Национален парк Пелистер преставува најстариот национален парк во Р Македонија. Тој се наоѓа помеќу Преспанската котлина и котлината Пелагонија. Пелистер е прогласен за национален парк во 1948 година.
Тој зафаќа површина од 10400 ха со висинска разлика од 600 до 2600 м. Под шуми се наоѓаат
![](https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEj-Al-tfS3M29-14Iy3RkliHmuZ-DAnKTLHeTPgPmw5zQrMcUW14hAQzXUa7xI_S-H7OSgUoNoU0TrGSTu64nVsbqqvwnHA_5Zyba-pHJyKUqHMzB2o6ubpXT38yJY6QBmeoojrDIoSUE_g/s200/maxresdefault.jpg)
5377 ха,. Шумата од Молика (вид на ендемичен и реликтен бор за првпат откриен од страна на Гризебах во 1829 година ), е посебна вредност на паркот. Се простира на површина од 1300 ха (чисти состојки) и претставува резерват. Во паркот се застапени повеќе видови на дрвја, така што во неговата дендофлора се јавуваат 29 % од вкупната македонска дендофлора. Паркот се карактеризира и со тоа што на релативно мало подрачје се сконцентрирани голем број специфични природни реткости. Пелистер како висока планина за време на плеистоценот била под лед и од тогаш се останати циркови, валови и морени како специфични глацијални форми во релјефот. Во два цирка се сочувани леднички езера -
Големото езеро кое се наоѓа на 2218 м надморска височина и зафаќа површина од 4,2 ха и
Малото езеро кое е на надморска височина од 2180 м. Потоа во паркот се сретнуваат камените реки како специфични морфолошки форми и редок природен феномен. Националниот парк Пелистер е поделен во три зони: строго заштитена зона со површина од 1600 ха, рекреативна зона со повеќе туристички и спортски објекти и стопанска зона.
Национален парк Град Површина во Ха Надморска височина
Пелистер (1948 г.) Битола 10400 600 - 2600
Маврово (1949 г.) Гостивар 73088 400 - 2200
Галичица (1958 г.) Охрид - Ресен 23000 700 - 2255
Јасен (резерват) Скопје - Кисела Вода 10000 376 - 2180
No comments:
Post a Comment