СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, March 22, 2016

Тианзи планини

Тианзи планини се дел од националниот парк во Кина, од 1992 година се наоѓа под заштита на унеско како дел од светското природно богатство, овој простор има исклучително посебни предели и пејсажи . Тианзи на локален дијалект значи "Син Рај". Националниот парк се простира на 67 км/2 и го сочинуваат повеќе од 3100 кемени столбови од кои некои се високи и повеќе стотини метри. Овие планини настанале од кварцни карпи пред 400 милиони години. 


Во текот на последните 2 милиони години подрачјето било изложено на тектонски поместувања неизменично кревање и спуштање на земјината кора. За тоа време водата со процесот на денудација го преобликувала релјефот. Оваа природна убавина била искористена во снимањето на многу документарни серии а во поново време тука режисерот Џејмс Камерун  за планетата Пандора и другите потреби на филмот Аватар режисерот ги искористил овие планини за снимање на овој филм .




Friday, March 18, 2016

На денешен ден 18 Март

На денешен ден 18 Март во 1944 година еруптираше Везув и имаше  26 жртви

Thursday, March 17, 2016

дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека

Џиновската секвоја е највисоката врста на дрво, кое може да достигне височина и до 90 м.Секвоја може да живее и до 2200 години и спаѓа во редот на највисоките врсти дрво во 

Обоениот кањон во Египет

Обоениот кањон во Египет.
 На Синајскиот полуостров во Египет во близина на градот Нувејба се наоѓа обоениот кањон . Обоениот кањон е тесен премин кој го добил името по величенствениот спектар на боите од самите карпи. Кањонот се формирал со ерозија пред повеќе милиони години, кога овој крај бил исполнет со површината на океанот. Должината е околу 800 метри, а нејзините зидови се високи и до 40 метри. Карпите кој го опкружуваат овој кањон се обоени во разни бои , од темна сина, па до црвено жолта боја


Thursday, March 10, 2016

Бледско езеро

Бледското езеро е едно од најзначајните постојани природни езера во Словенија. Езерото има ледничко потекло. Езерото се наоѓа во склоп на општината Блед. Оддалечено е на 55 км од Љубљана. Во средината на езерото се наоѓа Блед, кој е единствениот природен остров  во Словенија. На островот се наоѓаат неколку градби меѓутоа најзначајната е цркавата која потекнува од 15 век. Бледското еззеро има облик на на елипса. Сместено е на 475 м надморска височина, должината изнесува 2.130 м, а широчината изнесува 1.030 м. Маскималната длабочина изнесува 30.6 м.



На денешен ден (10 Март)


На денешен ден 10 Март во 1862 година Велика Британија и Франција ја признаваат независноста на Занзибар





Friday, March 4, 2016

Фрушка Гора

Фрушка Гора е долга 80 км и 15 км широка планина во северен Срем. Најголемиот врв е Црвениот Чот. Најубавиот дел од планината , околу 25000 хектари, во 1960 година е прогласен за национален парк. За староста на планината зборува геолошкиот состав . Некогаш оддамна Фрушка гора била остров во Панонското море. На оваа планина растат околу 1500 врсти растенија, а повеќе од 40 се природна реткост во Србија. Фрушка Гора е богата со животински свет. Од 24 врсти влекачи и водоземци најбислу до истребување се шарениот дождовник и змијата шарка, о од птиците орелот крстач. Оваа планина е позната по една печурка која расте на нејзините падини, Phallus impudicus Или страшак, Често во книгите Фрушка Гора се нарекува српска света Гора. Австрискиот патописец Феликс Каниц, запишал дека лесно можеш да ја замислиш Унгарија пуста без чардаш, отколку српска планина без манастир. На Фрушка гора има 16 манастири. Се претпоставува дека првиот манастире го основал Св Сава. Во 16 век според некои извори се наведува дека на Фрушка Гора имало 35 манастири.



