Насловната
Посети
Wednesday, October 28, 2020
Титиов врв
Monday, August 17, 2020
Хрватска
ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Грција
ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Saturday, August 8, 2020
Србија
ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Република Србија е јужноевропска држава сместена во централниот дел од Балканскиот Полуостров, која кон север се поврзува со регионот Средна Европа. Таа граничи со 8 држави, и тоа: на југ со Македонија, на исток со Бугарија и Романија, на север со Унгарија, на запад со Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во јужниот дел од Србија се наоѓа и покраината Косово, која во последните неколку години полека ги остварува долгогодишните аспирации за остварување на независност со воспоставување на свои институции и државни симболи, што е резултат и на силната меѓународна поддршка. Во овие граници Република Србија зазема површина од 88 360 км кв. (111-то место меѓу државите во светот).
РЕЛЈЕФСрбија се одликува со разновиден релјеф. Младите планини се застапени во западниот дел, а покарактеристични од нив се: Златибор, Шар Планина и Копаоник. На Шар Планина е и највисокиот врв во државата (2 651 м н.в.). Во Југоисточниот дел се застапени стари планини, кои се дел од Родопските Планини, додека во источниот дел се застапени млади планини, кои се продолжение на Карпатите. Најголема низина во Србија е Панонската Низина, која се состои од три целини: Банат, Бачка и Срем. Од котлинските простори карактеристични се: Нишката и Метохиската.КЛИМАНајраспросранет тип на клима во Србија е умерено-континенталниот. Покрај него по долината на реката Бел Дрим, во југо-западниот дел од државата е застапена изменето-медитеранската клима. Во Панонската Низина е застапена континентална степска клима, а на планините над 1 000 м н.в. е застапена планинска клима.ХИДРОГРАФИЈАНајголемо значење меѓу реките во Србија има реката Дунав. Таа има голем број на притоки, меѓу кои особено значајни се: Тиса, Сава, Велика Морава и Тимок. Реката Дунав е значајна за: речниот сообраќај, наводнувањето и хидроенергијата (особено кај Ѓердапската Клисура). Освен споменатите реки кои припаѓаат на Црноморскиот речен слив, во сливот на Јадранското Море припаѓа реката Бел Дрим, а на Егејското сливно подрачје реката Лепенец.НАСЕЛЕНИЕВо Србија денес живеат околу 9 милиони жители (од нив околу 2 милиони на Косово). (Според тоа се наоѓа на 96-то место во Светот). Освен Србите и Албанците (на Косово), во Србија застапени се и некои малцинства, како што се: Унгарци (во Војводина), Роми, Хрвати, Македонци и Бошњаци. Покрај големата концентрација на население во и околу главниот град, со голема густина на населеност се одликуваат и просторите на Панонската Низина и Косово. За населението на Србија карактеристична е и силно изразената емиграција на населението, особено во 90-тите години на XX век, кога се смета дека државата ја напуштиле над 300 000 жители.НАСЕЛБИГлавен и најголем град во Србија е Белград, со над 1 200 000 жители. Други поголеми градови се: Нови Сад, Приштина (на Косово), Ниш, Крагуевац и Суботица.СТОПАНСТВООд стопанските гранки во Србија особено е развиено земјоделството, посебно во Панонската Низина и по долината на реката Морава, а намногу се одгледува: пченицата, пченката, сончогледот и шеќерната репка. Од индустриските гранки застапении се: прехрамбената, машинската, автомобилската и текстилната. И туризмот зазема свое место во стопанството на Србија, и тоа зимскиот туризам (на Златибор и Копаоник) и бањскиот туризам (Нишка, Врњачка, Врањска и Сокобања)
Wednesday, July 8, 2020
Езера на планината Галичица
Природни езера
Природните езера на планината Галичица можеме да ги поделиме на три групи, и тоа: постојани, периодични и повремени езера. Постојани се 2 езера, 1 е периодично езеро, а бројот на повремените заезерувања тешко може да се утврди.
Постојани езера
Постојани природни езера на планината Галичица се јавуваат само во нејзиното подножје, и истите претставуваат остатоци од поголеми лагуни кои што егзистирале во геолошкото минато. Тоа се езерото Острово и Стењското Езеро (Блато). Во минатото пред изградбата на автокампот Љубаништа, на таа локација постоела лагуна, која што со изградбата на кампот е целосно уништена.
