 950 жители
Флореана со околу 100 жители
Балтра на него се наоѓа аеродром

Главен град на Галапагос е Пуерто Бакверизо Морено. Еквадор ги анектирал островите на 12 февруари 1832 година. Првиот гувернер на островот Флореана довел група затвореници подоцна дошле и занаетчии и фармери. Островите се особено познати по Чарл Дарвин кој на нив ја пронашол инспирацијата за својата теорија на еволуцијата. Младиот Дарвин посетил четири острови од 15 септември до 20 октомври 1835година. Бродот Бигл тогаш во текот на своето патување застанал до островите со намера научниците да ја проучат геологијата и биологијата на островите. 
Прва научна мисија на Галапагос се случила во 1790 година ја предводел сицилијанскиот морепловец Александро Маласпина. Галапагос станал национален парк во 1959, на овој национален парк припаѓа 97,5 % површина од островите, развојот на туризмот започнал во 1960 година

УНЕСКО островот Галапагос во 1978 година го приклучил како светско природно наследство

No comments:

Post a Comment