Thursday, March 3, 2016

Најстариот национален парк во Македонија

Национален парк Пелистер преставува најстариот национален парк во Р Македонија. Тој се наоѓа помеќу Преспанската котлина и котлината Пелагонија.  Пелистер е прогласен за национален парк во  1948 година.
Тој зафаќа површина од 10400 ха со висинска разлика од 600 до 2600 м. Под шуми се наоѓаат 
5377 ха,. Шумата од Молика (вид на ендемичен и реликтен бор за првпат откриен од страна на Гризебах во 1829 година ), е посебна вредност на паркот. Се простира на површина од 1300 ха (чисти состојки) и претставува резерват. Во паркот се застапени повеќе видови на дрвја, така што во неговата дендофлора се јавуваат 29 % од вкупната македонска дендофлора. Паркот се карактеризира и со тоа што на релативно мало подрачје се сконцентрирани голем број специфични природни реткости. Пелистер како висока планина за време на плеистоценот била под лед и од тогаш се останати циркови, валови и морени како специфични глацијални форми во релјефот. Во два цирка се сочувани леднички езера - Големото езеро кое се наоѓа на 2218 м надморска височина и зафаќа површина од 4,2 ха и Малото езеро кое е на надморска височина од 2180 м. Потоа во паркот се сретнуваат камените реки како специфични морфолошки форми и редок природен феномен. Националниот парк Пелистер е поделен во три зони: строго заштитена зона со површина од 1600 ха, рекреативна зона со повеќе туристички и спортски објекти и стопанска зона.

Национален парк               Град                     Површина во Ха    Надморска височина      

Пелистер  (1948 г.)         Битола                              10400                  600 - 2600
Маврово  (1949 г.)          Гостивар                          73088                  400 - 2200
Галичица  (1958 г.)        Охрид - Ресен                   23000                  700 - 2255
Јасен (резерват)              Скопје - Кисела Вода      10000                  376 - 2180

Sunday, February 28, 2016

Алкобака

Манастирот Алкобака  со оргинално име Санта Марија Д'Алкобаса е еден од величенствените примери за готска архитектура во Португалија. Алкобаса се наоѓа во централните делови на северната страна од Лисабон.  Изграден е во 12 век, во 1153 -тата година од првиот португалски крал Алфонсо I, манастирот Алкобаса е навистина прекрасен , грандиозен овој културно историски споменик го одзема здивот на секој посетител, тој крие мноштво важни реликви, самиот тој е една од најголемите историски гордости на Португалците. Првото нешто кое остава впечаток, кога човек ќе го здогледа манастирот Алкобаса е неговата уникатната архитектура и фасада создадена во чист готски дизајн.




Saturday, February 27, 2016

Мазурски езера


Мазурски езера  Една од исклучително убавите природни атракции во Полска. Околу 2.000 езера во североисточна Полска на границата со Литванија и Белорусија. Повеќе од езерата се поврзани меѓу себе преку канали и реки. Околу Мазурските езера има изградено многу добра инфраструктура, голем избор на куќи за гости, кампови и семејни хотели. Туристите можат да се прошетаат на брод или да Покар тркало, обиколуваше слободно оваа одлична месност.



Friday, February 26, 2016

Најниската точка во Јужна Америка


Лагуна дел Карбон (на шпански Laguna del Carbon) е солено езеро во Патагонија во провинцијата Санта Круз, Аргентина. Тоа е најниската точка се наоѓа на 105 метри под морското ниво. Таа е 7 најниска точка на Земјата . Се наоѓа  на 54 км од грдот Пуерто Сан Хулиан. Како и во другите делови на Патагонија, тука можат да се најдат фосили од диносауруси


Friday, February 19, 2016

Патагонија

Патагонија е област во Јужна Америка која се простира од Магелановиот проток на југ до реката Рио Негро на север, на исток е ограничена со Атланскиот океан а на запад со Андите. Патагонија се простира на површона околу 800.000км/2 и се одликува со бројни фјордови, планини огромни глечери висорамнини и тревна рамница  вегетација. На  Патогинија и припаѓа архипелагот Огнена земја на југот на јужна Америка. Патагонија се простира во две државиво Чиле и Аргентина. Патагонија со својата големина е како степа, кои постепено терасесто се издигнуваат во височина до 100 м скоро без вегетација.  Во подлабоките места на рамницата се наоѓаат езера и езерца со солена и свежа вода

Monday, February 15, 2016

Најголемото езеро во Финска

Езерото Сајма се наоѓа во југоисточниот дел на Финска. Ова езеро зафаќа површина од 4.400 км/2 и преставува најголемото езеро во Финска каде се регистрирани околу 60 000 езера.
Сајма е четврто природно езеро по големина во Европа. Настанало со топењето на ледник во леденото време. Поважни населени места на бреговите се Лаперанта, Иматра, Савонлина, Микели, Јоенсу. Од езерото истекува реката Вуокса и се влева во езерото Ладога. Покрај големиот број острови и тесни канали, езерото е расцепкано на многу делови секој со свое име. Сајма има најдолга брегова линија по единица површина во светот-цели 15.000 км, а подрачјето има околу 14.000 островчиња. Езерото е поврзано со Финскиот залив преку Сајменскиот канал, кој се протега од Лапенранта до Виборг. Има и канали до други помали езера во источна Финска, образувајќи мрежа од водни патишта. По нив сообраќаат претежно товарни пловила што носат дрво, минерална, метална руда, дрвна маса за хартија и други стоки, но ставени се и во туристички цели.  Во Сајма живее загрозената сајменска фока која е ендемски подвид на прстенестата фока. Друг загрозен вид што живее само во ова езеро е зајманскиот лосос