Езерото Острово се наоѓа покрај јужниот крај на Охридското Езеро во близина на манастирот Св. Наум. Ова езеро спаѓа во типот на лагуни, кое што Валилески Д. го издвојува како посебен поттип на крајбрежно-изворско езеро (Василески, 1995). Ова езеро е создадено со снижувањето на нивото на Охридското Езеро, при што некогашното заливче под дејството на брановите постепено е затворено со крајбрежен бедем широк околу 10 m. Езерото е долго 220 m, широко 140 m, а најголемата длабочина му изнесува 3,5 m. Помеѓу езерото Острово и Охридското Езеро постои краток површински водотек со должина од 12 m. Со вода се храни од изворите Св. Наум (кои што народот ги нарекува Изворите на Црн Дрим), односно, од 18 крајбрежни и 30 сублакустриски (подводни) извори чија што вкупна максимална издашност изнесува 11 m3 /s (Стојадиновиќ, Шапкарев, 1962). Во езерото се наоѓаат два острова, од кои што помалиот се користи како ресторан, а поголемиот е целосно обраснат со шума. При мојата посета на 27. 08. 2004 г. температурата на водата на крајбрежните извори се движеше од 10,7-11,5 ºC, а pH вредноста се движеше од 6,9-7,1, во најголем дел 7,0. Температурата на водата во средишниот дел изнесуваше 11,6 ºC, pH вредноста 7,0, а на излезот од езерото температурата на водата изнесуваше 11,8 ºC, а pH вредноста 7,2. Езерото Острово во однос на Охридското Езеро се однесува како криптодепресија, бидејќи неговото ниво е повисоко од нивото на Охридското Езеро во просек за 0,56 m, додека дното во просек му е пониско за 2,94 m од нивото на водата во Охридското Езеро. Во минатото се правени многу обиди за да се утврди потеклото на водите во изворите Св. Наум. Претпоставките биле дека нивното потекло е од водите на Преспанското Езеро, кое што е повисоко за околу 160 m од Охридското Езеро, кои што понираат низ карстните масиви на Галичица во Мала Преспа на повеќе локации (Завир, Врагодупка и др.), па имало и обиди тоа да се докаже и со уфрлање на боја во понорите (Цвијић, 1911). Конечно во почетокот на 80-г од XX век, со примена на природни изотопи е докажано дека партиципацијата на Преспанското Езеро во водите на изворите кај Св. Наум е cca 42 % и претставува 25 % од вкупно дренираните преспански езерски води кои што понираат низ варовничките маси на Галичица (Ановски и др., 1987).
Езерото Острово претставува строго заштитена зона во рамките на националниот парк Галичица.
Стењското Езеро (Блато) се наоѓа кај с. Стење кај Преспанското Езеро. Спаѓа во видот на мочуришни езера. Од Преспанското Езеро е одделено со песочен бедем широк 100 m. Јаковљевиќ (Јаковљевић, 1933) наведува дека истиот е долг 400-500 m, но сметам дека истиот е многу подолг 1,5-2 km и го одделувал целиот Стењски Залив од Преспанското Езеро, а со засипување со нанос и поради спуштањето на нивото на Преспанското Езеро, од големата лагуна останал само нејзиниот најдлабок дел. Има елиптична форма со правец на протегање северозапад-југоисток, со максимална должина од 618 m и максимална широчина од 393 m. Зафаќа површина од околу 20 ha која што во текот на годината варира, а 101 максималната длабочина му изнесува 3,5 m која што исто така варира. Во зависност од височината на нивото на Преспанското Езеро тоа е повремено се поврзува со истото. Езерото Острово (Ангеловски, 2004) Последната комуникација на блатото со Преспанскто Езеро била во 1941-1942 г. кога поради високиот водостој песочниот бедем бил прекинат (Стојмилов, 2003). Денес поради ниското ниво на Преспанското Езеро (кое според официјалните податоци е -7,5 m под “0” кота) на патот кој што води по самиот срт на бедемот на суво е и цевката со пречник 300 mm која што е поставена за истекување на вишокот вода од блатото во влажните периоди. Во старите карти на НП “Галичица” истото е обележано како строго заштитена зона, но од пред неколку години со ревалоризацијата на строго заштитени те зони во паркот, истото е избришано од строго заштитена зона (наводно поради изградба на туристички комплекс) и не се споменува воопшто во публикациите на паркот. На 24. 05. 2004 г. длабочината му изнесуваше 1,5- 2,5 m, температурата на водата 14,7 ºC, а pH вредноста 6,1. Во најголем дел е обраснато со трска, шавар, жолта перуника и др.
