СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, May 12, 2015

Лејф Ериксон

Лејф Ериксон  (9701020) бил скандинавски истражувач, прв Европеец прв  кој ја населил Северна Америка (Њуфаунленд и Лабрадор во Канада ). Се верува дека се родил 970 год  во Ислад како син на Ерик Црвениот, норвешки прогнаник кој бил син на другиот норвешки прогнаник Бордвалд Асвалдсон . Неговата мајка се викала Тјодхилд. Неговиот татко основал две норвешки колонии, Западна населба и Источна населба на Гренланд.
За време на престојот во Норвешка, Лејф е преобразен во христијанство (како и многу норвежани во тоа време). Кога се вратил во Гренланд тој го купил бродот Бјарни Херлофсон и одлучил да го истражува островот откриен од самиот Бјарни.
Гренландската сага зборува дека Лејф околу 1.000 . година одлучил да го следи Бјарниевиот пат во спротивна насока. Првото копно кој го открил било покриено со рамни карпи. По тоа го нарекол Хелуланд (земја на рамните карпи), тоа се веројатно денешните Бафинови Острови. Потоа дошол до копно кое било рамно и шумовито, со бели песочни плажи, кој ги нарекол Маркланд (земја на шумите), тоа е веројатно денешен Лабрадор. Кога Лејф и неговите луѓе пак наишле на копно се истовариле и направиле населби. Откриле дека земјата е многу пријатна со полно риби во реките и блага клима. Лејф земјата ја нарекол Виланд.
На враќање Лејф спасил норвешки прогнаник кој му го дал прекарот Лејф Среќниот
Постојат дилеми тоа каде се наоѓна Винланд и до денес не е разјаснето за кој остров се работи.
Втората сага, Сага за Ерик Црвениот, зборува дека заправо Лејф го открил американското копно, но денес Гренландската сага се смета за веродостојна.

No comments:

Post a Comment