Friday, February 5, 2016

Апалачки планини

Апалачки планини се планински венец во источнио дел на северна Америка. Овие планини се едни од најстарите планини во целиот свет. Поголемиот дел од овие планини се наоѓа во САД, но има и дел во југоисточна Канада. Вака распространета формира ланец долг 2400 километри  од островот Њуфаундленд до централниот дел на Алабама.Планинскиот систем е поделен во серии со поединечни планини со просечна висина од 900 метри.Највисок врв во овие планини е Планината Мичел кој е висок 2037 метри. Апалачките планини се прилично ниски и неистакнати..Во 1528 година додека го испитувале северниот брег на Флорида членовите од  Narváez експедицијата нашле стар индијански град преведен како  Apalachen. Целиот систем е преставен со 3 гео-целини: Северен дел, Централен и Јужен дел.

Saturday, December 26, 2015

На денешен ден 26.Декември

На денешен ден на 26 декември во 2004 година Земјотрес со јачина од 9,3 степени предизвика цунами во Индија, Шри Ланка, Индонезија, Тајланд, Малезија, Малдиви и голем број острови во Тихиот Океан, убивајќи 230 000 луѓе

Sunday, December 13, 2015

На денешен ден 13.Декември

На денешен ден 13 Декември  1974 Малта станува република. 

Wednesday, December 9, 2015

Абразивен релјеф


Крај океаните, морските и езерските брегови постојат форми на релјеф формирани со ударната сила на брановите. Тие форми ги викаме абразивни форми, а самата работа на брановите абразија. Работата на брановите се состои во разорувањето на брегот, пренмесување на одронетиот матријал и негово таложење Абразијата и формирањето на абразивниот релјеф се најизразени крај стрмните брегови изложени на постојани и силни ветрови. Процесот на абразија зависи и од геолошкиот состав на карпите од кои е изграден морскиот брег, како и од правецот на  протегањето на слоевите. Во зависност од начинот на формирање нив ги делиме на крајбрежни ерозивни и крајбрежни акумулативни форми
Од ерозивните абразивни форми најважни бранов поткоп, клиф, крајбрежна тераса и континентален отсек
Крајбрежни акумулативни абразовани форми се формираат со таложување на ситниот матријал настанат со уривање и одронување на брегот. Со акумулација на ситниот песок се формира низок песочен брег(жало). 

Златните мостови

Геолошкиот феномен Златните мостови преставува камена река, златните мостиви е месност  на планината Витоша во Бугарија, таа преставува најголемата камена река во регионот. Ова место е едно од најпосетуваните места за прошетка и рекреација на илјадници жители и гости на главниот град на Бугарија.Ова место кое е дел од националниот парк Витоша е едно од најатрактивни катчиња на природниот парк.
Расположена е на надморска височина од 1350 до 1500 метри во поречијето на Владајска река. Името доаѓа од лишаите со златен цвет кој ги покрива големите камења. Според други извори името доаѓа од златен песок кој се наоѓал тука во минатото. Од златните мостови може да се стигне до Црн Врв.

Tuesday, December 8, 2015

На денешен ден во 883 година  Св Климент Охридски прв оригинален словенски и македонски говорник, преведувач и заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ од Балканот


Thursday, December 3, 2015

Езеро Комо

Комо е езеро од глецијално потекло во Ломбардија, Италија. Зафаќа 146 км/2 и со тоа е трето по големина езеро, по Гарда и Маџоре. Со своите 410 м ова езеро е едно од најдлабоките во Европа и самото дно е 200 м подморска височина. Езерото има многу интересен облик како превртена буква Y. Северниот ракавец почнува од градот Колико, додека градовите Комо и Леко се наоѓаат на краевите на југозападниот, односно југоисточниот ракавец. Малите градчиња Балаџо, Менаџо и Верена се наоѓаат кај крстопатот помеѓу три ракава  на езерото тие се поврзани, меѓу другото со тригојална бродска превозна служба. Во голем дел од езерото го полни реката Ада, која се влева близу градот Колико а истекува кај градот Леко. Убавината на езерото и околината привлекува многу богати луѓе и sвезда каде тие имаат вили