Периодични езера
Од периодичните природни езера на планината Галичица постои едно езеро кое што има полигенетско потекло, односно во неговото изградување улога одиграле флувијалната и карстната ерозија. На планината Галичица, во близина на Стари Завој, во месноста Езерце, во влажниот период од годината се формира периодично езерце, кое го нареков Завојско Езеро Дното на Завојското Езеро обраснато со шамак (Ангеловски, 2008) Езерото е формирано во изворишните делови на Рувче Река во теренот изграден од плочести варовници со рожнаци, кои се прекриени со делувијален нанос од метапесочници. во средишниот дел се наоѓа мала вртача со дијаметар 50 sm и длабочина од 20 sm. Во сушниот дел од годината дното на езерото е обраснато со шамак. За врема на нашата посета на 16. 06. 2009 г. езерото беше без вода, но дното беше влажно. Според трагите од заезерувањето, утврдивме дека истото е со должина од 41 m (во правец СЗ-ЈИ), максимална широчина од 28,8 m (во правец СЕ-ЈЗ) и длабочина од 30 sm. Површината на езерото во овие димензии изнесува околу 944,7 m2 , а волуменот околу 283,4 m3 . Во некои периоди од годината езерото делува како проточно, бидејќи низ него протекува повремениот водотек кој се спушта од падините јужно од него. Со вода се храни претежно од врнежите и стопениот снег, како и со вода од повремениот водотек на Рувче Река.
Повремени заезерувања
После топењето на снегот, карстните полиња на планина Галичица, особено Ѓафа и Суво Поле се поплавуваат, по кратко време водата се повлекува, а во вдлабнатините и во алувијалните вртачи по дното се формираат заезерувања. Ваквите заезерувања се најчести во карстното поле Ѓафа. До нивно формирање најчесто доаѓа поради неможноста на понорите по дната на алувијалните вртачи да ја примат сета вода која што се слева во нив. Голем број од ваквите заезерувања се искористени за изградба на микроакумулации, за кои што ќе стане збор нешто подоцна. Овие заезерувања не се целосно истражени и целосно евидентирани. Првото вакво заезерување се наоѓа веднаш после локвата Ѓафа, движејќи се кон југ, кој всушност претставува алувијална вртача со понор кој што не може целосно даја прими водата од стопениниот снег. При мојата посета на 02. 04. 2004 истото имаше кружен облик со должина 3,9 m, широчина 3,4 m, длабочината изнесуваше 0,8 m, но се забележуваа траги од поголемо заезерување со дијаметар околу 10- 11 m. Температурата на водата изнесуваше 16,3 ºC, а pH вредноста 6,9. При мојата втора посета на 09. 04. 2004 г. водата беше целосно повлечена, а вртачата беше сува. Останатите локации се во близна на локвата Црвена Земја, помеѓу локвите Црвена Земја и Долна (кое што има специфичен бубрежест облик) и јужно од локвата Долна. Според кажувањето на Ристо Ламбески од с. Елшани, типично заезерување се формира во чиниестата алувијална вртача-понор во централниот дел на карстното поле Суво Поле. Имено снегот кој што се топи од околните падини на Суво Поле прави водотеци, од кои најголеми се оние од Бугарска Чука (1801 m) и од долината кај Мечкина Локва. Водите кои што се слеваат во вртачата прават заезерување, а поради понирањето водата во него постојано кружи. Вртачата е со дијаметар од 50 m и длабочина од 2,5 m, а истата месното население ја нарекува Црвена Земја (овде треба да се направи разлика со микроакумулацијата Црвена Земја во карстното поле Ѓафа). Поради специфичните климатски појави во последните 30-тина години, оваа појава не е забележана. Јужно од селото Илино, во месноста Влек се формира вакво повремено заезерување со дијаметар од 6-7 m кое што со вода се храни од дождовите и топењето на снеговите. за негово искористување во непосредна близина е изградено хранилиште за дивеч.
