СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, May 15, 2020

Швајцарија

ШВАЈЦАРИЈА
Површина: 41 290 км2
Население: 8.6 милиони жители
Главен град: Берн
Официјален јазик: германски, француски, италијански и реторомански

Географска положба, граници и големина. Швајцарија се наоѓа во Средна Европа. Се граничи со Германија на север, со Австрија и Лихтенштајн на исток, со Италија на југ и југоисток и со Франција на запад. Зафаќа површина од 41 290 км2.

Релјеф. Во поглед на релјефот, најголем дел од државата - 60% им припаѓаат на Западните Алпи (Бернски Алпи, Пенински Алпи, Лепонтиски Алпи, Гларински Алпи, Ретиски Алпи). Меѓу Женевското и Боденското Езеро се наоѓа алпски претпланински простор со голем број на ниски ридови на височина од 300-700м наречен Митленд. На крајниот северозападен дел од Швајцарија се наоѓа висорамнината Јура. Највисока точка во државата е Дуфоршпиц (4634 м).Швајцарија има просечна надморска височина од 1370 м и е највисока држава во Европа.

Клима. Владее умерено-континентална клима во Митленд и висорамнината Јура и планинско-алпска клима на Алпите.

Хидрографија.Поголеми реки се: Рајна, Рона, Ара, Реус, Ин и други, а од езерата позначајни сеЖеневското, Боденското, Циришкото, Маџоре, Нешателското, Тунското Езеро и други.


Население и населби. Швајцарија има 8.6 милиони жители, просечната густина на населеност е 208 ж/км2.  Најгусто е населен просторот во Митленд, меѓу Јура, Женевското и Боденското Езеро. Автохтоното швајцарско население припаѓа на четири јазични подрачја. Најбројни се оние кои зборуваат германски јазик -65% и се застапени долж границата со Германија. Следува француското јазично подрачје – 18% и кое се применува во Јура, Западен Митленд, и по долината на реката Рона, додека италијанскиот јазик кој зафаќа 10% од населението се зборува во јужните делови на Алпите. Во горното течение на Ин живеат Ретороманите кои сочинуваат 1% од вкупното население и зборуваат реторомански јазик (дијалект на романскиот). Во поглед на верата, 42% се католици, додека 35% се протестанти.
Главен град е Берн (120 000), но најголем град во државата е Цирих (340 000), потоа Женева, Базел, Лозана, Лугано, Луцерен и други.
Државно уредување. Швајцарија е парламентарна сојузна република (конфедерација).

Стопанство:
Земјоделство. И покрај релативно лошите услови за развој на земјоделство, Швајцарија, како резултат на употребата на најсовремени методи во производството, речиси во целост ги задоволува потребите на домашниот пазар. Најголемиот број полјоделски површини се во Митленд. Од житните култури се произведуваат пченица, силажна пченка, рж и јачмен. А од другите култури компир, шеќерна репа, тутун и различни видови на зеленчук. Сепак најважна земјоделска гранка е сточарството, а пред се говедарството и свињарството. Секако дека е развиено и овоштарството и лозарството.
Рударство. Швајцарија не располага руди и фосилни горива.
Индустрија. Швајцарија е високоразвиена индустриска земја која е определена за производство само на висококвалитетни и врвни производи. Најважни индустриски гранки се бродоградбата, металната и електротехничката индустрија.  
Трговија. Најмногу извезува часовници, најразлични видови машини, фармацевски производи, прехранбени производи (чоколади) и сл., а увезува суровини за металната и хемиската индустрија, автомобили и прехранбени производи.
Туризам. Швајцарија е вистинска туристичка земја каде што најмногу е развиен зимско-спортскиот туризам, а потоа и летниот, бањскиот, планинскиот туризам, алпинизмот, езерскиот, здравствениот туризам и др. Ја посетуваат околу 14 милиони странски туристи годишно. Најпосетени зимско-спортски центри се:Давос, Сент Мориц, Гринделвалд, Силс, Венген, Цермат и други. Во летниот период најпосетени се одмаралиштата околу езерата Лугано, Аскона и други.  
Сообраќај. Развиени се патниот, железничкиот, бродскиот и воздушниот сообраќај.

No comments:

Post a Comment