СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, May 20, 2020

Полска

ПОЛСКА
Површина: 312 685 км2
Население: 38 милиони жители
Главен град: Варшава
Официјален јазик: полски

Географска положба, граници и големина.Полска се наоѓа на североисточниот крај на Средна Европа. Се граничи со Германија на запад, со Чешка и Словачка на југ, со Украина, Белорусија и Литванија на исток и со Русија (Калинград) и Балтичкото Море на север. Зафаќа површина од 312 685 км2.

Релјеф. Во релјефен поглед, Полска на север е низинска, односно има брановиден релјеф до 30 м.н.в со многу езера и лагуни. Централниот дел на Полска го сочинуваат Среднополските Возвишенија (Шлеско-малополската висорамнина), тука се наоѓаат Шлеската Котлина која е значајна по богатите наоѓалишта на камен јаглен и Судетските Планини на границата со Чешка. Кон југ постепено се издигнува подножјето на Карпатите каде што се наоѓа највисоката точка во Полска, врвот Риси (2499 м).
Клима. Полска има умерено-континентална клима во најголем дел, а кон југоисточните делови и континентална клима.
Хидрографија.Поголеми реки сеВисла, Одра, Сан, Варта, Нотеќ, Буг и други.
Население и населби. Полска има 38милиони жители, просечната густина на населеност е 122 ж/км2. Најгусто населени се подрачјата на југгот, Варшава со околината и Лоѓ со околината, а ретко населени се областите во северниот и источниот дел на земјата. Најголем дел од населението се Полјаци околу 97%, има и Германци, Украинци, Белоруси, Литванци и др. Најголем дел од населението се католици околу 90%. Официјален јазик е полскиот.
Главен град е Варшава (1.7 милиони), други поголеми градови се: Краков, Лоѓ, Вроцлав, Познањ, Гдањск, Будгошч, Катовице и други.
Државно уредување. Полска е парламентарна република.
Стопанство:
Земјоделство. Најплодните површини се наоѓаат во Шлеската област, во централниот дел на земјата и на песокливите почви на север. Од житните култури најзначајни се пченицата, ржта и јачменот, а Полска е голем производител на компир (трето место во светот). Застапени се и индустриските растенија како шеќерната репа и маслодајната репа, тутунот и ленот. Производството на зеленчук е развиено во околината на градовите, а во Полска се одгледуваат и јаболка, круши и сливи. Сточарството е застапено преку говедарство, свињарство, овчарство и живинарство.
Рударство. Полска има големо рудно богатство, најважен е камениот јаглен (седмо место во светот и прво во Европа), производството на нафта и земјен гас се скромни. Од рудите посебно важни се бакарот (9 во светот), оловото, цинкот (3 во светот) и сребро (6 во светот).
Индустрија. Развиени се голем број на индустриски гранки како металургијата, металската, машинската, електротехничката, хемиската индустрија, исто важни се и текстилната и прехранбената, тутунската, стакларската индустрија и други.
Трговија. Најмногу тргува со машини и траспортна опрема, полупроизводи, хемикалии, минерали, горива, прехранбени прозводи и слично.
Туризам. Странските туристи најмногу ги посетуват Варшава и Краков, а центрите за зимски туризам се на југ, пред се Закопане и Високите Татри. Се попосетени се и летувалиштата на Балтичкото Море, но и езерата и околу 30 бањи. Полска во просек ја посетуваат 17 милиони странски туристи годишно, најмногу од Германија.
Сообраќај. Развиени се патниот, железничкиот, бродскиот и воздушниот сообраќај.

No comments:

Post a Comment