Вештачки езера
Во подножјето на планината Галичица се јавува само една мала акумулација, а додека за изградба се планирани уште две мали акумулации кои што би служеле за наводнување. За напојување на стоката во високопланинските делови на планината Галичица во 30-те години на XX век се изградени повеќе микроакумулации.
Мали акумулации
Малата акумулација Рудник или Езерце, всушност претставува напуштен површински коп на јаглен. Создадено е во почетокот на 80-те години на XX век со експериментален коп на јаглен во плиоцените седименти од страна на текстилната фабрика “Преспатекс” – Ресен. Езерото има неправилна трапезоидна форма со должина 150 m, широчина 78 m, максимална длабочина од 16 m, при што зафаќа површина од околу 9 360 m2 и волумен од 149 760 m3 вода. При мојата посета на 26. 05. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 18,4 ºC, а pH вредноста 6,4-6,5. Во западниот дел е обраснато со трска. Водата од езерото се користи за наводнување и спортски риболов на крап, со кој што истото е порибено. Со вода се храни од изданот во кој што е всечено, како и со вода од врнежи.
Малата акумулација Рудник (Езерце), (Ангеловски, 2004) Во сливот на Боунска Река се планира изградба на мала акумулација со височина од 18 m, широчина на круната од 3 m, должина 135 m и вкупна запремнина од 720 000 m3 вода од кои 546 000 m3 вода би била корисна вода, а 15 550 m3 вода како мртов простор. Водата од оваа акумулација во основа ќе се користи за наводнување на 270 ha земјоделски површини засадени со овоштарници, како и за добивање на електрична енергија, во одредени случаи за рибарство и други потреби (Група автори, 1990). Во сливот на Источка Река исто така се планира изградба на мала акумулација, со височина на браната од 18 m, корисна зафатнина од 700 000 m3 вода. Водата од оваа акумулација ќе се користи за наводнување на 208 ha обработливи земјоделски површини, пред се засадени со овоштарници и за други потреби (Група автори, 1990).
Микроакумулации
Поради недостатокот на вода за напојување на стоката во високопланинските предели на Галичица, по директна наредба на Кралот на Југославија, во 30-те години на XX век се изградени поголем број на микроакумулации. Овде се напасувале преку 100 000 грла овци. Како локации се избрани местата каде што повремено се заезерувала водата по дната на карстните полиња, во скарстените речни долини, како и во поголемите вртачи. Истите се градени со наизменично редење на слоеви црвеница и волна и набивање со помош на коњи. При секое напојување стоката се пуштала низ локвите за дополнително да се набие подлогата, па така истите и се самоодржувале. Во текот на 50-те и 70-те години од XX век се извршени одредени санациони зафати, изградени се пумпи и бетонски водопоила. Но некои санациони зафати довеле и до нивно оштетување. Микроакумулациите на број ги има 23 од кои што 9 постојано имаат вода, 7 имаат периодично вода, а 7 имаат повремено или воопшто не држат вода. Од нив една е ѕидана, две се ѕиданоземјени, 4 се бетонирани (чиј што средишен дел е во вид на бунар и имаат заштитен прстен од ѕидани камења), а останатите се земјени. Микроакумулациите народот ги нарекува локви, па при опишувањето ќе бидат употребувани автентичните имиња, а дополнително ќе бидат дадени и имињата под кои што се среќаваат во литературата и на картите. Опишувањето ќе биде од север кон југ.
Микроакумулацијата Петринско Поле се наоѓа на дното на една голема вртача под котата 1542 m. Таа е од земјен тип, кој со вода се храни од непосредната сливна површина, а поради неодржување и запуштеност, вода има само за време на топењето на снегот. Локвата има елипсоидна форма, со димензии 48 m должина, 27m ширина, а максималната длабочина изнесува 1 m. Нејзината површина изнесува 1 036,8 m2 .
