![](https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEhErZFTHGKmeIb_YNOylWEvX4GZ2mf8cUtqKKX_fNY84g3HSzhOFtYx31u2hhcnbf6aAw-MoKTcaJrAu5hB-LLmovIcxSyO4uU_bVKMT0q9tamKhyphenhyphenssefgPG1MClD2kqQ6T98oLjQ7dGWSR/s320/12806263_539147762934604_1049270416061096692_n.jpg)
Постојнска јама (пештера) е најголемата пештера во Словенија. Постојнската јама е една од најголемите геолошки атракции во Словенија. Представува 20.570 метри долга системска пештера. Во тој систем спаѓаат уште и Отошка, Магдаленината, Джрна и Пивка пештерата. Овој систем на пештери настанал под влијание делумно од понорницата на реката Пивка, која во својот тек последните 2 милиони години, го образувала неговиот сегашен изглед и форма. Во внатрешноста на пештерата температурата е константна и изнесува од 8 степени Ц до 10 Степени Ц. Најголема длабочина на Постојнската јама изнесува 115 метри. Постојнската пештера е богата со биолошки врсти во подземниот свет. Најпозната е човечка рибица . Тоа е впрочем околу 20 цм долг водоземец, сличен на гуштер со закржлавени нозе и без очи. Името е добиено по бојата на кожата која е многу слична на човечката. Судејќи според натписите во пештерата, првите посетители имало дури од 13 век.. Откриена е далечната 1818 година кога сличајно ја пронашол еден селанец. Веќе следната година Постојнската јама ги примила првите посетители туристи.
Во 1872 година во јамата се поставени железнички шини а во 1884 година била осветлена со факаели и керозин светилки а подоцна биле заменети со електрични светилки. Постојнската јама и денес единствената пештера во светот каде при разгледувањето поминувате со воз. За туристите е отворено околу 5300 метри од пештерата. Постојнската јама до сега ја виделе околу 31 милион посетител што ја прави најпосетуваната туристичка пештера во Европа
No comments:
Post a Comment