СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Saturday, March 26, 2016

Река Требишњица

Реката Требишњица е најголемата понорница во Европа. Реката Требишњица е херцеговинска река понорница долга 96,5 км која извира блиску до Билеќа под планината Влајина (492 метри) на надморска височина од 398 метри, Со подводните текови вкупно е долга 187 км. Површината на речниот слив изнесува 2.250 км/2. Требишњица е дел од комплексот на подземни и надземни реки чија крајна цел е Јадранското море, односно реката Омбла ( позната и под името Река Дубровачка) која се влева во морето кај Дубровник. Површински тече под името Мушница, Клучка и Фатничка река, а како Требишњица е позната дури од Билеќе. На Требишњица е планирана изградба на седум хидроцентрали од кој до сега се изградени четири: Требиње 1, Требиње 2, Дубровник и Чаплјина  . Кај Требиње 1 и Требиње 2 направени се две вештачки езера : Билечко езеро и Горичко езеро. Пред изградбата на овие хидроцентрали, Требишњица важела за најдолгата природна река понорница во европа па дури и во светот


No comments:

Post a Comment