Микроакумулацијата Горни Исток е сместена во полето кое се наоѓа помеѓу врвовите Бигла и Црвен Камен, на самиот пат кој води кон врелото Горни Исток, на 200 m од чешмата Горни Исток. Оваа микроакумулација е од земјен тип со елуипсовидна форма, со должина 23,3 m, широчина 13 m, длабочина 0,9 m и површина 242,32 m2 . На 21. 06. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 26,3 4 ºC, а pH вредноста 7,1. Со вода се храни од непосредната сливна површина, како и од изданот во кој што е всечена. Во голема мера е исполнета со нанос и обрасната со барска вегетација и постојано има вода.
Микроакумулацијата Џафа (Ѓафа) е сместена во североисточниот дел на карстното поле Ѓафа. Таа е од ѕиданоземјена со димензии: должина 57 m, широчина 40 m, длабочина преку 1 m (месец април) и површина од 1 824 m2 . На 31. 03. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 55,7 4 ºC, а pH вредноста 6,9. Со вода се храно од непосредната сливна површина, изворот Ѓафа, како и од преливот на блискиот бунар. Во јужниот дел е изградена пумпа со бетонски корита за напојување на стоката, а северно од неа има бунар. Околниот ѕид е доста оштетен. Таа постојано има вода.
Микроакумулацијата Црвена Земја (Дупкана) сместена е во централниот дел на полето Ѓафа, во месноста Дупкана. Таа е најголема микроакумулација на Галичица, а е изградена од набиена црвеница, од каде што доаѓа и името. Долга е 86 m, широка 52 m, длабока 0,5 m, а има површина од 3 577,6 m2 . На 02. 04. 2004 г. температурата на водата изнесување 11,7 ºC, а pH вредноста 7,4. Со вода се храни од стопениот снег и дождовите што се слеваат од полето Ѓафа.
Микроакумулацијата Долна Локва е сместена во јужниот дел на полето Ѓафа, во месноста Долна. Таа има облик на латинската буква “V” бидејќи е доста оштететна од возилата кои во летниот период, кога таа е сува, низ неа си направиле пат, при што е оштетен долниот заштитен слој. Долга е 75 m, широка 30 m, длабока 0,4 m, со површина од 1 800 m2 . На 02. 04. 2004г. температурата изнесуваше 15,9 ºC, а pH вредноста 6,6. Со вода се храни од непосредната сливна површина, како и од преливот на блискиот бунар. Вода има периодично.
Микроакумулацијата Горна Локва (Дива Јасика) се наоѓа во месноста Дива Јасика и е од бетонски тип. Нејзината должина изнесува 25 m, широчината 20 m, максималната длабочина во средишниот бунарест дел изнесува 2,5 m и има површина од 400 m2 . На 19. 06. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 22,6 ºC, а pH вредноста 7,2. Таа постојано има вода. Во нејзина непосредна близина има и бунар.
Микроакумулацијата Самоска Локва (Асан Ѓура) (Сл. 4) е сместена во карстното поле Асан Ѓура, на планинарската патека кој што води од планинарската куќа кон Самоска Пештера. Таа е од земјен тип и има кружна форма. Нејзината должина изнесува 37,8 m, широчината 37 m, длабочината 0,5 m, и има површина од 1 118,9 m2 . На 02. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 14,7 ºC, а pH вредноста 7,6. Со вода се храни од непосредната сливна површина и има постојано вода.
Микроакумулацијата Симонческа Локва во карстното поле Асан Ѓура, во полето помеѓу Гребенине и котата 1527 m. Таа е од ѕидан тип и има елипсовидна форма. Нејзините димензии изнесуваат должина 22 m, широчина 11 m, длабо;ина од 2,5 m и површина од 193,6 m2 . На 02. 04. 2004г. температурата на водата изнесуваше 9,0 ºC, а pH вредноста 6,5. Со вода се храни од изданот во кој што е всечена, како и од преливот на блискиот бунар. Во пролетниот дел на годината таа е од проточен тип, каде водата што истекува од неа понира во блискиот понор. Околу неа има пумпа со бетонски корита, а помеѓу бунарот и неа има земјени корита. Вода има постојано.
Микроакумулацијата Студино I е сместена во увалата Студино. Има траголна форма, сместена е во близина на бунарот Студино и е од земјен тип. Околу неа се забележуваат траги од поголемо заезерување. Нејзината должина изнесува 9 m, широчината 8 m, длабочина 0,4 m, има површина од 75,6 m2 . На 09. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 16,1 ºC, а pH вредноста 7,7-7,8. Со вода се храни од непосредната сливна површина, како и од преливот на блискиот бунар. Вода има периодично.
Микроакумулацијата Студино II е сместена во централниот дел на увалата Студино. Таа е од земјен тип со елипсовидна форма. Нејзината должина изнесува 54 m, широчина 30 m, длабочина 0,5 m, и има површина од 1 296 m2 . На 09. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 16,8 ºC, а pH вредноста 7,7. Со вода се храни од непосредната сливна површина, а во нејзина близина се наоѓа бунареста вртача која што најверојатно е продолжение на пештерата Самоска Дупка. Вода има периодично.
Микроакумулацијата Студино III е сместена јужно од Студино II. Таа е од земјен тип со елпосовидна форма. Нејзината должина изнесува 51 m, широчина 26 m, длабочина 0,45 m, и има површина од 1 060,8 m2 . На 09. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 20,7 ºC, а pH вредноста 7,7-7,8. Со вода се храни од непосредната сливна површина, а вода има само периодично.
Микроакумулацијата Студино IV е сместена југоисточно од Студино III. Таа е од земјен тип со кружна форма. Нејзината должина изнесува 20 m, широчина 15 m, длабочина 0,3 m, и има површина од 240 m2 . На 09. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 24,3 ºC, а pH вредноста 7,8. Со вода се храни од непосредната сливна површина, а вода има само периодично.
Микроакумулацијата Два Бунари сместена во месноста Два Бунари во една длабока вртача. Таа е од бетониран тип со бунарес дел во центарот. Обликот и е кружен со дијаметар 10 m, длабочина 1 m, и има површина од 80 m2 . На 09. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 1 ºC, а pH вредноста 6,8. При нашата посета во поголем дел беше испонета со снег. Со вода се храни од непосредната сливна површина и од преливот на блискиот бунар, а вода има периодично. Во околината има ѕидана ограда од камен и бетонски корита за напојување на стоката.
Микроакумулацијата Мечкина Локва е сместена во шумата Косто Бачило и југозападниот дел од Суво Поле. Таа е од земјен тип со кружна форма. Нејзината должина изнесува 14,5 m, широчина 13,6 m, длабочина 0,6 m, и има површина од 157,8 m2 . На 11. 05. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 11,9 ºC, а pH вредноста 7,2-7,3. Со вода се храни од непосредната сливна површина, како и од блискиот бунар, а вода има преку целата година
. Микроакумулацијата Косто Бачило е сместена во месноста Косто Бачило и е од бетонски тип со бунарен средишен дел и ограда од камен и бетон. Таа има пречник од 18 m, длабочина 2 m, со површина од 259,2 m2 . На 19. 06. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 23,5 ºC, а pH вредноста 7,3. Со вода се храни од непосредната сливна површина, како и од преливот на блискиот бунар. Таа е исполнета со нанос и во поголемиот дел е обрасната со барска вегетација. Вода држи преку целата година. Во нејзина близина има бетонско корито и ѕидан бунар.
Микроакумулациите Симонческа Локва и Мечкина Локва
Микроакумулацијата Црвен Камен е сместена во месноста Црвен Камен и е на најголема надморка височина од околу 1870 m. Таа е од земјен тип со кружна форма со дијаметар 36,7 m, длабочина 1,5 m, и има површина од 1 077,5 m2 . Таа во минатото држела вода преку цела година, а птици доаѓале дури од Охридското Езеро. Меѓутоа, месното население сакајќи да го исчисти наносот од неа, го оштетило заштитниот слој и истата сега не држи вода. Во нејзина близина има бунар.
Микроакумулацијата Зли Дол е сместена десно од превојот Галичица (1600 m) во бунарестата вртача Зли Дол. Таа е од бетонски тип со кружна форма и бунарест дел во средината. Нејзината должина изнесува 20 m, широчина 19 m, длабочина 1,5 m, и има површина од 304 m2 . На 25. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 8,7 ºC, а pH вредноста 8,3. Со вода се храни од непосредната сливна површина, и вода има преку целата година. На патеката кон врвот Магаро во месносна Липова Ливада (Липоња) се наоѓа микроакумулацијата Липова Ливада која што е оштетена, не држи вода и тешко може да се утврди нејзината локација.
Микроакумулацијата Глајшо е сместена увалата Поле до црквата Св.Спас. Целото поле во пролетно време е заезерено. Таа е од земјен тип со кружна форма со дијаметар 33 m, длабочина 0,6 m, и има површина од 871,2 m2 . На 11. 05. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 22,3 ºC, а pH вредноста 7,6. Со вода се храни од непосредната сливна површина, изданот во полето и преливот од блискиот бунар. Вода има само периодично. Во поголем дел е обрасната со трева, а во средишниот дел со барска вегетација, па затоа тешко се одредуваат нејзините граници.
Микроакумулацијата Св.Атанасие е сместена под манастирот Св.Атанасие, кај с.Љубаништа.. Таа е од ѕидано-земјен тип со елипсовидна форма. Нејзината должина изнесува 20 m, широчина 6 m, длабочина 0,5 m, и има површина од 96 m2 . На 27. 08. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 10,9 ºC, а pH вредноста 7,0-7,1. Таа е од проточен тип. Водата се користела за наводнување на Љубанишко Поле. Со вода се храни од изворите кои што се во неа и еден извор од страна
Микроакумулациите Војтина I, II и III се наоѓаат во месноста Војтина, под изворите Крека и Попов (Велички) Клајнец. Поради близината на граничната линија тие се запоставени, обраснати со трева, не држат вода и тешко можеше да се утврди нивната локација.
Wednesday, June 24, 2020
Романија
Saturday, June 20, 2020
Данска
Thursday, June 11, 2020
Географија на Европа
Најголемото езеро во централна Европа
Најголемото алпско езеро
Бледско езеро
Најголемото езеро во Финска
Мазурски езера
Најголемиот глечер во Европа
Најдолгата река во Франција
Тјоурсау
Северн
Најдолгата река на Пиринејскиот полуостров
Карлови Вари
Јадранско море
Првата рибарска земја во Европа
Најмалата држава во светот
Симболот на Копенхаген
Најголемиот полуостров во Европа
Највисокиот водопад во Европа
Највисокиот врв на Пиринејскиот полуостров
Скандинавски планини
Елбрус
Гросглокнер
Ардени
Ртањ планина
Проклетије
Фрушка гора
Бен Невис
Цугшпице
Европа релјеф
Месински теснец
Макарска ревиера
Халкидики
Азорски острови
Фарски острови
Пристанишни градови во Европа
Лејк Дистрикт
Најголмиот фјорд во Норвешка
Австрија
Бугарија
Романија
Кантереон
Повеќегодишна билка со жолти цветови која расте насекаде низ ливадите и планинските падини на европскиот континент и е исто така присутна на нашето поднебје. Кантарионот содржи многубројни лековити состојки: етерични масла, јагленохидрати, белковини, пектинска и миристинска киселина, витамин Ц, танини (9-11%), смола, антоцијанини, хиперфорин и хиперицин кои му ја даваат црвената боја на неговиот сок, каротен, биофлавоноиди, холин, фитосерин и трагови од алкалоиди. Кантарионот содржи и мелатонин, хормон кој се лачи во организмот при заспивање и е потребен за одржување на сонот (на овој начин кантарионот делува против несоница и помага за опуштање на организмот и емоционална добросостојба).Екстрактите од жолтиот кантарион наоѓаат широка примена во фармацијата и козметиката.Депресија и мигрена
Ова растение покажало многу добри резултати при лечење на депресија и мигрена. Причината се крие во една од супстанциите што ги содржи кантарионот наречена хиперицин. Оваа супстанција го смирува организмот, го намалува физичкиот замор и води до ослободување на мали количини допамин, кои не прават да се чувствуваме посреќни. Тоа е и причина да се препорача конзумацијата на жолт кантарион во нашето секојдневие.ГастритЛуѓето што страдаат од болести на дигестивниот систем, а имено чир, гастрит и различни воспаленија на дванаесетпалачното црево имаат голема полза од приемот на жолт кантарион, бидејќи тој делува на две нивоа. Ја смирува болката и го стимулира зараснувањето на рани. Чај од кантарион помага при киселини, гадење, колики, лошо варење, диареја.РаниКако што веќе спомнавме, жолтиот кантарион има позитивно влијание на отворени рани. Компреса од жолт кантарион помага за побрзо заздравување на раната. Исто така ова растение ќе ви помогне да ја заштитите раната од инфекции.НастинкаЧај од жолт кантарион се препорачува и во почетен стадиум на грип и настинка. Дејството на жолтиот кантарион ќе помогне да го совладате периодот на болест многу полесно.
Tuesday, May 26, 2020
Бугарија
Република Бугарија е држава во Јужна Европа, поточно е сместена во источниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа на север граничи со Романија, на запад со Македонија и Србија, а на југ со Грција и Турција. На исток Бугарија излегува на Црното Море. Во овие граници Република Бугарија зазема површина од 110 912 км кв (103-то место меѓу државите во светот).
РЕЛЈЕФ
Освен во северните делови каде што се протега дунавската долина, Бугарија е претежно планинска земја. Во средишните делови се протега Стара Планина (Балкан), јужно од неа е планината Риласо највисокиот врв на Балканот - Мусала (2 925 м н.в.), додека уште појужно се протега Пирин Планина, на која кон исток се надоврзуваат Родопите. Од низините, покрај долината на реката Дунав каде се простира Долнодунавската Низина, се издвојува и Тракиската Низина, по долината на реката Марица.
КЛИМА
Климата во Бугарија е разновидна. Сепак најголем дел од земјата се одликува со умерено-континентална клима. Приморската (средоземноморска) е застапена на бреговите на Црното Море, изменето-средоземномоската е карактеристична за долината на реката Марица, а над 1 000 м н.в. е застапена планинската клима.
ХИДРОГРАФИЈА
Од реките особено значајна е пограничната река со Романија, реката Дунав, која го формира и најголемото сливно подрачје (црноморското), додека во сливот на Егејското Море припаѓаат реките: Марица, Струма и Места. Покрај малиот број на котлински езера, Бугарија се одликува со голем број на леднички езера, на над 2 000 м н.в.
НАСЕЛЕНИЕ
Денес во Бугарија живеат нешто над 7 милиони жители (над 100-тото место меѓу државите во светот). Интересно за земјата е тоа што после 1990-тите години популацијата континуирано се намалува (тогаш броела околу 9 милиони жители). Тоа се должи на нискиот природен прираст и високите вредности на емиграциските бранови од државата кон други, поразвиени држави од ЕУ. За Бугарија е карактеристичен и високиот удел на старо население (над 60 години), во вкупното население во државата, кој изнесува речиси 20 %. Според етничката припадност во Бугарија најзастапени се Бугарите со околу 85 %, а позастапени малцинства се турското со околу 9 % и ромското со околу 5 %.
НАСЕЛБИ
Главен град на Бугарија е градот Софија со над 1 300 000 жители. Други поголеми градови, со над 100 000 жители се: Пловдив, Варна, Бургас, Русе, Стара Загора и Плевен.
СТОПАНСТВО
Бугарија иако е земја членка на ЕУ се смета дека е земја во развој, односно заостанува зад европскиот просек. Најголем дел од стопанските активности се поврзани со полјоделството и сточарството. Исто така како посебно развиена стопанска гранка се јавува туризмот. Летниот туризам се развива долж Црноморскиот брег (Златни Песоци, Варна, Несебар, Бургас и др.), додека зимски и планински туристички места се развиле на Рила и на Пирин Планина (Боровец, Банско и др.). Бугарија извезува: раноградинарски култури, тутун, овошје, грозје и некои индустриски производи, а увезува: нафта, земјен гас, автомобили, машини и други индустриски производи.